14.01.2013, 12:07 Притисок и закани за активистка за правата на Македонците во Грција
Евгенија Нацилиду, активистка за правата на Македонците и претставник на Обединетата македонска дијаспора за Грција се соочува со медиумски притисок и закани по нејзината посета на САД и на Канада, каде зборуваше за дискриминацијата против Македонците во оваа земја.
Нацилиду деновиве поднесе тужба против грчкиот неделен таблоид Прото Тема поради текстот објавен во декември во кој таа е обвинета дека со валкани пари води иредентистичка пропаганда против Грција. Нацилиду, која е коосновач на македонскиот културен центар во Воден, во текстот се прозива поради нејзините изјави и коментари во САД и во Канада, каде со повеќе други учесници таа зборуваше за постоењето на македонска, албанска и турска заедница во Грција. Прото Тема г�� повикува грчките служби за истражување на финансиски криминал да го испитаат работењето на Нацилиду.
Нацилиду добила и смртни закани преку социјалните мрежи поради нејзината активност за правата на Македонците. Таа вели дека и културните активности во центарот во Воден се под притисок, откако при крајот на ноември грчки новинар влегол за време на час по танцување и почнал да ги фотографира сите присутни. |