12.01.2013, 12:32 Македонија во ново руво на Виенскиот саем за туризам
Македонија се претставува на Саемот за туризам во Виена со нови промотивни материјали, на голем штанд, со транспаренти, кои оддалеку го привлекуваат вниманието на посетителот.
Во организација на „Агенцијата за туризам“ и „Македонија - вечна“, во придружба на четири приватни компании, австриско-македонската „Мак Сан Травел“, австриските „Клуг туристик ГмбХ“ и „Интер Травел Рајзебиро ГмбХ“ и македонската „Визит Маседониа“, а со поддршка на Агенцијата за привлекување на странски директни инвестиции и Амбасадата на Република Македонија во Виена, Македонија го интензивира присуството и успеа да привлече туристи од Австрија, кадешто досега не постоел традиционален интерес за нашето културно наслеследство.
Македонскиот штанд го посети амбасадорот на РМ во Виена, Ѓорѓи Филипов. Во разговор со директорот на Агенцијата, Јордан Трајков, економскиот промотор Филип Нелковски и претставниците на сите четири компании, беше искажано задоволството од приемчивоста и интересот на Австријците за „новата туристичка дестинација“ и исцрпните материјали кои на германски јазик, го информираат посетителот за неоткриениот бисер на културата и природни реткости на Балканот.
|