Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
18.01.2013, 22:19

(ФОТО) Ракометарите ја „избраа" Германија



Пораз од Данска со 33:30, кој во осминафиналето носи дуел со „панцерите" в недела од 15,45 часот

ФОТО (Специјално од Севилја): Петр Стојановски

На македонските ракометари им се исполни желбата и во осминафиналето на Светското првенство во Шпанија нема да играат со бранителот на титулата Франција, откако во последното коло од групата Б загубија со 33:30 од Данска и завршија на четвртото место. Тоа носи дуел со Германија в недела од 15,45 часот во Барселона за место меѓу најдобрите осум селекции на мундијалот.

Последниот натпревар во салата „Сан Пабло" помина во обострано тактизирање, имајќи предвид дека Данците секако ќе беа први, а Македонците со победа трети, па во осминафинал��то ќе играа со непосакуваните „триколори". Тие денеска загубија од Германците со 32:30 и паднаа на второто место во групата А, па во осминафиналето ќе играат со Исланд.



Во ситуација кога победата, очигледно, не беше императив, не се претргнаа ни избраниците на селекторот Звонко Шундовски ни тие на неговиот колега Улрик Вилбек, па мечот повеќе личеше на тренинг во кој резултатот е најмалку важен. Речиси пријателскиот карактер на средбата се гледа и од фактот дека првото исклучување на две минути се случи дури во 36. минута, кога на „ладење" на клупата замина дански ракометар.

Македонија во два наврата имаше предност од по три гола (7:4 во првото полувреме, 20:17 и 22:19 во второто), но по 25:25 во 48. минута Данците направија серија од пет гола без одговор, која се покажа решавачка за победникот. По 13 играчи од двата тима се запишаа во листата на стрелците, при што најефикасни беа браќата Кирил и Филип Лазарови во македонскиот и Микел Хансен во данскиот, сите со по пет гола.

Необиечен натпревар - необична и одлука за МВП: организаторот наградата му ја додели на данскиот селектор Вилбек! (Р.Д.)




Данска - Македонија 33:30

Полувреме: 13:14. Сала: "Сан Пабло" во Севилја. Гледачи: 3.600. Судии: Кулибали и Дијабате од Брегот на слоновата коска. Седмерци: Данска 2/2, Македонија 1/3. Исклучувања: Данска 4 мин., Македонија 8 мин. Загубени топки: Данска 7, Македонија 15.

Данска: Ландин (4 одбрани), Грин (6+2 одбрани), Ларсен 1/2, Мортенсен 2/4, Егерт 4/4 (2/2), Маркусен 1/3, Лауге 3/4, Спелерберг 2/3, Недезбо 0/1, Сван 3/5, Линдберг 2/3, Р. Тофт 2/3, Мелгорд 3/6, Сендергорд 4/6, Х. Тофт 2/3, Хансен 5/8. Селектор: Улрик Вилбек.

Македонија: Митревски (5 одбрани), Ристовски (9 одбрани), Манасков 2/4, С. Стоилов 1/1, К. Лазаров 5/9 (1/3), Јоновски 1/1, Ангеловски 1/4, Темелков 1/2, Миркуловски 2/4, В. Маркоски 1/1, Н. Маркоски 3/3, Н. Мојсоски 3/5, Димовски 2/2, Георгиевски 3/6, Ф. Лазаров 5/6, Левов 0/1. Селектор: Звонко Шундовски.










Статијата е прочитана 3727 пати.


Испрати коментар



(ФОТО) Лесен плен на Германците
Продолжува победничката низа на Клиперси
Доминација на Шарапова, Ивановиќ елиминирана
Ферхан Хасани пет години на Максимир
Водечкото трио во Бундес лигата не дозволи изненадување
Тешко до реприза од Литванија
ИХФ не дозволи одложување, Македонија денеска против Германија
Сплит не издржа, падна во „Борис Трајковски“
Дурент со рекордни 52 коша го збриша Далас!
Армстронг призна за допингот
Ѓоковиќ без проблем, Вердаско ги спакува коферите
Познати се првите петорки за Олстарот
Леброн ги почести Лејкерси со 39 поени
Шпанија ја „нанижа“ и Унгарија
Данска јаготка на шлагот
Македонија ја почнува 2013 година од 80. место
Пипан е новиот селектор на Македонија
Меси ги претстави „Златните топки“, Малага ја изненади Барса
Рома последен полуфиналист во Копа Италија
Леброн во историјата - Најмлад играч со 20.000 поени
Данците без милост за Исланд
Кавчич колабираше на Австралија Опен
Гвардиола се реши за Баерн Минхен
Одземени три бода на Шкендија
ФИФА - Борбата против фудбалската мафија ќе трае уште долго
УЕФА го објави најдобриот тим за 2012 година
Ѓоковиќ како брз воз во Мелбурн
Интер после драма и продолженија во полуфиналето
Бекам се враќа во Милан?
Хрватска ја декласира Унгарија
Виланова го „чепна“ Мурињо
Гвардиола најави доаѓање во Англија
Македонија против една нова Русија
(ФОТО) Исланд и го нанесе првиот пораз на Македонија на СП
Федерер и Мари само се загреваа
Бабунски останува селекторот на младите
Армстронг го признал допингот кај Опра
Фаворитите сигурни во второто коло
МЗТ Скопје поразен од Раднички
Со Исланд почнува вистинското
Фаворитите без проблем на стартот во Мелбурн
Пандев и Наполи се поблизу до Јувентус
(ФОТО) СП ВЕСТИ - Жолт картон за РФМ од ИХФ
Барса соборува рекорди
Тунис ја шокира Германија
Фалкао најави заминување во ПСЖ
Ван Перси и Видиќ му пресудија на Ливерпул
И тоа се случи - Лејкерси победија
(ФОТО) Преку Катар до осминафиналето
Докузовски и Лукоил пријателски се разделија



Denker, 18.01.2013 22:46:56
Ma i da sakaa tesko ke bese da se pobedi Danska. Ama so ovoj nameren poraz t.e. neangaziranost ne si pravat bas prijateli pomegju sportskiot svet. Toa go vidoa i Germancite vo direkten prenos na DSF. Dosega rakometnitnite ljubiteli vo Germanija imaa golema simpatija za MKD. So ovaa utka, veke ne. Isto ke bidat premotivirani protiv MKD. LOSA KALKULACIJA!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Претежно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 11°C, Мин: 3°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 12°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Технолошки новини што доаѓаат во 2013 година
Старата измината 2012 година беше преполна со нови производи и со некое изненадување, а оваа 2013 година......
Прошетка низ историските пабови на Лондон
Не е сигурно дали прецизните Англичани успеале да ги пребројат лондонските пабови, но бројката се врти околу 3.000...
Дарувањето и искреноста како амајлии
Колкупати и да раскажува за своите лични и (не)обични нешта во животот, Есма Реџепова-Теодосиевска секогаш има нова прик...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |