Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
11.01.2013, 18:23

Реплики

Свадба без сватови

Соња Крамарска

Кога мегафоните ги заменуваат микрофоните, тоа е по правило лош знак

Познато е дека кога родителите не се согласуваат со брачниот избор на синот или на ќерката, а тие сепак се земаат, на крајот приказната завршува со договор меѓу двете страни односно сватовите, за датумот на свадбата. Без оглед на тоа колку се мразеле претходно, тие седнуваат на маса, прават список на гости, прават избор на мени, дискутираат цени и прават заедничко сценарио за свадбениот ден.

Е во Македонија, свадбата, мислам на онаа изборната на 24 март, е закажана без договор со сватовите. Тоа не значи дека ќе биде свадба без тапани, но некако не бива и без сватовите "од другата страна". Тоа не ветува добар и долготраен брак, читај власт. Ниту пак е предуслов за бериќет и напредок.

Локалните избори вчера се закажаа во досега најсложена политичка ситуација во земјава. Со реална закана за бојкот која Владата никако не треба да ја третира како политички блеф, туку како потенцијална опасност. И со опозиција која ги крстари скопските улици, ги посетува градовите низ земјата, и мобилизира незадоволни од власта. Кога мегафоните ги заменуваат микрофоните, тоа е по правило лош знак. Таква сложена политичка ситуација немаше ниту при кризата во 2001 година бидејќи тогаш по првичниот шок, Македонија брзо ги препозна своите интереси а политичарите ги спроведоа. Денес, ситуацијата е многу потешка. Опозицијата е надвор од парламентот, испорача барања кои во најголем дел се невозможни, а на Владата пак како да и се допаѓа мирното море во парламентот.

На двете страни се двајца лидери кои, се чини, никогаш, ама никогаш нема да си подадат рака и да седнат на заедничка маса. Контактите меѓу двете партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се целосно замрени. Тоа и најоптимистите ги наведува да се прашаат - дали воопшто може да се случи излез од оваа ситуација? На социјалните мрежи Фејсбук и Твитер секојдневно и едната и другата страна истураат огромни количини омраза едни спрема други, а и кон оние кои не сакаат да им се придружат. Како Македонија да се врати дваесет години наназад, според политичката култура, толеранција, и меѓучовечки односи. Македонските политички лидери се доведоа во ситуација некогаш радикалниот Мендух Тачи сега да биде поумерен од нив во своите изјави и да биде гледан како глас на разумот.

Распишувањето на локалните избори, кое се случи вчера, може да дојде како позитивна шок терапија на системот, иако првичните прогнози се дека тоа ќе ја заостри политичката ситуација. Независно од денешниот одговор на ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата ќе мора брзо да донесе одлука. Дали ќе учествува на изборите или ќе ги бојкотира. Повикот за избори може да ги мобилизира социјалдемократите и побргу да ги одведе до заклучокот кој е нивниот вистински интерес во сегашната ситуација. Судејќи според реакциите на ЕУ и САД кои вчера ја повикаа СДСМ да се врати во парламентот, одлуката ќе треба да ја донесат брзо, бидејќи полека но сигурно ја губат поддршката за "уличната демократија". Не е исто да се дејствува надвор од парламентот, "на Рекорд" во Скопје, и во народниот дом каде што, ако не друго, се вперени камерите и очите на јавноста и каде што ставовите на опозицијата ќе добијат гласност.

Меѓуоа, на распишувањето на локалните избори може да се гледа и како на тешка провокација, среде "студената војна" што ја водат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Особено затоа што партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ најави за денеска изјаснување за барањата на СДСМ од кои клучното е барање да се одржат и парламентарни избори заедно со локалните, а шефот на парламентот Вељаноски вчера распиша (само) локални избори.

Но тоа е само на прв поглед. Распишувањето на локалните избори и нивно одржување, прво не може да се одбегне бидејќи е обврска согласно законот. И второ, како политички потег може да ја разгори кризата, но може и да доведе до отрезнување затоа што на крајот на денот, политичкиот натпревар се одвива само на две места: во парламентот и на избори.

Се разбира, од Владата најмногу зависи дали тие избори ќе бидат фер и демократски, и во тој дел битката на СДСМ е разбирлива и оправдана. Но неоправдано е гневот од настаните на 24 декември да го преточат во "герилско однесување" како што вели потпретседателот Гордан Георгиев, и тоа од две причини: настаните на 24 декември ги видоа сите, и тие беа прилично јасни. Се одвиваа безмалку пред очите на целата домашна и меѓународна јавност, и СДСМ нема потреба понатаму да води политика на таа основа. Јавноста сосема разбра што се случи на тој ден, и опозициската партија не треба тоа дополнително да го објаснува.

Вчера, мисиите на ЕУ и САД во Скопје во јавно обраќање побараа од СДСМ да се врати во парламентот. Во обраќањето беше адресирано барање и до Владата и нејзините партии да овозможат процедурална и транспарентна работа на парламентот, како и нормален тек на политичкиот дијалог во државата. Од ова обраќање можат да се издвојат две многу важни пораки. Првата е дека македонската политичка левица е пред закана да ги изгуби традиционалните симпатии на ЕУ и САД ако продолжи да се радикализира. Втората е дека тие бараат брзо нормализирање на политичките процеси, по случувањата на 24 декември. Со еден збор, меѓународната заедница бара овој немил настан да се заборави и работите да продолжат таму каде што застанале.

Од прагматичноста но и од храброста на партиското раководство на социјалдемократите зависи дали опозицијата ќе подлегне на емоциите или со студена глава ќе ја проанализира својата позиција и ќе заземе конструктивен став. Вчерашната најава дека има време до 24 март и дека е можен договор, како и спремноста на врвот на СДСМ да преговара со ВМРО-ДПМНЕ како што велат во било кој формат и на било кое место, влеваат надеж дека политичката агонија ќе биде надмината. Во спротивно, последиците ќе дојдат многу бргу.


Статијата е прочитана 2638 пати.


Испрати коментар



Нимиц ни даде нова шанса
Тешкото



Predavnik, 12.01.2013 00:58:01
Isfrluvanjeto so sila na opoziciskite pratenici (nastrana novinarite) e kljuchniot problem na 24.12. i nenadminliva prechka po 24.12. Posle seto shto se sluchi, povikuvanjeto na pratenicite da se vratat vo parlamentot, od bilo kogo i po bilo koja osnova, e krajno cinichno, bezobrazno i nenormalno. Pa tie ne go napushtija parlamentot, nego bea na sila isfrleni. I sega da se *urazumat* i da se vratat! Ej ludje, shto zborite? E zatoa i iskljuchivo zatoa, treba da se odrzat i parlamentarni izbori, pa makar i dvete strani da ne gi posakuvaat i makar povtorno bil istiot soodnos, pa duri i istite (ne)ludje. Ama toa ke bide toj moment shto go vie narekuvate *shok*. Inache, na mesto na opozicijata, bi izlegol na lokalni izbori bez bilo kakvi uslovuvanja, onaka mashki, a za parlamentot neka mu ja misli vlasta, pa duri i da si ja teraat ushte 2 godini. Ama togaj, ke gi nachekam! PS: SDSM e pregolema partija za da se ignorira. Imaat odlichni oratori od site kalibri i so zadovolstvo gi sledam.
Marioec od Azija, 12.01.2013 01:52:33
Sto da se kaze mizerija od pratenici,poveceto.Pa takvoto odnesuvanje i nekulturata vo sobranieto ne e od vcera ili od 24ti Dekemvri toa e uste od samiot pocetok pa do denes,samo koj sto gleda i sto saka da vidi toa i gleda,a najmalku toa sto treba da se vidi.Nas pod hitno no treba treta opcija koja ne e optovarena so leva ili desna hipoteka,koja ce prezentira i interesi na site gradjani.Koja ce se grizi za Ekologija,Ekonomija,Obrazovanie,Demokratija,Pravda i najvise za Drzavnite interesi koi nema da gi gazi podnoze ko sto pravat segasnite pozicii i opozicii.Seto drugo slucuvanje bese ocekuvano i neznam zosto se cudite site i glumite i barate nekoja demokratija koja nikogas dosega ja nemalo vo Makedonija.
oceski, 12.01.2013 02:12:09
kramarska, ne ti e losa analizata za sostojbite, no mislam deka resavanjeto na moment.politicka kriza akcentot na odgovornost go stavas vrz opozicijata i demek so nivno vracanje vo parlamentot ce se smirela situacijata. Mislam sodrzinata na problemot e pogolema i ne e samo toa. nie se soocuvame so dve koncepcii na vladeenje t.e razbiranje na demokratskite vdrednosti. Ako momentalnoto politicko vodstvo na zemjava deluva vo ramkite na demokratskite principi togas vo pravo si, no ako ne deluva vrz tie principi-kako treba da se odnesuva sekoja opzicija? koi metodi na deluvanje da gi praktikuva? Mislam deka ovaa e sustinata na problemot koj treba da se razresi so realen i objektiven analiticki pristap. No makedonija i se e mozno neli...
USA, 12.01.2013 02:50:59
Kako vo zivotot, taka i vo politikata, sekoj si e odgovoren za svoite postapki. Tamu sme kaj sto sme tokmu zaradi niv. Licno, partiski, drzavno.... Koga veke se zboruva za vrakanje na opozicijata vo Parlamentot, zosto bea tie dzpanja po komisiite, ripanje barikadi i ulicni sluzbi?? Sigurno ne bese toa slucajno. Koj li bese strategot? Sto e najtragicno, istite tie seuste mavtaat so mecot od koj se isekoa i seuste gi razranuva (najsvez primer Geroski). Neka se svrtat kon narodot na koj postojano se povikuvaat. Ostaj Milosevic, HRT, EU, medjunarodna.... glasovite vi se pred nos. Ne gi mrsulavete.
jovan, 12.01.2013 04:51:58
Eden komentator pogore fino predlozil. Novi izbori (Parlamentarni, zaedno so redovnite lokalni koj sledat) pa se odpocetok. Bez razlika dali ke pobedi SDSM ili VMRO ili nekoj tret(nikakva verojatnost), no zatoa ke imame pocista situacija. Ova so povicite za zaboravanje sto se slucilo vo imeto na nekakov si pragmatizam, se cisti gluposti.
do koga, 12.01.2013 07:23:50
Dobro draga Sonja,eve da pretpostavime deka opozicijata ce se vrati vo sobranieto.No koj ce garantira deka pri slednite pretpostaveni nesoglasuvanja nema pak da bidat isfrleni na kloci opozicionerite?Znaete kako velat mudrite prviot pat e sekogas najtesko,posle toa e mnogu polesno istoto da se povtori.
Gjorgji, 12.01.2013 08:17:53
Ne treba da sme mnogu pametni i da mudruvame za da go locirame problemot vo sostojbite na politicki plan vo Makedonija. Celiot nemir i razdor vo politickoto tkivo vo makedonskiot blok e vo penzionerot, popoznat kako papa, t.e. liderot na SDSM -Branko Crvenkovski. Se slagam so del od komentarite deka SDSM e golema partija i deka e partija za respekt, no so ovoj vrv i so ovaa matrica na odnesuvanje SDSM doveka ke dozivuva porazi na sekoi izbori. Prvenstveno treba SDSM da se reorganizira, da se modernizira, da ja smeni matricata i da prerasne vo moderna e vropska partija koja vistinski gi neguva socijaldemokratskite idei, pa kako takva da se pretstavi pred elektoratot i siguren sum deka togas ke pobedi na izbori so opsto zadovolstvo na narodot. No dotogas, dodeka ne si odi aktuelniot vrv nema nisto od SDSM. Zalno no vistinito.
Mark, 12.01.2013 08:47:29
Mnogu e interesno(i simptomaticno) sto site, ama bas SITE, od *SAD i EU* preku *ekspertska javnost* i i novinari do komentatorive se strasno zagrizeni za idninata na SDSM?! A posebno so golema demek *zelba* da izleze na izbori!? Vakva unisonost i konsenzus odamna nemalo? A se poveke se marginalizira DIVEENJETO NA FASIZMOT BRE vo Makedonija!! E pa ne se bas site raspolozeni da cupkaat po notite na trioto Violers-Ahmeti-Gruevski zatoa sto nekomu taka mu e udobno!! Opozicijata a posebno SDSM ima mozebi istoriska sansa da pokaze dve raboti - dali e silna i dostoinstvena, a so toa i respektibilna sila, i najvaznoto - da ja izvadi Makedonija od bednata uloga na *lice so posebni potrebi* zavisno od voljata na N.V. Amerikanskiot ambasador! Sepak zasluzuvame podobro!!
Јосиф Давидов, 12.01.2013 10:10:59
Од аналитичари и советодавци глава да те заболи, се некој експерти, како требало да се направи, што требало да се направи, абе бог да чува се само експерти и тоа од сите области, а најмногу ги има од сверата на политиката и економијата. Верум дека 90% од нив немаат личен среден живот со тапа финансии ама за памет делење тука се први. Малку за насловот “садба без сватови не бива“. Од лично искуство ако сватовите доаѓаат на свадба само нердед да направат, по мое подобро е да си останат дома за да не е расипат свадбата.
Baba Zumbula, 12.01.2013 10:30:03
Kolku ubavo sto se *pripotresoa* USA i EU,otkako nie se zadolzivme povtorno,pa povtorno,pa povtorno,za na kraj puf,se salevme!!!Izbori ke ima,no kakvi?Go citam teflonceno Evdino vcera sraboti i od kancelarija.Plus 9 evra,opa bato!Tefljonce fakti li se Lamborgini,Maserati,Porshe,Mercedes,ili baba halucinira?Kolku kosta edna takva ergela?Mnogu pati X 9 evra?Znaes tefljonce na novinarite kako O.Trajkovska,Zvezdan,F.Sakiri veke javnite mediumi im se nedostapni.Ne se pozelni.A baba se somneva deka ti i takvite kako tebe mozat da gi razberat.Vaseto nivo se Drakce,Milenko(kriminalec koj lezel zatvor,verno e neli)i da si jadete burek.Tefljonce Evdino od tolku sto ste silni i so argumenti nemate j..ca z da izlezete na TV duel.Nesto ne e vo red neli?I baba pak te prasuva,koi se tie so ergelite?Kakvi biznisi imaat?Vo UJP kolku danok platija?A baba NIKOGAS ne go SPOMENALA BC.Ama ako baba ne e patriotka/prerodbenicka i ne misli kako tebe vednaga e za BC,neli?Citaj go Burevesnik,ima sto da citas!
девичанецот, 12.01.2013 11:15:03
Почитувана Соња, Свадбата е закажана. И со сватови и со невеста.Свадби има колку и единици на локална самоуправа. Невестата е фотељата на градоначалникот. Е, за разлика од сите свадби, овде зетот не е однапред одре��ен...ќе се бира меѓу најдобрите. А да се пријават за зетови кои ќе седнат во скутот на невестата ( читај фотељата на градоначалникот), имаат право сите, согласно правилата на игра. Не мора зетот да е ни од позиција ни од опозиција. Избирачкото тело одлучува за зетот. Ете, тоа е философијата на локалните избори, а дали некој ќе се пријави за зет, или едноставно ќе апстинира од за него познати причини, тоа е негова работа.
neutralen, 12.01.2013 11:22:51
Se soglasuvam deka nesmee nieden pratenik da bide vlecen po podot na Sobranieto. No isto taka nesmee ni da si go dozvoli toa da bide vlecen. Nesmee da go stava debeloto maso kaj sto ne e mesto vo Sobranieto. Vo sekoj slucaj za moj vkus premnogu agresivno od strana na vladeackata garnitura da se isfrlat od Sobranieto opozicionerite. Spored moe mslenje, za opozicionerskata SDSM bi bilo samoubistvo ili samounistuvanje blef za bojkot na izborive sto sledat. Ako Vlasta ne planira da im gi ispolni uslovite, samoubistven e blef na SDSM i da iskoci na izbori. Veke nema pravo na nitu edno obrakanje kon javnosta, zasto zborot veke ne e zbor.
Milan, 12.01.2013 12:31:18
Imav eden kolega koj velese:udri mu samar nekomu potoa izvini se.Taka mi lici ova ujdurma od vmro.
meksikanec, 12.01.2013 13:23:29
Nekoj rekol-covekot nee ona sto e, tuku ona sto treba da bide.Toa znaci deka, nikoj ne se raga kako sovrsen i dovrsen vo vospitno-obrazovniot proces Vo svojot razvoj site ucime dozivotno.No za zal so drzavava vladee edna garnitura izlezena od kalapot na nekoja livnica koja nitu uci,nitu se usovrsuva,nitu se menuva i evoluira.Namesto samata,taa menuva i oblikuva se sprema svoite zelbi.Go promeni skolstvoto,zdravstvoto,istorijata,ulicite,plostadite,duri i sobranieto ,nasilno terajki gi site neistomislenici i novinarite.Posle se sto se sluci ni lav poveke ne vleguva koj ovie gladijatori.Gledajki gi naracanite reklami po mediumite se zgrozuvam od site lagi i inevistini. Za niv crnoto e belo,gorclivoto blago,zloto dobro.Se prasuvam vo kakva djungla ziveme i so koj.Za zal nisto postrasno ne mozese da ni se sluci.Zatoa ne treba da se cudime sto drzavata od oaza namirot se pretvori vo pustina na Balkanot okruzena isklucivo so neprijateli,koi so mudro vodenje mzea da ni bidat dobri sosedi.
mikimaus, 12.01.2013 23:22:08
,SAD i EU go osuduvaat stavot na SDSM da ne se vratat vo parlamentot, a so nieden zbor ne go osudi nasilnoto isfrlanje na pratenicite od istiot so sto bea naruseni nivnite covekovi prava i gazenje na imunitetot kako pratenici.znaci igraat dvolicno-prodavaat demokratija,a podrzuvaat nasilstvo i teror na vladeackata garnitura. Sramno
od diasporata, 13.01.2013 02:56:47
Premnogu politikanti..intriganti. Vaka bilo. Ne taka bilo. Vaka ke napraveme taka ke napraveme.... Kako ne se umorivte bre luge od tolku prazna demagogija? Ako vie ja nasocete vasata energija vo ekonomijata i ljubov kon drzavata Makedonija ke zivee normalen zivot. Site se palite na obicni ulicari, shverceri na roba i kafandjii. Vasite prateinici mislev. I da imate novi izbori nisto nema da se smeni. Se kladam so sekoj od vas.
Наташа, 13.01.2013 08:24:52
Соња, те читам и тешко ми е да те разберам. Во недостиг на личен став или некаков баланс со незнам, кој личиш доста конфузно. Навистина се прашувам дали навистина мислиш дека одговорните институции: претседател на држава,премиер, претседател на Собрание не треба најпрвин да им се извинат на граќаните за настаните во Слупчане, масакарот на езерото Смилковци, албанизирањето на Македонија со прославата на државното знаме на соседна Албанија, блокада на законот за бранителите и како кулминација на се грубото кршенје на Уставот и Деловникот со донесување на беџетот и со грубото исфрлање на новинарите од парламентарната сала за да се сокрие вистината за исфрлувањето на пратениците и за одземање на легитимитетот добиен од граѓаните. За воља на вистината една пратеничка ги нарече опозиционерите пратеници дека сакаат да се прават домаќини во туѓ дом. Што уште ви е потребно, дека без горенаведеното извинување тешко ке се дојде до обновување на дијалогот. Народот е исплашен, погазен. А вие??
Трпе, 13.01.2013 09:16:28
Каде ни се изгуби Ѓоле.Зарем во овој филм нема некоја улога за него.Обично претседателите на државите ја претставуват цела земја и се претседатели на сите.Целосно е промашена неговата улога, иако за народните пари кои ги јаде, може да си земе улога на медијатор ако смее.
od nekoj, 13.01.2013 12:38:09
a da si praveme izbori na sekoi 6 meseci.stom pobedat ednite drugite vednas zalba i op novi izbori,i koi ke gi birame-pak istite.a ne se bas eftini posebno za nasata drzava .koga makedonceto ke se fati za rabota ke bide nesto i od nas a ovaka dve tretini od narodot glavna preokupacija izbori-zalno6683
До СДСовците, 13.01.2013 12:47:37
Името штом го давате нема да гласаат за вас поголемиот број од Македонците а тоа ги одлучува изборите. Значи нема потреба од свадба а изборите ќе бидат во 1915 како што е редот.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Претежно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: 3°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 8°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Големо реми со големата Русија
Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29:29 со Русија во четвртото коло од групата Б на 23. Светско прве...
Стартува македонската верзија „Танц со ѕвездите“
Ќе почне да се прикажува кон крајот на февруари на Македонската телевизија , ќе танцуваат Марјана Станојковска, Васил За...
Десет правила за скијање
Скијачот мора да се однесува така што да внимава да не им наштети или да не ги загрози останатите скијачи или бордери. Е...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печ��тено издание | Политика | Македониј�� | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |