14.01.2013, 15:21 „Аман“ собра над 10.000 потписи
Граѓанската иницијатива „Аман“ ги собра од граѓаните потребните потписи за промена на Законот за енергетика. Поради тоа е побарано од Државната изборна комисија (ДИК) да ја прекине постапката за собирање потписи. Во рекорден рок се собрани над 11.000 потписи од граѓаните.
Државната изборна комисија сега треба да се произнесе за барањата на „Аман“, а потоа да се собере материјалот од подрачните единици на ДИК и во рок од три дена да се достави до Собранието.
Инаку, официјално, „Аман“ требаше процедурата за собирање потписи за промена на Законот за енергетика да ја заврши на 31 јануари, а потоа да го собере материјалот и да го достави до Собранието. Потоа, на пленарна седница треба да се утврди потребата од измените на Законот за енергетика и да почне редовната собраниска процедура за промени на законот.
„Аман“ предлага враќање на евтината дневна тарифа на струјата, како и поинакво плаќање на парното греење, односно граѓаните кои се откажале од парно да не плаќаат никаков надомест. (Ек.Р.)
|