Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
13.01.2013, 14:18

СДСМ не отстапува од јавно прокламираните цели

По соопштението на владеачката ВМРО-ДПМНЕ од опозицијата наведуваат дека понудиле разумен и остварлив план, за чија реализација се подготвени да постигнат политички договор

Нема враќање во Собранието, кое по инцидентите на 24 декември не е место за нормален политички дијалог. Локалните избори во ваква ситуација немаат смисла и неопходно е тие да се одржат заедно со предвремените парламентарни избори.

На овој начин СДСМ експресно го отфрли повикот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ да се врати во институционалните рамки на дејствување и низ дијалог во Собранието заеднички да се бараат решени��а за сите предизвици на државата и политичкиот амбиент.

Опозицијата останува, како што вели, доследна на своите јавно прокламирани цели за враќање на демократијата во земјата, и од нив нема намера да отстапи. За остварување на тие цели, како што додава, понудила разумен и остварлив план, за чија реализација е подготвена да се постигне политички договор.

„Ниту едно соопштение не може да го избрише фактот дека ВМРО-ДПМНЕ, со настаните пред и на ’црниот понеделник’, свесно ја укина институционалната политичка дебата, го прекрши Уставот, законите, деловникот, процедурите и практично ја суспендираше парламентарната демократија. На ваков начин беше недвосмислено потврдено дека Собранието во овој состав не е повеќе место за нормален политички дијалог“, велат од СДСМ.

Според социјалдемократите, преседанот со насилното исфрлување на новинарите и опозициските пратеници од Собранието, неповратно и' го одзема легитимитетот на власта. Мандатот, според нив, добиен од граѓаните никому не дава право за политичко самоволие и диктат со злоупотреба на државните институции.

„Во ваква ситуација невозможно е да се очекува опозицијата, која беше брутално исфрлена, да се врати во Собранието кое во овој состав нема никаков легитимитет. Сметаме дека е штетно за државата оваа политичка криза создадена од власта да се игнорира“, потенцираат од СДСМ.

Социјалдемократите сметаат дека би било наивно да се преправаат дека власт која на ваков начин ги злоупотребува институциите може или сака да организира слободни, фер и демократски избори. Во вакви услови, според СДСМ, невозможно е да се одржат само локални избори, бидејќи тоа би значело легитимирање на однесувањето на власта, а сите оние кои би излегле на тие избори би станале соучесници во укинувањето на демократијата.

„Затоа, за да се избегне понатамошно продлабочување на политичката криза единствено решение е да се врати изгубениот легитимитет на институциите. Тоа не може да се случи само на локални, туку преку слободни и фер предвремени парламентарни избори. Уште еднаш сакаме да потенцираме, предвремените парламентарни избори не се само барање на опозицијата, туку неопходност наметната од политичката криза, како и единствено можно решение за истата“, велат од СДСМ.


Статијата е прочитана 1267 пати.


Испрати коментар



Амбасадорот Стефков го топи мразот во Атина
Изненадување на изборите во Чешка
Отворен базенот во Карпош
„Аман“ собра над 10.000 потписи
(ФОТО) Донација на семејството Керим за „Аџибадем - Систина“
Опозицијата го сели „граѓанскиот парламент“ и во другите градови
Над 300 лица со симптоми на грип
Да зајакнат капац��тетите на женското лидерство
Дете нападнато во напуштен вагон
(ФОТО) Бесими - Станавме земја која го „извезува мирот“
Препораката за преговори останува
Украден сеф со 115.000 евра
До 2020 треба да се отворат 600 милиони работни места
Горивата поскапуваат за еден до два денари
Депардје ја критикува руската опозиција
Даблин не се откажува од Ерван Фуере
Амбасадорот Стефков ќе се сретне со заменикот МНР на Грција Куркулас
Притисок и закани за активистка за правата на Македонците во Грција
(ФОТО) Француската авијација елиминира 60 џихадисти
Неонацистите се реална закана за Европарламентот
Лавров - Не е предвидено Асад да се повлече од власт
Чавез се бори за својот живот
Нов контингент на АРМ заминува во Авганистан
(ФОТО) Со „калашников“ нападната централата на Нова демократија
ДУИ - Владата има чист легитимитет од граѓаните
Груевски - Ајде на локални избори со најзасилен мониторинг
ДИК - Списокот е прочистен, може да се оди на избори
(ВИДЕО) „Монструм“ најгледано видео
Арифи и Бејта дел од кандидатите за градоначалници на ДУИ
Македонија во винска офанзива
Тројца повредени од експлозија на боца со пур пена
Нова група 10.000 пензионери на бесплатна бања
Српскиот парламент ja усвои Резолуцијата за Косово
Нов случај на силување патничка во автобус во Индија
(ФОТО) Повторно немирна ноќ во Белфаст
Француското воено воздухопловство спроведува акции во Мали
ВМРО - ДПМНЕ го повика СДСМ да се врати во Собранието
Македонците од Голо Брдо бараат изучување на македонскиот јазик
(ФОТО) СДСМ го одржа Маршот за вистината
Волерс - Опозицијата и власта да ги надминат несогласувањата
Српскиот Парламент ќе расправа за предлог-резолуцијата за Косово
Белата куќа го одби барањето да конструира „Ѕвезда на смртта“
Грчкиот Парламент одобри нови даночни измени
Македонија во ново руво на Виенскиот саем за туризам
Нови владини мерки за поддршка на земјоделското производство
Почнува Вевчанскиот карневал
Полицијата заплени трговска стока увезена без потребната документација
Грчките медиуми за посетата на Нимиц на Скопје
Пет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце
Лани на аеродромите ��оминале над 900.000 патници
Иванов ги поведе амбасадорите во Берово
Полицаец знаел кои се атентаторите на Марјан Тушевски
Плаќањето по успешност останува, повисоки плати за докторите специјалисти
Односите меѓу Македонија и Австралија во нагорна линија
Мијалков гo тужи Фокус за клевета
(ФОТО) Нимиц виде клима за компромис
Македонски државјанин фатен со тон марихуана
СДСМ - Има време до 24 март да се договориме
Нимиц ќе му рапортира на Василакис
Експлозијата во Загреб не е терористички напад
Избори ќе има - на 24 март
Џими Сaвил 60 години злоставувал деца
Цените на индустриските производи повисоки за 5,3 отсто
Наградна игра на ЕВН Македонија за редовните плаќачи
Петмина загинати во семејно насилство во Софија
Бесими-Гунагли - Интензивирање на македонско-кинеската соработка
Белгија не му дава пасош на францускиот милијардер Арно
„Евро“ на кирилица на банкнота од пет евра
(ФОТО) Нимиц се сретна со Иванов и Попоски, попладнево со Груевски
Нуланд - Му помагаме на Нимиц и се надеваме на заемно прифатливо решение
Постигнат договор меѓу Синдикатот за здравство и министерот Тодоров
Претседателот Иванов се сретна со кинескиот министер за одбрана
ЕУ и САД побараа дијалог меѓу власта и опозицијата
Вељаноски ќе ги распише локалните избори за 24 март
Од понеделник Кубанците ќе можат да патуваат во странство
Полицијата во Словенија штрајкува
Кинескиот министер за одбрана во посета на Македонија
Билетите за инаугурацијата на Обама достигнаа две илјади долари
Повеќе експлозии одекнаа во Загреб, едно лице повредено
Нимиц ќе разговара со македонскиот државен врв
Една плата за вработените во ОХИС
Хаки Азири - „Стравувам за сопствениот живот“
Условни затворски казни за обвинетите во случајот „Бришач“
Нимиц пристигна во Скопје
Вељаноски утре ќе ги закаже локалните избори
Лустрирани двајца нови кодоши
Сендвичи ќе се продаваат во стилски киосци
ССМ и работодавачите потпишаа колективен договор за хемиската индустрија
Турска компанија ќе произведува медицински помагала во Македонија
Годинава македонското место во ЕУ и НАТО ќе биде појасно
НБРМ доби нова локација за изградба на сопствен објект
Лустраторите Гешоски и Витановски доставија оставки до Собранието
СДСМ во сабота ќе организира Марш за вистината
Во Србија пронајдени тела на четири момчиња
Моторџиите за зелен картон ќе плаќаат 1.850 денари
Белград бара автономија на српските општини во Косово
Mалку детали за тројното убиство во Курдскиот институт во Париз
Македонија најдобра во регионот според индексот на економски слободи
Состанокот во Атина - корисен и конструктивен
(ФОТО) Ерусалим зафатен од снежна бура
Хонгконг по 19. пат прогласен за најслободна економија во светот
Брахими - Нема место за Асад во преодната влада во Сирија
(ФОТО) Шефот на „Гугл“ го повика Пјонгјанг да дозволи интернет во земјата
Нимиц утре на средби со македонскиот државен врв
(ФОТО) Во пожар во ГТЦ изгореа кафуле и дуќан



Dejan, 13.01.2013 15:18:04
Neli za minatite izbori Crvenkoski javno rece deka se legitimni i deka narodot taka odlucil iako zgresil. Zosto sega stanuvaat nelegitimni. Ako se napravi sega presedan so raspisuvanje na predvremeni parlamentarni izbori, togas sekoja naredna opozicija mozi slobodno da podnese 10000 amandmani, potoa da go napadne pretsedatelot na sobranieto i koga ce bide otstraneta od parlament ce reci deka e politicka kriza i deka bez predvremeni izbori nema demokratija. I taka ce si imame sekoja godina izbori.
Mirko, 13.01.2013 16:04:43
Sosema pravilno! Izbori i toa parlamentarni se sosema logicen poteg na opozicijata, posle onie slucuvanja vo parlamentot.
ФЕЛИКС, 13.01.2013 18:02:13
Значи НОБ од Шатевски карактер продолжува, иако сите разумни и од внатре и од надвор им велат ,,залудно вие,ем недемократски,ем непотребно се арчи и она малку што остана од партискиот имиџ,ем имате слаба мобилизација,, Повеќе пати вакви просветлени однесувања сум ги параболизирал со онаа лампа за уништување инсекти.Тие гледаат дека горат а упорно летаат кон истата.Како и да е треба да се поздрави потегот на власта за нераспишување парламентарни вонредни избори,оти тоа би било садизам на квадрат.Во овие прилики доволен е пораз на локалните избори на опозицијата излегла или неизлегла на изборен мегдан.
za DEJAN, 13.01.2013 18:10:21
Kade zivees Dejane ? Dali si od onie privilegiranite koi imaat dolznost da davaat vakvi zaklucoci za poslednite izbori kako Feliks, jovan@vlada i nim slicni ili vistina *nisi odavde* ? Site znaeme kolku bea legalni i demokratski izborite, a sto Crvenkovski gi prizna, prizna kdeka e *pobeden*, no ne drugo.Imashe klasa da ne i pravi problemi na zemjata,sekako mislejki deka *izbranite* ke rabota so um i nesto pozitivn, ne samo falbi i ershum so Skopje 2014 sto ni se slucuva. Ako tebe ti e dobro, neka ti e so srekja, no ti si sigurno eden od retkite. Izlezi malku od tvojot svet i raspreashaj se, vidi sto se slucuva okulu tebe,vo zemjava Makedonija, nema da bide losho. Razmisli malku za onoa sto se sluci na 24 Dekemvri i bidi zagajlen, zosto nadvoresnite *prijateli*tolku drzat da ni odi drzavata jabana? Ne gledas li kade stigna nasata *demokratija*?
jas, 13.01.2013 23:42:11
Dejan a sto ke kazes za 15 000 podneseni amandmani od Dui za zakonot za braniteli, dali ocekuvas na istiot nacin kako budzetot da se donese i ovoj zakon. Ajde da slusneme tvoj stav za ova. I da te podsetam deka za SDDM ovaa vlada legitimetot go zagubi na toj crn ponedelnik na 24-12 2012, pa ako taka se odnesuvaa so pratenicite i so novinarite pa zamisli kako ke se odnesuvaat so kandidatite za gradonacalnici sovetnici i pratenici, a da ne zboruvam so obicniot narod koj ne e nivni podrzuvac
.zoki., 13.01.2013 23:42:48
Што ке се случи доколку сите пратеници од опозицијата поднесат оставка односно се отказат од пратеничкиот мандат
Siljan, 14.01.2013 00:48:39
Uste kolku toni sol ce izedat ovie trendafili,samo da si go spasat firerot od politichkokrsenje i dokazuvanje deka SEPAK narodot Makedonski NE GI SAKA???

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: 1°C

Вторник
Ветровито
Макс: 9°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка
Звукот треба да го инспирира слушателот
„Самата наративност на музиката дозволува апсолутно индивидуално доживување“, вели перкусионистот Гоце Наумов, член на г...
Интервју: Гудрун Штајнакер - ЕУ не затвора очи околу Македонија
Со оглед на контрадикторните информации за актуелниот спор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, тешко ми е да оценам дали една од две...
Непростливи неправди на „Оскарот“
Американската академија на филмски уметности никогаш им го нема доделено „Оскарот“ на легендите на филмот, како Алфред Х...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |