10.01.2013, 14:18 ССМ и работодавачите потпишаа колективен договор за хемиската индустрија
Синдикатот за хемија, неметали и метали при Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи потпишаа Колективен договор за хемиска индустрија. Договорот е усогласен со последните измени на Законот за работни односи особено во делот на дискриминацијата и подигнувањето и подобрувањето на позицијата на одредени категории како жените и младите.
„Го продолжуваме циклусот на потпишување на колективните договори со цел да ги доуредиме меѓусебните права и обврски меѓу работниците и работодавачите и на тој начин да ја пополниме празнината доколку не е опфатена со рамките на законодавно-правната регулатива“, истакна претседателот на ССМ, Живко Митревски.
Претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров изрази надеж дека со потпишувањето на договорот работниците ќе ги добијат правата кои ги очекувале. Вработените во хемиската индустрија најмногу се соочуваат со проблеми од заштитата при работа. Во моментот синдикатот за хемиска индустрија брои 2.500 членови. (Ек.Р.)
|