22 Турска фирма сака да гради ветерници во Богданци
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.01.2013, 18:00

Турска фирма сака да гради ветерници во Богданци

Гевгелиjа - Писмо за намери што ќе ја конкретизира соработката за градење ветерни турбини во општина Богданци вчера потпишаа заинтересираните турски инвеститори од компанијата „НеСа енерџи“ и градоначалникот Ристо Ичков.

„НеСа енерџи“ се грижи за развој, финансирање, реализација и менаџирање проекти од областа на обновливите извори енергија во Турција, а има претставништво во Скопје.

Доколку се исполнат сите услови за потпишување конечен договор со прифатлива локација и квалитет на ветерот, компанијата е подготвена да изгради 44 ветерни турбини вредни вкупно 130 милиони евра.

Потребните анализи на терен ќе се направат веднаш, а Општина Богданци ќе ја почне процедурата за донесување на урбанистичко-планската документација. (МИА)


Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Делумно облачно

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 12°C, Мин: 0°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 10°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Технолошки новини што доаѓаат во 2013 година
Старата измината 2012 година беше преполна со нови производи и со некое изненадување, а оваа 2013 година......
Прошетка низ историските пабови на Лондон
Не е сигурно дали прецизните Англичани успеале да ги пребројат лондонските пабови, но бројката се врти околу 3.000...
Дарувањето и искреноста како амајлии
Колкупати и да раскажува за своите лични и (не)обични нешта во животот, Есма Реџепова-Теодосиевска секогаш има нова прик...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |