17.01.2013, 13:02 Скопјанец силувал малолетничка
СВР-Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје го предаде лицето С.К. (43) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување“ предвидено и казниво по член 186 од КЗ на РМ.
Како што информира МВР, С.К. на 12-ти минатиот месец околу 19,50 часот на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ зад ТЦ „Олимпико“ Скопје, од назад и пришол на 16-годишна малолетничка од Скопје и ја фатил устата со рака за да не вика за помош. Потоа ја одвлекол до оградата, каде со употреба на физичка сила (удари со тупаници во пределот на главата и удари со глава во ѕид и стискање со раце за врат) извршил обљубаа врз неа.
- По извршеното кривично дело пријавениот и го одзел мобилниот телефон на малолетничката и заминал оставајќи ја оштетената. Откако малолетничката пристигнала дома случајот е пријавен во полиција од стра��а на нејзиниот татко. Од Одделението за истрага на место на настан при СВР-Скопје превземени се низа мерки и активности вклучително и вештачење, како и соодветни медицински прегледи. Исто така, на вештачење е даден соодветен ДНА профил од НН машко лице кој е предаден во Одделението за криминалистичка техника при МВР на РМ за споредба со базата на профили – податоци, соопшти МВР.
СВР-Скопје, се посочува во соопштението, по превземени мерки и активности дојде до оперативно сознание дека можен сторител на кривичното дело е лицето С.К. кој е пронајден и приведен во службените простории на Полициската станица „Кисела Вода“. Со него е обавен службен разговор во кој тој во целост го признал и појаснил извршувањето на кривичното дело.
Пријавениот С.К. во крим-евиденциите на СВР Скопје минува за сторени повеќе кривични дела – „тешка кражба“ и „кражба“.
|