17.01.2013, 15:28 Пипан е новиот селектор на Македонија
Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и официјално потврди дека е постигнат договор со искусниот словенечки стратег
Македонската кошаркарска федерација (МКФ) потврди дека актуелниот тренер на МЗТ Скопје, Алеш Пипан, е новиот селектор на нашата најдобра кошаркарска репрезентација, која во септември ќе биде дел од Европското првенство во Словенија.
Искусниот словенечки стратег на селекторската позиција го наследува Марјан Лазовски, кој го водеше македонскиот состав на Олимписките квалификации во Венецуела.
Веста дека Пипан е новиот кормилар на „црвено-жолтите“ доаѓа веднаш по информацијата дека германскиот стручњак Дирк Бауерман е новиот селектор ��а репрезентацијата на Полска, која на евробаскетот обезбеди место под водство на Словенецот.
Покрај клупските ангажмани, Пипан работеше и како селектор на Словенија, настапувајќи на Европските првенства во 2005 и 2007 година, како и на Светското првенство во 2006 година.
Доаѓањето на искусниот стратег во нашиот национален тим значи и зголемување на дисциплината, како и надеж за нови кошаркарски успеси на европски план особено ако се земе предвид дека токму поради неговото доаѓање МЗТ Скопје забележа одлични резултати во АБА-лигата.
Од МКФ најавија дека во текот на следната недела ќе биде закажана и прес-конференција на која Алеш Пипан официјално ќе биде презентиран како нов селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, а воедно ќе биде позната и деталната програма за подготовките и настапот на евробаскетот 2013 година каде што „црвено-жолтите“ се најдоа во групата Б и за противници ги добија селекциите на Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Литванија и Летонија.
Претходно на листата за кандидати за селектор се најдоа италијанскиот стратег на Монтепаски Сиена, Лука Банки, како и најголемата желба на јавноста, Марин Докузовски, за чие враќање постои петиција. (М.К.)
|
Статијата е прочитана 1314 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Марко брат на Дарко и стопан на Шарко, 17.01.2013 17:07:24 | Браво браво браво!!! Супер потег на КФМ. Го следам МЗТ на сите мечеви во АБА лигата и можам да кажам дека откако Пипан стана тренер екипата се препороди. Како нов тим да игра. Со сите беа рамноправни, освен со Игокеа. Можеа да добијат уште некоја утакмица да имаа повеќе среќа, особено во Крагуевац. МЗТ има неколку репрезентативци, така што Пипан ќе работи со свои играчи плус Антиќ, Мекејлеб и компанија. Типувам на висок пласман на Македонија на наредното европско првенство во Словенија, поготово што таму ќе играме како дома. Едно не е далеку ниту скапо да отидат наши таму, а башка во Словенија, Хрватска и Австрија има едно чудо Македонци, па очекувам на секој натпревар да биде како во „Борис Трајковски“. Напред Пипан, ја имаш целата наша поддршка!!! ПС: Молба до Пипан ако може да влијае на легендата Тоше Гечевски сепак да игра во Словенија и да ја заврши блескавата кариера на најдобар можен начин! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 0°C
Делумно облачно
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -1°C
|
Недела
Делумно облачно
Макс: 11°C, Мин: 3°C
|
|
|
|
|
|