18.01.2013, 13:31 Пронајден човечки труп во распаѓање
Труп во распаѓање е пронајден во близина на демиркапиското село Барово. МВР соопшти дека граѓанин вчера го забележал човечкиот труп и пријавил во полиција.
Телото е предадено за обдукција, по што би требало да се утврди кога настапила смртта и од кои причини. Во меѓувреме, се работи и на утврдување на идентитетот на починатото лице. (Г.А.)
|