Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
14.01.2013, 15:04

„Мисија“ на Миле Костов, најдобар роман на конкурсот на „Ѓурѓа“

На конкурсот пристигнале 21 роман во ракопис, од кои наградениот го избрала академик Катица Ќулавкова

„Мисија“ на авторот Миле Костов ја доби наградата за најдобар роман на конкурсот, кој издавачката куќа „Ѓурѓа“ го распиша минатата година по повод 25 години од своето постоење. Како што соопшти издавачот на вчерашната прес-конференција, на конкурсот пристигнале 21 роман во ракопис, од кои наградениот го избрала академик Катица Ќулавкова.

„Романот на Костов беше наратолошки најдооформен, стилски прецизен, економичен во исказот и доволно алузивен за да го задржи вниманието на читателот од почетокот до крајот“, рече академик Ќулафкова, која додаде дека романот е и кинематографски структуриран, со елементи на сценарио. „Тој отвора нова страница во македонската книжевност од жанрот на научната фантастика и негативната утопија. Го препорачувам овој роман и поради фактот што на еден модерен, интермедијално интониран начин е испреплетена судбината на Македонија, визијата за Македонија како ’папокот на светот‘, од една страна, и судбината на светот, во голема мера предодредена од историјата, но и од влијателните центри на моќ“, истакна Ќулавкова.

Во потесниот избор за наградата биле и ракописите на Данаил Данаиловски, Маја Гоческа, Саше Паневски и Владимир Попов. Ќулафкова рече дека сите пристигнати ракописи биле впечатливи, заклучувајќи дека романот е во подем.

Инаку, „Мисија“ е прв роман на Миле Костов, кој работи како вински брокер. Тој изјави дека литературата отсекогаш го интересирала и оти наградата многу му значи.

„Запознав многу луѓе, припадници на тајни организации, и сето тоа го преточив во роман кој е актуелен, зашто дејството се случува во денешно време и најголем дел во Македонија. Станува збор за Македонци кои работат во интернационални услови и немаат никаков комплекс на инфериорност. Има интересни ликови - двајца писатели и главна женска улога“, рече Костов.

Наградата се состои од златен медал и 100.000 денари авторски хонорар, а печатеното издание ќе биде промовирано на годинашниот Саем на книгата.


Статијата е прочитана 423 пати.


Испрати коментар



Британското кралско семејство летово со нов член
Откриена скулптура од 2 век во атарот на Тополчани
Јован Балов изложува во Берлин
(ФОТО) „Арго“ го победи „Линколн“ на „златните глобуси“
Македонската филхармонија претставена на ИСПА во Њујорк
Настасја Кински - Не ми беше жал кога умре татко ми
(ВИДЕО) Џоди Фостер призна дека е лезбејка
Кореографката Шукарова на платформа за современ танц во Њујорк
(ФОТО) Се одржа 17. „Мичуринска средба“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Магла

Вторник
Облачно
Макс: 9°C, Мин: 3°C

Среда
Локални грмотевици
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка
Звукот треба да го инспирира слушателот
„Самата наративност на музиката дозволува апсолутно индивидуално доживување“, вели перкусионистот Гоце Наумов, член на г...
Непростливи неправди на „Оскарот“
Американската академија на филмски уметности никогаш им го нема доделено „Оскарот“ на легендите на филмот, како Алфред Х...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |