15.01.2013, 19:32 Санино разговараше со Ахмети и Тачи
Тетово - Стефано Санино, генерален директор на Директоратот за проширување на Европската унија, попладнево имаше одделни средби со лидерите на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи. Санино не се одзва на новинарите за изјава, а единствено Мендух Тачи одговори на прашања на новинарите.
"Разговаравме за сегашната ситуација во земјата и како ние ги гледаме работите. Моето мислење е дека Владата нема доволно политичка волја за култивирање на демократијата. Ние нема да бидеме дел од ваквата игра. Ќе продолжиме конструктивно да се однесуваме. Ќе соработуваме со меѓународниот фактор за локалните избори да бидат што покоректни и подемократски", рече Мендух Тачи. Лидерот на ДПА смета дека локалните избори се тотално несериозна работа во држава во која не се одржа попис и сега треба да се нагодуваат точните избирачки списоци.
"Санино ја прифати мојата идеја писмено да ја информираме ЕУ за проблемите и за нашите идеи што би можело да се промени и зајакне довербата до денот на изборите", рече Мендух Тачи по средбата со Стефано Санино. (Г.Е.)
|