11.01.2013, 11:53 Вељаноски ќе ги распише локалните избори за 24 март
Решението за распишување на локалните избори претседателот ќе го потпише во 13.30 часот, а потоа детали ќе соопшти на прес-конференција
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска ќе ги распише локалните избори.
Според информациите од Парламентот, локалните избори ќе се одржат на 24 март.
Решението за распишување на локалните избори претседателот ќе го потпише во 13.30 часот, а потоа детали ќе соопшти на прес-конференција.
По објавувањето на датумот за одржување на изборите, партиите ќе можат и официјално да ги номинираат своите кандидати. Официјалната листа со кандидати треба да биде објавена најдоцна 25 дена пред почетокот на изборите.
|