14.01.2013, 14:29 Дете нападнато во напуштен вагон
Деветгодишно дете било нападнато во напуштен вагон од страна на 22 скопјанец, кој се обидел да го силува. Скопската полиција поднесе кривична пријава против 22-годишниот С.Ј. (22), кој е осомничен за полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.
Насилникот вчера околу 15 часот, во напуштен железнички вагон на железничка станица Скопје - Товарна Ражина, се обидел со употреба на сила да извршил полови дејства врз деветгодишно дете. МВР соопшти дека скопјанецот и порано е кривично пријавуван за тешки кражби и други кривични дела.
|