17.01.2013, 11:35 Апелација одлучува за „Пајажина“
Велија Рамковски и останатите лица осудени во случајот бараат ново судење од скопскиот Апелациски суд
Скопскиот Апелациски суд денеска ќе расправа по жалбите на сопственикот на сега укинатата телевизија А1, Велија Рамковски, и останатите лица осудени во случајот познат како “Пајажина“, за покренување на ново судење.
Случајот „Пајажина“ својот судски епилог го доживеа по изрекувањето на пресудата со која 21 обвинет добија вкупна казна од 109 години затвор. Велија Рамковски беше осуден на единствена затворска казна во траење од 13 години за перење пари, даночно затајување, злосторничко здружување и злоупотреба на служената положба. На по шест години беа осудени неговиот брат Амди и ќерката Емел Рамковска, а на истоветна казна беа осудени уште шестмина управители и вработени во фирмите на Велија Рамковски. |