15.01.2013, 15:58 Црвенковски му рече „не“ на Брисел
Санино денеска направи се' да ги избегне изјавите за новинарите по неговите средби со Никола Попоски, Трајко Вељаноски и Бранко Црвенковски
Слободанка Јовановска
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, побара денеска од Брисел да не затвора очи пред политичката криза во Македонија и да не инсистира опозицијата да се врати во Парламентот, бидејќи во вакви услови тоа е нереална опција. На средбата со директорот за проширување на ЕУ Стефано Санино, Црвенковски го изнел планот за излез од ситуацијата преку слободни и фер избори, но останува тајна што рекол претставникот на ЕУ, бидејќи денеска тој направи се' да одбегне изјави за медиумите, изл��тувајќи како „ракета“ од средбите со високите функционери.
Конфузија имаше и околу другите негови средби во Скопје, бидејќи за таа од која најмногу се очекуваше, со премиерот Никола Груевски, немаше ни известување дека ќе се случи, односно дека веќе се случила, на заедничка вечера со вицепремиерката Теута Арифи.
Според соопштенијата од кабинетите, излегува дека на средбите со опозицијата главна тема била политичката криза, а на средбите со претставниците на Владата темите биле како во Македонија да нема криза, односно се разговарало што треба да направи Македонија од техничките услови на ЕУ до март, за да добие позитивен извештај на Европската комисија.
Санино се виде и со спикерот на Собранието Трајко Вељаноски, шефот на дипломатијата Никола Попоски (кој му задоцни десет минути), со претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, како и со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Повеќето од средбите, како што се дознава, беа без присуство на соработници, во четири очи.
Според информациите од СДСМ, Санино и Црвенковски разговарале за укинувањето на институционалната политичка дебата, за прекршувањето на Уставот и на законите, за непостапувањето во согласност со собранискиот деловник и процедурите, како и за исфрлањето на новинарите и пратениците од законодавниот дом.
„Санино беше запознат дека е нереално да се очекува во ваква ситуација, опозицијата да се врати во Собранието. Потенциран е ставот на ’Сојузот за иднината‘ дека би било крајно штетно за државата да се занемарува постоењето на политичката криза“, соопштија од СДСМ, додавајќи дека му посочиле на Санино дека власт што ги злоупотребува институциите при донесување на Буџет, ниту може, ниту сака да организира слободни и фер избори.
Црвенковски го уверувал Санино дека опозицијата останува доследна на своите цели за враќање на демократијата и дека е подготвена за постигнување политички договор, но јасно ставил до знаење дека приоритет сега не е евроинтеграцијата, туку почитувањето и одбраната на основните европски вредности, како демократијата и владеењето на правото. Преведено поедноставно, дека заради препораката за преговори нема да ретерираат од барањата што ги поставуваат како услови.
На средбата со претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани, Санино изразил надеж, всушност барање, дека спорот со новинарите, по инцидентот во Парламентот, ќе се надмине бргу и дека ЗНМ ќе се врати во разговорите со Владата. Санино верувал дека за надминување на сегашната ситуација ќе биде потребна политичка волја од надлежните институции „кои ќе најдат начин да го расветлат инцидентот и да утврдат одговорност“, што е бриселски начин да се сугерира тоа.
Санино издејствувал согласност ЕК и ЗНМ да продолжат со меѓусебните консултации за унапредување на слободата на изразување во Македонија, со што на индиректен начин може да продолжи дијалогот.
Од средбата со Попоски, која траеше дури еден час, излезе само информација дека го запознал Санино со разговорите со медијаторот Метју Нимиц и со активностите за подобрување на добрососедските односи, додека од кабинетот на Арифи известија дека разговарале за „наредните предизвици за земјата во процесот на евроинтеграција“, вклучувајќи ги и тековните договорени активности чие исполнување ќе придонесе до почеток на преговори на ЕУ со Македонија.
Додека Санино имаше средба со спикерот Трајко Вељаноски, евроамбасадорот Аиво Орав си даде пауза и отиде на шопинг во трговскиот центар „Рамстор“. За синоќа беше предвидена средба на Санино со амбасадорите на ЕУ, САД, НАТО, односно сите оние кои се потпишуваат на заедничките соопштенија на меѓународната заедница за Македонија, но таа се смета за редовна практика на ЕУ функционерите кога доаѓаат во земјава.
|
Статијата е прочитана 9188 пати.
|
|
Испрати коментар
|
| Недостигаат 247 евра, а 3.000 се оштетени во пожарот во „Македонска пошта“ | Катастар - Редовите за имотен лист ќе станат минато | Наградени пожарникарите кои интервенираа во „Македонска пошта“ | МВР истражува да не е подметнат пожарот | Опозицијата ќе ги радикализира протестите | Марко Зврлевски – нов јавен обвинител | Потврдени уште девет случаи на грип, шест со H1N1 | „Маршот на Дрина“ во ОН ги навреди Бошњаците | Ивица Коневски е најуспешниот градоначалник за 2012 | Иванов посакува средба со Плевнелиев | Комерцијална банка најдобра за девизно работење | Пронајден човечки труп во распаѓање | Дачиќ - Постигнат е привремен договор за царините | Црвенковски - „Народот го разгоре огнот на слободата“ | Ограбена струшката црква Света Петка | Вељаноски ги покани странските набљудувачи за локалните избори | Иванов очекува динамизирање на разговорите за името | Иванов - Нема потреба од лидерска средба | Локалните медиуми побараа одземање на дозволата на ММИ | Крвав крај на заложничката драма во Алжир | Во Сиднеј рекордни 45,8 Целзиусови степени | Лондон сака ревизија на односите со Брисел | Фуере и годинава ќе се капи за Водици во Охрид | По љубовна расправија, скок од четврти кат | (ФОТО) Пристигнаа првите западноафрикански војници во Мали | Кина со економски раст од 7,8 проценти во 2012 | Прекинати масовните протести во Пакистан | Министерот Димовски на саем за храна и земјоделство во Берлин | Претседателот Иванов во посета на МНР | Во Грција почнува истрага против Папаконстантину | Крвав крај на заложничката драма во Алжир | Стано - Филе прави напори Македонија да добие датум за ЕУ | Парванов | ЕЛЕМ - Енергетската слика се подобрува | Прва операција на детско срце во „Аџибадем - Систина“ | Ограбена експозитура на ТТК банка во Прилеп | Протестен марш на опозицијата во Струмица | Грција не гледа потреба Филе да се вмеша во преговорите | Убијците од Смилковско езеро се претставиле како полицајци | Велија Рамковски бара ново судење | Бесплатно лекување за пензионерите со ниски пензии | Сите шалтери на Македонска пошта функционираат | Чавес да докаже дека е жив | Министерот Тодоров во Германија договара обуки за македонските лекари | Снег во западнa и југозападна Македонија, патиштата проодни | Скопјанец силувал малолетничка | Британија стравува од наплив на Бугари и Романци | Од скопјанка украдени 400.000 денари | Апелација одлучува за „Пајажина“ | После 21 година судење, вратен на работа | Дачиќ го бара северно Косово за местото на Приштина во ОН | Бугарија ги скицира добрососедските односи со Македонија | Беџети и Јанкулоска на неформален состанок во Даблин | Прва егзекуција со електрична столица во САД од 2010 година | (ФОТО) Џакарта под вода по поројните дождови | Грција загрижена да не остане во мрак | Дачиќ-Милановиќ- Не можеме да го смениме минатото, но можеме иднината | САД ги прекинаа летовите на сите авиони „Боинг-787“ | Грција постави свои услови до еврокомесарот | Нема кворум за бранителите | Арифи и Бејта и официјално кандидати за градоначалници на ДУИ | (ФОТО) Големо реми со големата Русија | „Оне“ најдобро комуницира со своите фанови на „Фејсбук“ | Груевски - Отворени сме за аргументиран дијалог | СДСМ најавува поголеми блокади | „Сваровски“ ќе гради фабрика во Србија | Трифуновски обвинува - Четири пати сакаа да ме ликвидираат | Владата е клинички мртва, Јанша не се повлече | И кај нас се врати свинскиот грип | Се создава правна основа за знакот „Македонско сонце“ | Шулц - Македонија од пример да не се претвори во грижа за регионот | Главната зграда на „Македонска пошта“ не била осигурана | Кени - Можни се важни одлуки за Македонија | Попоски - Предлогот на Филе е позитивен | Вашингтон разочаран од „некои лидери“ на Балканот | Со Швајцарска донација ќе се заштитува Преспанското Езеро | Филе бара увид во преговорите за името | (ФОТО) Француските копнени сили се упатија кон северно Мали | Фридом хаус - Македонија делумно слободна земја | Отворена електронска продавница за соларни колектори | (ВИДЕО) Две лица загинаа во хеликоптерската несреќа во Лондон | Во Њујорк потешко ќе се доаѓа до оружје | Меморандум за заштита на Преспанскиот регион | Се утврдуваат причините за пожарот во „Македонска пошта“ | САД го критикуваат Морси за антиеврејските ставови | Следната деценија ќе биде рекорно жешка | Хакери пет години краделе документи од ЕУ и од НАТО | Референдумот за независност на Шкотска помина во Долниот дом на британскиот Парламент | Штетите од Сенди ќе се санираат со 50,4 милијарди долари | Македонска пошта ќе функционира од Пошта два | Санино разговараше со Ахмети и Тачи | Изгаснат пожарот во зградата на Македонскa поштa | (ФОТО) Голем пожар во Македoнскa поштa | (ФОТО) Чистачка укралa воз и удрилa во куќа | Вељаноски предложил план за враќање на опозицијата | Норвешки конзорциум даде понуда за ТИРЗ во Тетово | Расте вредноста на еврото во однос на доларот | Заштитениот сведок не сака да биде заштитен во случајот Ореше | Два дена крадел злато од златарница | Битка за „Унион Џек“ на улиците од Белфаст | Холанѓаните и годинава најбројни на охридските плажи | Шамиите се враќаат во турските универзитети | Опозицијата продолжи со блокади на крстосници во Скопје | Родителите на жртвите се соочија со обвинетите во „Монструм“ | Природниот гас за стопанството поевтинува за шест денари | Намален бројот на лажни азиланти во Швајцарија | ВМРО-ДПМНЕ објави имиња на девет кандидати за градоначалници | Бритиш Ервејз ги дискриминира своите вработени христијани | Средба на Санино со лидерот на СДСМ | Уапсен пакистанскиот премиер | Ирска - Топката сега е на теренот на Македонија! | Двајца загинати во сообраќајна несреќа кај Колари | Тексас останува дел од САД | ОЕЦД ја подобри прогнозата за светската економија | Грција пак чувствителна за Вевчанскиот карневал | Во Мали е се` пожешко | Нимиц ќе се сретне со Јолевски и Василакис на 29 и 30 јануари во Њујорк | Стефано Санино во посета на Македонија | (ФОТО) Донација на семејството Керим за „Аџибадем - Систина“ | Даблин не се откажува од Ерван Фуере |
|
blu, 15.01.2013 17:06:39 | Koja politicka kriza i bez sdsm i so sdsm se e ist instituciite funkcioniraat |
| kocancanec, 15.01.2013 17:34:23 | Se dodeka nema pravda nema da ima mir borbata za pravda e najopasnata borba takvi borbi drazavi rusat i sodavat pravda ubav zbor |
| petkovski, 15.01.2013 17:38:12 | Pocituvani vlijatelni dami i gospoda na SDSM,
Vo vas e klucot za resenie na ovaa absurdna situacija. Na SDSM (a i na Makedonija) i treba nov lider so zdravi i svezi idei. Segasniot lider strada od apokalipticna vizija od koja sam ne moze da se oslobodi. Vie ste edini koi moze da vlijaat pozitivno na SDSM, kako i na Makedonija vo celost, dokolku gi prevzemite potrebnite cekori imeno postavuvanje na nov lider na SDSM so zdravi idei. Siguren sum deka vo SDSM ima mnogu sposobni lugje koi se sposobni kako vasata partija taka i makedonija vo celost da ja turkaat na prav pat. Se treba samo mala politicka volja i hrabrost no urgencijata e mnogu golema. Kolku povekje se ceka tolku pokatastrofalni ke bidat posledicite za makedonija i SDSM. Vi posakuvam mnogu politicka hrabrost kako i mudrost.
|
| od ostrijot, 15.01.2013 17:53:07 | bravo brane samo taka drzigo zborot stogodade. |
| ФЕЛИКС, 15.01.2013 18:02:58 | Мора да се признае за храброст невидена,да покрај НОБ против ненародниот владин режим кој е легален ама да ти бил нелегитимен,сега се отвара втор фронт и кон ЕУ.Мислам дека и г-дин Санино е импресиониран од храброста,па сета своја импресија ќе ја пренесе на г-дин Филе и другите Бриселџии.Инаку се зборува да наскоро г-дин Филе доаѓа во посета на РМ.Па по тој повод се прашувам дали ќе има блокирање на семафорските раскрсници,за да му се стави на знаење да избрал погрешна страна.И дали во таа блокада ќе учествува оној кој на Фејсбук напиша,,а бе лицето да не му го видам,,Оти ако учествува со нестрпливост очекувам да ја видам неговата реакција. |
| Haralampie, 15.01.2013 18:26:03 | Sanino najpametno ke bese da se sretne so Marinela i da gi pogledne klipcinjata sto ona gi ima vo svojata mobilka...sto rezimskite TV ne gi pustat... |
| do blu, 15.01.2013 18:43:27 | Funkcioniraat da ama kako?
Nema sloboda vo novinarstvoto (koja TV e nezavisna)?
Nema sigurno vrabotuvanje ?
Nema firma sto funkcionira kako treba?
Nema pari za lozarstvo?
Nema dovolno eftini lekovi?
Nema sudstvo?
Nemame sredna klasa?
Nemame mladina (ni begaat kako gluvci od ogin od ovaa drzava,).
Nema druzenje?
E koga ke dojde vreme da gi vrakame kreditite e togas ke vides kolku funkcionirala ovaa drzava ???? |
| riki, 15.01.2013 20:07:03 | do g.petkovski,koj lider so svezi i zdravi idei bi trebalo sprema vas da go prezeme kormiloto na sdsm???kazete ve molam SAMO eden?SITE do eden i toa sekojdnevno provladinete mediumi koji se na zalost zabegani od realnosta,znaeme od koji pricini,gi degradiraat,im lepat sekakvi mizerni i necivilizirani etiketi i na toj nacin rejtingot i kredilitetot vo ocite na javnosta im e doveden vo prashanje.mediumite se mokni.ne go zaboravajte toa.i da ne e b.c aktuelen,pak ke bide istoto.taka da ne e problemot b.c,zaev,jovanovski i tn.problemot im e kompletniot sdsm.ovaa rezultira od AVTOKRATSKOTO vladeenje na dpmne.nebobiten fakt e deka b.c,e edinstveniot politicar sto reshitelno moze da se spravi so ovoj haos narecen makedonija.p.s.poslednite izbori imashe 370.000 glasovi,sega ke gi ima sekako poveke i zatoa vo nikoj slucaj ne smeat da se potcenuvaat,i im se DEMAGIRA koj lider da gi vodi.proporcionalno na toa vaka bi izgledalo,nov lider so novi idei za dpmne,shto ne e vo red. |
| девичанецот, 15.01.2013 21:04:20 | Почитувани од СДСМ. Ослободете се веќе еднаш од овој пензионер плачко. |
| Branko, 15.01.2013 21:24:45 | Do Petkovski. A so tolku ti se sekiras za SDSM dali i treba nov lider? Na SDSM ne i trbe nov lider, nov lider i treba na Makedonija. A ti vo kakva vizija si vlezen pa da solis pamet? So tolku ti se zamaras so Branko? I ti si kako Gwujo??? Branko nokna mora ti e i tebe kako i na Gwujo??? |
| Otpor, 15.01.2013 22:24:42 | Otpor i nishto drugo! Znaat li tie balavci shto vsushnost storija na 24.12.? Ke odgovaraat, koga-togaj ili kako tie samite velat, ke gi stigne bozjata raka. Posebno za onaa na Stavrevski. |
| DO FELIKS, 15.01.2013 22:42:19 | Kvazi intelektualec u vistinska smisla na zbor si ti, koj i da si. Idi legni si, patriotu nepismen. |
| EU, 16.01.2013 00:03:28 | Crvenkovski pratil losa poraka dokolku navistina kazal oti evropskite integracii ne se prioritet. Na EU, uste pomalku i e prioritet ,da ja primi Makedonija vo Klubot. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Облачно
|
Петок
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -2°C
|
|
|
|
|
|