11.01.2013, 11:57 ЕУ и САД побараа дијалог меѓу власта и опозицијата
Шефовите на мисиите на Европската унија и САД вчера ја охрабрија опозицијата да се врати во парламентот, а Владата да ги преземе сите чекори кон повторно воспоставување дијалог, како начин на кој може да се реши политичката криза во која западна земјава.
„Одблиску ги следевме неодамнешните внатрешнополитички настани во земјата. Изразуваме загриженост бидејќи овие настани го одвлекуваат вниманието од стратешките приоритети на земјата. Во една парламентарна демократија парламентот е клучниот форум за покренување и решавање на сите прашања, како и за дебатирање. Со таа цел, ја охрабруваме опозицијата да се врати во парламентот со цел да ги претставува големиот број граѓани кои гласаа за опозициските партии на последните парламентарни избори. На секоја демократија и' треба силна и ��ктивна опозиција“, се вели во заедничкото соопштението на шефовите на мисите на ЕУ и САД.
Тие истовремено ја охрабрија и Владата да ги преземе сите чекори за повторно воспоставување на политичкиот дијалог, како и да создаде услови за ефикасно и транспарентно дејствување во парламентот.
„Важно е сите партии да ја почитуваат оваа институција, нејзините процедури и демократските вредности врз кои е заснована.
Веруваме дека ова ќе биде во интерес на сите политички партии, како и во интерес на земјата со оглед на клучната важност која ја имаат ЕУ и НАТО интеграцијата за иднината на сите нејзини граѓани, без оглед на нивната политичка определба“, се додава во соопштението.
Вчера од најголемата опозициска партија СДСМ порачаа дека имајќи предвид дека САД и ЕУ се синоними за демократија и бранење на демократските принципи низ светот, очекуваат газењето на уставниот поредок, правната држава и демократските начела, токму во името на демократијата и нејзината иднина во Македонија, да бидат јасно и недвосмислено осудени, а не да бидат игнорирани.
„СДСМ исклучително ги цени континуираните напори на ЕУ и САД во насока на подобрување и целосна функционалност на демократските процеси во Македонија. Се согласуваме дека активниот политички дијалог е примарен постулат за надминување на сегашната политичка криза. Во таа смисла, како што изјавивме неколку пати до сега, повторуваме дека сме подготвени веднаш и во кој било формат да разговараме за можностите за што побрзо надминување на политичката криза“, велат од СДСМ.
Социјалдемократите исто така се согласуваат дека во една нормална и функционална демократија, парламентот е вистинскиот форум за адресирање и дебатирање на сите прашања.
„За жал, на 24 декември 2012 година, во македонскиот парламент се случи флагрантно кршење на Уставот, собранискиот Деловник и досегашната парламентарна пракса, а пратениците на опозицијата и претставниците на медиумите со полициско насилство беа исфрлени од парламентот. Ваквиот груб преседан го прави македонскиот парламент нелегитимен, а тој легитимитет може да се поврати само на предвремени парламентарни избори, и тоа доколку тие бидат фер и слободни. Стратешки приоритет на Македонија не може и не смее да биде само решавањето на спорот со Грција и деблокирањето на евроатлантските интеграции, туку пред се' заштитата на правата на граѓаните“, потенцираат од СДСМ. (Н.К.) |
Статијата е прочитана 969 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
CIMKALO, 11.01.2013 12:32:38 | Ova ne e samar za B.C. , ova e kloca!!! |
| do site dobronamernici, 11.01.2013 16:46:44 | CIMKALO kako i nekoi slicni, nisto ne razbral od kazanoto na SAD i EU. Ne e KLOCA za BC SDSM koga ke se rece deka*..Vo edna parlamentarna demokratija, parlamentot e klucniot forum za pokrenuvanje u reshavanje na site prashanja, KAKO I DEBATIRANJE....*i,samo PREDLAGAAT da se vratat tepanite vo Sobranieto, za da gi prestavat golemiot broj gragjani koi glasaa za nim..,Samo *cimkalo*, ima dve vazni raboti koi trebe da gi svatis,akosakas; vo nasiot Parlament,NEMA reshavanje so DEMOKRATSKA debata,koga opozicionerite na 24 dek.sluzea za da se brishe podot so nimsram za site cesni Makedonci. Vtoro, da se vratat pratenicite, *krpi za cistenje pod*,e pa, toa NIVNITE glasaci ne go sakaat! Razlikata megju glasacite, partiite i LiIDERITE e votoa,sto ovi izbrkanite, zboruvaat so RAFINIRAN jazik, a CIMALKOVCITE, ne se vo sostpjba da razberat vakov nacin na izrazuvanje , razbiraat samo Branko e kriv OTI ni zboruv za DEMOKRATIJA I nejzinite vrednosti, nepoznata za cimalkovcite. |
| B.M., 11.01.2013 19:08:23 | Sramota e i golemo licemerie,sto Amerika i EU se zalagaat za dijalog megju pozicijata i opozicijata,koga poveke 20 godini dozvoluvaat i ja ignoriraat nacistickata politika na Grcija sprema R.Makedonija.Zgora na se,se nadevaat deka ke im bila pojasna pozicijata na Makedonija -zamislete,do krajot na godinata.Nonsens bez presedan vo istorija na covestvoto.Da se povikuvas na osnovnite postulati na OON i EU za Sloboda na izjasnuvanje i diskreciono i demokratsko pravo na sekoj narod i drzava da se narekuva kako saka,a vo isto vreme da go pluka,gazi i ignorira toa.Se gleda po haosot i pustosot sto go ostavija vo zemjite kako :Irak,Afganistan, Egipet,Libija a sega i Sirija,na koj nacin Amerika,NATO i EU, nosi demokratija i covekovi prava i slobodi |
| Mark, 11.01.2013 19:53:56 | Pa iskreno veke nikoj ne se potresuva od *SAD i EU* kako porano..I na Gruevski mnogu toa mu sugeriraa pa duri i nareduvaa - pa koga vidoa deka ne gi recka pocnaa da go pocituvaat! I SDSM i celata opozicija veke prepoznava kako funkcioniraat rabotite - i samo treba da bide istrajna vo toa sto go pravi! G.Volers e iskusen diplomat (tie od EU za zal se statisti) i samiot ke zakluci dali ima rabota so odlucni luge ili evtini umilkuvaci (kako M.Taci) pa taka i ke se odnesuva ponatamu! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -7°C
Ведро
|
Сабота
Ведро
Макс: 1°C, Мин: -8°C
|
Недела
Ведро
Макс: 3°C, Мин: -2°C
|
|
|
|
|
|