11.01.2013, 13:47 Џими Сaвил 60 години злоставувал деца
Поранешнaта ѕвезда на Би-Би-Си извршил 126 напади, вклучувајќи 34 силувања, се наведува во денеска објавениот извештај на полицијата
Поранешниот британски водител Џими Сaвил злоставувал стотици деца во текот на шест децении, извршил 126 напади, вклучувајќи 34 силувања, а неговата најмлада жртва имала само осум години, се наведува во денеска објавениот извештај на полицијата.
Некогаш најголемата ѕвезда на Би-Би-Си злоставувал главно жени, кои во над 70 отсто од случаите биле малолетни, и тоа во просториите на британската медиумска куќа и во болниците во кои се занимавал со хуманитарна работа.
Сaвил првиот напад го извршил во 1955 година во северниот англиски град Манчестер, а последниот во 2009 година, се наведува во извештајот, што е резултат на тримесечната истрага на британската полиција.
- Сега е јасно дека Сaвил од сите се криел и го користел својот статус на славна личност и хуманитарна работа за да има неконтролиран пристап на загрозените лица во текот на шест децении, се наведува во извештајот.
Сaвил, кој почина во 2011 година, беше исклучително популарен во 70-те и 80-те години како водител на музичката емисија „Топ оф д попс“ и детската програма „Џими ќе го поправи тоа“, а поради хуманитарната работа кралицата Елизабета Втора го прогласи за витез.
Случајот на Џими Сaвил предизвика голема криза во угледната британска медиумска куќа и доведе до оставка на нејзиниот генерален директор. |