Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
18.01.2013, 11:56
Шпанија ја „нанижа“ и Унгарија



Домаќинот на мундијалот подобар од полуфиналистот на ОИ во Лондон со 28:22

Околу 12.000 гледачи во „Каха махика“ во Мадрид, меѓу кои и шпанскиот престолонаследник, принцот Фелипе, ја прославија победата на домаќинот над Унгарија од 28:22 во дербито на четвртото коло во групата Б на Светското првенство за ракометари. Триумфот над олимпискиот полуфиналист е четврти во четвртиот настап на „фуријата“ на мундијалот, што и' гарантира едно од првите две места во групата, а Унгарците останаа на четири бода.

Првото полувреме заврши нерешено 14:14, иако Унгарија во два наврата имаше по два гола предност (9:7 и 10:8 во 18. минута), најмногу по заслуга на бековите на чело со ексракометарот на Барселона, Ласло Наѓ. Но, десното крило Алберт Рокас и голманот А��пад Штербик ја одржаа резултатската рамнотежа, а со играта еден на еден во одбраната против Наѓ во вториот дел Шпанците се одвоија на 19:16. Унгарците се доближија на 19:20, по што наидоа на ѕид во шпанската одбрана, па домаќинот со серија од 7:1 поведе со недостижни 26:20 и го реши победникот. До крајот на мечот публиката се забавуваше со правење „бранови“ на трибините.

В сабота е „натпреварот на сите натпревари“ за Шпанија против освојувачот на бронзениот медал на Олимпијадата во Лондон, Хрватска.

Резултати од четвртото коло во групата Ц: Словенија – Белорусија 27:26, Саудиска Арабија – Јужна Кореја 24:22, Полска – Србија 25:24. Табела: Словенија 8, Србија 6, Полска 6, Белорусија 2, С. Арабија 2, Ј. Кореја 0. Последно коло, сабота: Белорусија – С. Арабија (15,45 ч.), Полска – Ј. Кореја (18 ч.), Србија – Словенија (20,15 ч.).

Група Д, четврто коло: Австралија – Алжир 15:39, Унгарија – Шпанија 22:28, Хрватска – Египет 24:20. Табела: Шпанија 8, Хрватска 8, Унгарија 4, Алжир 3, Египет 1, Австралија 0. Последно коло, сабота: Египет – Австралија (16,45 ч.), Шпанија – Хрватска (19 ч.), Унгарија – Алжир (21,15 ч.). (Р.Д.)

Статијата е прочитана 363 пати.


Испрати коментар



(ФОТО) Лесен плен на Германците
Продолжува победничката низа на Клиперси
Доминација на Шарапова, Ивановиќ елиминирана
Ферхан Хасани пет години на Максимир
Водечкото трио во Бундес лигата не дозволи изненадување
Тешко до реприза од Литванија
ИХФ не дозволи одложување, Македонија денеска против Германија
Сплит не издржа, падна во „Борис Трајковски“
Дурент со рекордни 52 коша го збриша Далас!
(ФОТО) Ракометарите ја „избраа" Германија
Армстронг призна за допингот
Ѓоковиќ без проблем, Вердаско ги спакува коферите
Познати се првите петорки за Олстарот
Леброн ги почести Лејкерси со 39 поени
Данска јаготка на шлагот
Македонија ја почнува 2013 година од 80. место
Пипан е новиот селектор на Македонија
Меси ги претстави „Златните топки“, Малага ја изненади Барса
Рома последен полуфиналист во Копа Италија
Леброн во историјата - Најмлад играч со 20.000 поени
Данците без милост за Исланд
Кавчич колабираше на Австралија Опен
Гвардиола се реши за Баерн Минхен
Одземени три бода на Шкендија
ФИФА - Борбата против фудбалската мафија ќе трае уште долго
УЕФА го објави најдобриот тим за 2012 година
Ѓоковиќ како брз воз во Мелбурн
Интер после драма и продолженија во полуфиналето
Бекам се враќа во Милан?
Хрватска ја декласира Унгарија
Виланова го „чепна“ Мурињо
Гвардиола најави доаѓање во Англија
Македонија против една нова Русија
(ФОТО) Исланд и го нанесе првиот пораз на Македонија на СП
Федерер и Мари само се загреваа
Бабунски останува селекторот на младите
Армстронг го признал допингот кај Опра
Фаворитите сигурни во второто коло
МЗТ Скопје поразен од Раднички
Со Исланд почнува вистинското
Фаворитите без проблем на стартот во Мелбурн
Пандев и Наполи се поблизу до Јувентус
(ФОТО) СП ВЕСТИ - Жолт картон за РФМ од ИХФ
Барса соборува рекорди
Тунис ја шокира Германија
Фалкао најави заминување во ПСЖ
Ван Перси и Видиќ му пресудија на Ливерпул
И тоа се случи - Лејкерси победија
(ФОТО) Преку Катар до осминафиналето
Докузовски и Лукоил пријателски се разделија

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Претежно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 11°C, Мин: 3°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 12°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Технолошки новини што доаѓаат во 2013 година
Старата измината 2012 година беше преполна со нови производи и со некое изненадување, а оваа 2013 година......
Прошетка низ историските пабови на Лондон
Не е сигурно дали прецизните Англичани успеале да ги пребројат лондонските пабови, но бројката се врти околу 3.000...
Дарувањето и искреноста како амајлии
Колкупати и да раскажува за своите лични и (не)обични нешта во животот, Есма Реџепова-Теодосиевска секогаш има нова прик...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |