17.01.2013, 12:41 Од скопјанка украдени 400.000 денари
Скопјанката С.Г (51) вчера вечер била нападната и ограбена од непознат сторител, кој и ја украл чантата и кесето што го носела со себе, со 400.000 денари дневен промет од спортската обложувалница „Спорт лајф“
Според МВР, С.Г била нападната синоќа околу 19 часот кога излегла од своето возило на ул. „Петар Дељан“. Насилникот ја удрил со рака по главата, ја турнал на земја и со спреј ја испрскал по лицето. И ја одзел чантата во која имало мобилен телефон, кредитни картички и 700 денари, како и најлонско кесе со 400.000 денари, дневен промет од спортската обложувалница „Спорт Лајф“.
МВР презема мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот.
|