14.01.2013, 17:05 Јован Балов изложува во Берлин
Во галеријата„Видинг“ во Берлин на 18 јануари ќе биде отворена изложбата „Внатрешен круг“
Во галеријата„Видинг“ во Берлин на 18 јануари ќе биде отворена изложбата „Внатрешен круг“, во која покрај германската авторка Мариеле Бергман и кинеската вајарка Ванг Лан, со десет портрети учествува и македонскиот уметник Јован Балов, кој живее во Берлин, а портретите ги создавал од 2008 до 2012 година. Куратор на изложбата е д-р Катја Дејвид, која годинава со програма во серија од шест изложби ќе ги презентира најзначајните актуелни берлински ликовни уметници.
Во „Внатрешен круг“ Балов се претставува со циклусот „Мојот прв круг“, кој го чинат шест портрети од неговото семејството, серијата од три автопортрети „Ego sum, qui sum“ дополнети со портретот на „Кристијан Томас Јигел“.
„Видинг“ е градска комунална берлинска галерија, која ја презентира програмата на берлинскиот сенат за култура со посебна цел афирмација на берлинските уметници и берлинската ликовна сцена. „Балов се претставува со автопортретите и портрети на неговото блиско семејство. Големиот формат на овие врвни слики ги надминуваат содржините на секоја фотографијата наспроти хиперреалистичкото сликарство, тие слики истовремено ни откриваат парцијални делови од карактерот на личноста“, пишува Катја Дејвид во прес-материјалот за изложбата. (К.Б.) |