14.01.2013, 15:49 Отворен базенот во Карпош
Базенот во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“ од денеска повторен е отворен за посетители. Во изминатиов период тој не функционираше поради редовно годишно сервисирање.
Од спортскиот центар информираат дека е извршена генерална дезинфекција и дезинсекција во објектот, а променета е и водата во базенот.
Како и досега, така и од денеска базенот ќе работи од 8 часот наутро до полноќ. Во период од 17 до 21 часот тој е резервиран за користење на пливачките клубови и другите субјекти кои го резервираат базенот за свои потреби. Во сите останати периоди од денот тој е на услуга на рекреативците. Билет за користење на базенот чини 200 денари.
|