14.01.2013, 15:04 Фаворитите без проблем на стартот во Мелбурн
Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ со победа стартуваше на Австралија опен. Во првото коло бранителот на титулата со убедливи 3:0 (6-2, 6-4, 7-5) го совлада Французинот Пол Анри Матје.
„Задоволен сум од првото коло. Треба да поправам уште некои работи за да бидам уште поостар на теренот, но од друга страна сосема нормално е во првото коло да одиграте максимално. Се надевам дека ќе продолжам во ваков ритам“, рече Новак Ѓоковиќ, кој во следното коло ќе се сретне со Рајан Нарисон.
Во останатите средби во машка конкуренција во три сета пласман во следната рудна обезбедија Томаш Бердих совладувајќи го Расел. Давид Ферер со максимални 3:0 го совлада Белгиецот Рочус (6-3, 6-4, 6-2)
Десеттиот носител Николас Алмагро по пет одиграни сета успеа да го добие Американецот Стив Џонсон (7-5, 6-7, 6-2, 6-7, 6-2). Лесно не мина ниту сонародникот на Алмагро Фернандо Вердаско, кој на крајот буквално се спасуваше да не загуби од Давид Гофин од Белгија. Шпанецот на крајот дојде до триумф од 3:2 благодарение на победата во последните два сета (6-3, 3-6, 4-6, 6-3, 6-4).
Кај дамите Серена Вилијамс и На Ли брзо се најдоа во второто коло, откако во два сета ги добија Гаилна Воскобоева, односно Сесил Каратанчева.
Шампионката од 2008 година Марија Шарапова беше подобра од Олга Пучкова не дозволувајќи да и' земе ниту еден поен (6-0, 6-0).
|