Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
13.01.2013, 16:29

Груевски: Ајде на локални избори со најзасилен мониторинг

Премиерот смета дека лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски се плаши од немањето поддршка од народот и ја повика опозицијата да се врати во парламентот и да разговара низ дијалог, а не со тепачки

ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на локални избори, оти тоа е и законска обврска. Премиерот Никола Груевски денеска се обиде да пресече откако најпрвин ВМРО-ДПМНЕ го одби барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори заедно со локалните во март, притоа повикувајќи ги опозициските пратеници да се вратат во Собранието, а п��тоа СДСМ категорично остана на ставот дека нема да оди само на локални избори и дека нема да се врати во Собранието.

Груевски тврди дека локалните избори ќе бидат слободни, фер и демократски, а, како што додаде, подготвен е и на засилен мониторинг.

„ВМРО-ДПМНЕ се залага за одржување на редовните локални избори. Тие се наша законска обврска нешто што граѓаните го очекуваат и ние ќе бидеме целосно посветени, како и во минатото, да имаме фер, демократски и слободни локални избори на кои граѓаните ќе ја изразат својата слободна волја и ќе се определат за градоначалници во кои најмногу веруваат дека ќе придонесат за нивната општина“, рече Груевски по пуштањето во употреба на спортска сала во Средното училиште „Зеф Љуш Марку“ во општина Бутел.

Премиерот потсети дека уште на минатите избори пред година и пол рекол дека е подготвен за засилен мониторинг.

„Не само засилен, туку цел ОБСЕ нека дојде во Македонија и нека ги следи сите избирачки места и сите избирачки кутии постојано, плус уште колку сакаат време по завршувањето на гласањето. Ние сме подготвени да ги пречекаме, да им го овозможиме тоа, да ги поканиме, пред се', како држава. Така што од тој аспект немаме никакви дилеми дека незасилен, презасилен, туку најзасилен или не знам каков мониторинг нека дојде во Македонија ние имаме чиста намера, чиста идеја. Ние не сакаме да добиеме нешто што не заслужуваме, ние сакаме да овозможиме најдобрите според граѓаните да победат и да ги водат општините во Македонија“, вели Груевски.

Тој посочи оти власта е отворена за секакви нови идеи и барања од опозицијата во однос на избирачкиот список со цел да не им се даде повод на политичките противници дека нешто се прави нелегално.

„Иако веќе и претставниците на опозицијата пред камери објавија дека избирачките списоци се веќе прочистени, ние сме подготвени доколку дојде нова идеја во врска со нив целосно им стоиме на располагање. До сега ги прифативме сите нивни идеи вклучително и онаа неколку дена пред гласањето да не се дополнува Избирачкиот список со луѓе кои во тој период ќе извадат биометриски лични документи, иако тоа според мое длабоко убедување се коси со човековото право да гласа и да биде вклучен во Избирачкиот список. Сепак, за мир во куќа, што се вели, да не им даваме алиби на политичките противници дека нешто сакаме во последен момент да направиме нелегално и неетички така што и тоа барање го прифативме“, рече Груевски.

Во врска со нападите на опозицијата дека оваа власт по настаните во Собранието на 24 декември нема легитимитет да спроведе фер и демократски избори премиерот вели: „Легитимитет дава народот на избори. ВМРО-ДПМНЕ победи три пати на парламентарните избори организирани во изминатите шест години, а секој обид од СДСМ да се покаже нелегитимна оваа власт е само обид за манипулација со граѓаните, кој нема да им успее. Приказната дека 24 е некаков нов момент, во кој се губи легитимноста е само вадење на неуспешниот обид на Бранко Црвенковски и на неговите приврзаници да направат насилно узурпирање. Тие и сега се обидуваат низ хаос да ги изманипулираат граѓаните“, порача Груевски.

Според него, Црвенковски се плаши од немањето поддршка од народот и од крајот на неговата кариера.

„Посакуваме и повикуваме опозицијата да си се врати во парламентот, таму каде што и' е местото, таму каде што треба да има дијалог и треба да се решаваат проблемите. Да седнеме и да разговараме да најдеме решение за сите проблеми, но низ дијалог, а не со тепачки, боксови, кршење чаши и не со тегнење и кинење на миркофоните, со закани, навреди, клевети, како што доликува во секоја демократска земја. Да се врати во парламентот и секако да си излезат на локалните избори, да не бегаат од локални избори. Јас на почетокот кажав дека овој обид што го направи Бранко Црвенковски практично е обид за избегнување негово лично соочување со нов неуспех на локалните избори, со нов пораз на СДСМ, негов личен пораз со кој тој лично потоа нема да знае што да прави“, потенцира Груевски.


Статијата е прочитана 2698 пати.


Испрати коментар



Амбасадорот Стефков го топи мразот во Атина
Изненадување на изборите во Чешка
Отворен базенот во Карпош
„Аман“ собра над 10.000 потписи
(ФОТО) Донација на семејството Керим за „Аџибадем - Систина“
Опозицијата го сели „граѓанскиот парламент“ и во другите градови
Над 300 лица со симптоми на грип
Да зајакнат капацитетите на женското лидерство
Дете нападнато во напуштен вагон
(ФОТО) Бесими - Станавме земја која го „извезува мирот“
Препораката за преговори останува
Украден сеф со 115.000 евра
До 2020 треба да се отворат 600 милиони работни места
Горивата поскапуваат за еден до два денари
Депардје ја критикува руската опозиција
Даблин не се откажува од Ерван Фуере
Амбасадорот Стефков ќе се сретне со заменикот МНР на Грција Куркулас
Притисок и закани за активистка за правата на Македонците во Грција
(ФОТО) Француската авијација елиминира 60 џихадисти
Неонацистите се реална закана за Европарламентот
Лавров - Не е предвидено Асад да се повлече од власт
Чавез се бори за својот живот
Нов контингент на АРМ заминува во Авганистан
(ФОТО) Со „калашников“ нападната централата на Нова демократија
ДУИ - Владата има чист легитимитет од граѓаните
ДИК - Списокот е прочистен, може да се оди на избори
(ВИДЕО) „Монструм“ најгледано видео
Арифи и Бејта дел од кандидатите за градоначалници на ДУИ
Македонија во винска офанзива
СДСМ не отстапува од јавно прокламираните цели
Тројца повредени од експлозија на боца со пур пена
Нова група 10.000 пензионери на бесплатна бања
Српскиот парламент ja усвои Резолуцијата за Косово
Нов случај на силување патничка во автобус во Индија
(ФОТО) Повторно немирна ноќ во Белфаст
Француското воено воздухопловство спроведува акции во Мали
ВМРО - ДПМНЕ го повика СДСМ да се врати во Собранието
Македонците од Голо Брдо бараат изучување на македонскиот јазик
(ФОТО) СДСМ го одржа Маршот за вистината
Волерс - Опозицијата и власта да ги надминат несогласувањата
Српскиот Парламент ќе расправа за предлог-резолуцијата за Косово
Белата куќа го одби барањето да конструира „Ѕвезда на смртта“
Грчкиот Парламент одобри нови даночни измени
Македонија во ново руво на Виенскиот саем за туризам
Нови владини мерки за поддршка на земјоделското производство
Почнува Вевчанскиот карневал
Полицијата заплени трговска стока увезена без потребната документација
Грчките медиуми за посетата на Нимиц на Скопје
Пет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце
Лани на аеродромите поминале над 900.000 патници
Иванов ги поведе амбасадорите во Берово
Полицаец знаел кои се атентаторите на Марјан Тушевски
Плаќањето по успешност останува, повисоки плати за докторите специјалисти
Односите меѓу Македонија и Австралија во нагорна линија
Мијалков гo тужи Фокус за клевета
(ФОТО) Нимиц виде клима за компромис
Македонски државјанин фатен со тон марихуана
СДСМ - Има време до 24 март да се договориме
Нимиц ќе му рапортира на Василакис
Експлозијата во Загреб не е терористички напад
Избори ќе има - на 24 март
Џими Сaвил 60 години злоставувал деца
Цените на индустриските производи повисоки за 5,3 отсто
Наградна игра на ЕВН Македонија за редовните плаќачи
Петмина загинати во семејно насилство во Софија
Бесими-Гунагли - Интензивирање на македонско-кинеската соработка
Белгија не му дава пасош на францускиот милијардер Арно
„Евро“ на кирилица на банкнота од пет евра
(ФОТО) Нимиц се сретна со Иванов и Попоски, попладнево со Груевски
Нуланд - Му помагаме на Нимиц и се надеваме на заемно прифатливо решение
Постигнат договор меѓу Синдикатот за здравство и министерот Тодоров
Претседателот Иванов се сретна со кинескиот министер за одбрана
ЕУ и САД побараа дијалог меѓу власта и опозицијата
Вељаноски ќе ги распише локалните избори за 24 март
Од понеделник Кубанците ќе можат да патуваат во странство
Полицијата во Словенија штрајкува
Кинескиот министер за одбрана во посета на Македонија
Билетите за инаугурацијата на Обама достигнаа две илјади долари
Повеќе експлозии одекнаа во Загреб, едно лице повредено
Нимиц ќе разговара со македонскиот државен врв
Една плата за вработените во ОХИС
Хаки Азири - „Стравувам за сопствениот живот“
Условни затворски казни за обвинетите во случајот „Бришач“
Нимиц пристигна во Скопје
Вељаноски утре ќе ги закаже локалните избори
Лустрирани двајца нови кодоши
Сендвичи ќе се продаваат во стилски киосци
ССМ и работодавачите потпишаа колективен договор за хемиската индустрија
Турска компанија ќе произведува медицински помагала во Македонија
Годинава македонското место во ЕУ и НАТО ќе биде појасно
НБРМ доби нова локација за изградба на сопствен објект
Лустраторите Гешоски и Витановски доставија оставки до Собранието
СДСМ во сабота ќе организира Марш за вистината
Во Србија пронајдени тела на четири момчиња
Моторџиите за зелен картон ќе плаќаат 1.850 денари
Белград бара автономија на српските општини во Косово
Mалку детали за тројното убиство во Курдскиот институт во Париз
Македонија најдобра во регионот според индексот на економски слободи
Состанокот во Атина - корисен и конструктивен
(ФОТО) Ерусалим зафатен од снежна бура
Хонгконг по 19. пат прогласен за најслободна економија во светот
Брахими - Нема место за Асад во преодната влада во Сирија
(ФОТО) Шефот на „Гугл“ го повика Пјонгјанг да дозволи интернет во земјата
Нимиц утре на средби со македонскиот државен врв
(ФОТО) Во пожар во ГТЦ изгореа кафуле и дуќан



мики, 13.01.2013 17:03:32
А не со тепачки?????? Чекај бре Грујо кој кого тепаше????? Демек толку сме малоумни, опозицијата се тепачи, а вие ВМРО-вците Бечки ЏАЦИ ???? Тоа ли сакаш да ни го кажеш, тоа минува само кај простата маса.......Дури и Фелчо не ти верува во тоа...........
Трпе, 13.01.2013 17:04:30
Дека господинот Црвенковски нема подршка од народот,нашиот мистер мр Рејтинг ако нема очила да го позајми диоптерот на кумот Ставре.Како тоа смело и храбро повикува на избори,нормално бара да има по кого да мава.Кога нема противници кој ке ги тепа ке треба да бидат тепани неговите министри,пратеници и подржувачи.Да се надеваме дека и тие ке се дигнат свој ��ротив своите.Господ нека е напомош ма РМ.
grazerin, 13.01.2013 17:34:01
Со измама ниедна власт не може долго да живее -Pozdrav do utrinski i citatelite?
dimirar, 13.01.2013 18:24:21
Ajde vratate se vo Sibranieto! Zimi majka nema da ima povekje kjotek. A, i novinarite nema pred kjotekot da gi isfrlime od galerijata. (Za predhodnoto nivno isfrlanje jas vekje 4 pati rekov deka zalam! A, i neznam koj dal naredba za toa).
oceski, 13.01.2013 19:04:40
neznam zasto premierot tolku uporno povtoruva t.e ja povikuva opozicijata da se vrati na mestoto od kade so sila bese izbrkana. Ili nekoj mu sepnal deka napravil neoprostiv cekor, pa sega bara care za izlez od sostojbata, za koja toj snosi najgolema odgovornost oti toj ja menagira,kako premier. Eve moj predlog-ako opzicijata i posle ovie negovi #iskreni# povici za vracanje vo sobranieto, ne se vrati, da i naredi na jankulovski so sila da gi privede site pratenici od opozicijata i gi donese vo sobranie, a potoa da postavi 500 specijalci okolu sobranieto, za da nemozat opzicionite pratenici da izlezat nadvor. Mislam realno resenie neli.
pile, 13.01.2013 19:24:54
Najpatriotskiot Premier na DPMNE namesto da prodolzjuva so veke videnoto licemerie za navodana podrska na sportot so trosenje na narodnite pari na ekonomski neprofitabilni proekti so cel da go zadrzji koalicioniot partner vo vlasta,na Makedonskata javnost treba da objasni, sto e dogovoreno so Premierot na R.Albanija pred beganjeto za SAD (mozje i za obestetuvanjeto za gagjanjeto so jajca da kazje) kako i, koja geogravska odrednica e prifatena na sredbite so medijatorot G-din M.Nimic vo Skopje za nadminuvanje na razlikite za imeto,kako i koja e alternativata za zamena na EU integraciite na zemjata posle slucuvanjata vo Sobranieto od 24.12.12 godina, i nedobrososedskite odnosi so R.Bugarija.Isto taka da objasni na Makedonskata javnost cuvstvuva li odgovornost za narusenite pregovaracki pozicii na zemjata vo pregovorite za imeto so neprifakanje na bilateralni odnosi so R.Kipar ponuda dostavena vo juni 2012 godina, so pravo R.M.da go koristi Ustavnoto ime.Ostavi lokalni izbori prvoOSTAVKA
riki, 13.01.2013 20:02:21
ajde na lokalni ama i na parlamentarni izbori.preduslov,bez bezplatni banji za 10.000 penzioneri i bezplaten gradski prevoz,bez pokacuvana na penziite i drugite primanja na budgetarite,moze,ama posle izborite a ne neposredno pred izborite i nikakvi vrabotuvanja vo drzavnite instituicii.i provladinite mediumi da ne mu PERAT mozokot na graganite.togas ke ima nekoja slika deka makedonija e za nelegalni,neeticki a voedno i za fer izbori.dodeka vaka kako sto e,e poveke od ocigledno deka vlasta se sprema na naj valkan nacin da gi pridobie glasovite na i onaka siromasnite gragani koji golem del od niv glasovite gi prodavaat za edna vrejka brasno.takva e na zalost sostojbata kaj naj siromaskata zemja vo evropa.sprema megunarodnata statistika,ne sprema mene.
Podgor, 13.01.2013 20:10:58
Opozicijata treba da se vrati vo parlamentot ama samo ako glasa za vladinite predlozi ili eventualno ako za nekoj predlog ima golemi rezervi moze i da glasa vozdrzano no nikako protiv. samo taka nema da rizikuva da bide isfrlena od sobraniskata sala.Edno isfrlanje za eden mandat e dovolno.Pratenicite da gi stavat interesite na drzavata VMROV -ska pred svoeto dostoinstvo i ugled.
Mark, 13.01.2013 20:21:53
Ajde OBSE od cel svet doagjaj - Gruevski ne ti se plasi! Sega ocekuvam i na ambasadorot Volers da mu svika na ist nacin - a be monitoriraj kolku sakas, jas pobeduvam! Ili ne?! Da ne *vtoriot garantor* na menicata za vlast e bas...e toj de? Kako i da e veke nekakov jak nemir izbiva od premierot ni zasto znae - otkako Amerikancite gi vidoa vcera onie 20-tina iljadi mirni no odlucni, obicni gragjani koi go krenaa glasot protiv totalitarizmot i izmamata - rabotite nema da bidat bas isti. Nema da bide lesno, naprotiv, ama svetlinata na krajot na *familijarniot* tunel se gleda..
Caki, 13.01.2013 21:59:29
Kako shto trgnala rabotava , sdsm (chitaj BC)kje go blokira duri i reshavanjeto na problemot so imeto....bidejkji , shto ke ni e vlez vo EU i NATO a bez sloboda i demokratija!
Che gi Varam, 13.01.2013 23:46:58
Аууу, колку е опседнат со Бранко, чист клинички случај. Кршење на Уставот, абе тоа Бранко вика така! Медумски мрак, абе тоа Бранко си замислува! Прелевање на пари од бронзени статуи во приватни џебови, абе тоа Бранко си претпоставува! Абе Грујо, да те прашам, дали тебе ти е важно што мислам јас, што мислат луѓето што вчера протестираа, а не се партиски војници. Недовербата на СДСМ е оправдана, многу пати докажавте/покажавте дека сте спремни на разни мајмунлаци. Како ве вика Оливера, децата од преградието на Скопје, за вас важи само законот на улицита

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: 1°C

Вторник
Ветровито
Макс: 9°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка
Звукот треба да го инспирира слушателот
„Самата наративност на музиката дозволува апсолутно индивидуално доживување“, вели перкусионистот Гоце Наумов, член на г...
Интервју: Гудрун Штајнакер - ЕУ не затвора очи околу Македонија
Со оглед на контрадикторните информации за актуелниот спор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, тешко ми е да оценам дали една од две...
Непростливи неправди на „Оскарот“
Американската академија на филмски уметности никогаш им го нема доделено „Оскарот“ на легендите на филмот, како Алфред Х...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |