16.01.2013, 09:10 Референдумот за независност на Шкотска помина во Долниот дом
Долниот дом на британскиот парламент го одобри указот со кој на парламентот на Шкотска му се дава правото следната година да организира референдум за независност на овој регион од земјата, пренесоа агенциите.
Указот му бил предаден на одобрување и на Домот на лордовете.
Според британскиот министер за прашањата на Шкотска, Мајкл Мур, одобрувањето на указот и од Горниот дом на парламентот „ќе овозможи да се организира законски, чесен и решавачки референдум“.
Принципите на допрецизирањето беа договорени во спогодбата, потпишана минатата година од британскиот премиер Дејвид Камерон и првиот министер на Шкотска Алекс Салмонд. |