11.01.2013, 16:15 Полицаец знаел кои се атентаторите на Марјан Тушевски
Не продолежнието на судскиот процес наречен „Ровер“, денеска во гоелмата сала на скопскиот кривичен суд во својство на оштетена се појави мајката на убиениот Киро Јанев. Мирослава Јанева не знаеше да каже ништо конкретно за случувањата од 10 јули 2001. година, кога на улицата „Атинска“, во Скопје, беа убиени Марјан Тушевски и нејзиниот син, но затоа, пак, сведочењето на поранешниот пропадник на МВР, Киро Станковски предизвукуваше вистинска бура на релација Јавен обвинител-адвокати.
Станковски посведоли дека за конкретниот случај добил информации две години по случката и дека набрргу потоа тој остварил контакт со сега обвинетиот Ивица Ристиќ.
„Бев дома кај Ристиќ. Потоа се видовме уште десет-дванаесет пати. Тој ми рече дека бара заштита на неговиот идентитет и контакт со само едно лице. Не сакал да му се ’вртат’ стотина полицајци“, изјави сведокот Станковски и рече дека не може да се присети на имињата кои му ги кажал сега обвинетиот Ивица Ристиќ. Тој рече дека може да се сети на името на Предраг Чубрило, но дека имињата на другите лица кои му биле споменати, а кои се јавуваат како егзекутори на Тушевски и Јанев, ги запишал во службената белешка.
Според кажувањето на сведокот четворицата извршители на двојното убиство, а кои се недостапни за органите на прогонот, биле во контакт со обвиниетиот Ивица Ристиќ, откако илегално ја минале државната граница. Илегалните минувачи на границата, на заминување, во дворот на сега обвинетиот Ристиќ оставиле најлонска ќеса во која што имало четири парчиња огнено оружје, а дека на сопственикот на домот му било кажано ќесата да ја фрли в река, но тој ја сочувал и ја однел во неговата кафеана во селото Табановце. (Љ.С.) |