14.01.2013, 11:44 Кореографката Шукарова на платформа за современ танц во Њујорк
Секоја година на платформата учествуваат и познати американски кореографи кои ги презентираат своите дела
Кореографката Искра Шукарова учествува на Американската платформа за современ танц што се одржува во Њујорк, од 11 до 18 јануари. Секоја година на платформата учествуваат и познати американски кореографи кои ги презентираат своите дела.
Шукарова е поканета од театарот „Њујорк лајв артс“, со кој во 2007 година соработуваше со копродукцијата „Page out of Order“ на кореографката Јошико Чума од САД и „Локомотива“ од Македонија, и преку уметничката резиденција во текот на 2011 година.
Македонската ко��еографка денеска и утре ќе учествува на конференција на која ќе се дискутира за соработките реализирани со САД, преку фондацијата Сјут Кејс Фонд, која повеќепати досега ја има поддржано Шукарова. На конференцијата ќе учествуваат партнерите од Источна и Централна Европа, како и претставници од Африка и Блискиот Исток.
|