17.01.2013, 11:15 После 21 година судење, вратен на работа
Радоман Муниќ (50) од Чачак вратен е на работа на неговото старо работно место после 21 година судење.
Радоман работел како медицински техничар во болницата во Чачак се до 1992 година, кога добил отказ.
Неговиот правен застапник изјави дека одлуката на Основниот суд во Чачак Милан да биде вратен на работа во болницата на Здравствениот центар, ја потврдил и надлежниот Апелационен суд. - Спорот на Муниќ беше најдолг работен спор во Србија, оцени адвокатот.
На Муниќ ќе му се уплати пензиски придонес за претходните 21 година, а Здравствениот центар должен е да ги исплати и сите судски трошоци кои, сепак, ќе бидат наплатени само за последната година судење во износ од 125.000 динари, затоа што записниците од претходните судења се изгубени.
Муниќ, откако е вратен на работа, поднесе тужба против Здра��ствениот центар, барајќи оштета од пет милиони динари за изгубените плати. |