Во центарот на вниманието на 70. „Златен глобус“ беше славната актерка, која на сцената јавно „призна“ дека е геј и дека наскоро (можеби) заминува во пензија
50-годишната Оскаровка Џоди Фостер на церемонијата ја доби наградата за животно дело „Sesil B. Demil“ и одржа говор кој долго ќе се памети.
Беше тоа и делумно признание дека е геј, можеби и најава за скорешно заминување во пензија, признание дека сега е „сингл“, но и благодарност на нејзината долгогодишна (сега бивша) партнерка Сидни Бернард.
Џоди Фостер нагласи дека практично цел живот живеела „под лупа“ на јавноста и медиумите и дека цел живот сакала некои работи да останат само нејзини, приватни.
„Иако многу одамна им признав на своите пријатели, колеги и семејството дека сакам жени, сепак еве јавно и пред медиумите ќе ја споделам оваа интимна состојба“, рече актерката на крајот на својот говор и додаде дека е слободна.
„На сите им дадов се, и тоа кога имав само три години“. Дури и после говорот, во бекстејџот, таа објасни што точно рекла и што точно тоа значи.
Tessko nea da besse vo Makedonija. Kje ja natepaa i isplukaa. Takvi raboti ne se kazzuvaat javno nikade. Se krijat po doma. Sramotilaci. Pa ssto deka e svetski nenadminata akterka - taa ednostavno ne se vklopuva nitu vo kampanjata, a usste pomalku vo zakonite na nassata vlada. Pu jaz`k, cel svet zabegal, samo nie usste racionalno, prizemno i emotivno stabilno razmisluvame.A sega seriozno - ste mozzele pokreativen naslov od ovoj da smislite. Ssto PRIZNALA? Deka e ubiecot?Ete kako nevino i naivno , uz pat se kreira javno mislenje!