16.01.2013, 14:17 Ѓоковиќ како брз воз во Мелбурн
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ рутински го одработи и второто коло на Австралија опен. Србинот без проблем го совлада 65. играч на АТП-листата Рајан Харисон со 6-1, 6-2, 6-3 за само 91 минута.
За разлика од Ѓоковиќ, неговиот сонародник Јанко Типсаревиќ како да се претплати на маратонски мечеви во Мелбурн. Тој за малку ќе го загубеше дуелот со Лукаш Лачко од Словачка, против кого потроши четири часа за на крајот да слави со 6-3, 6-4, 3-6, 4-6, 7-5.
Други резултати од второто коло, мажи: Вердаско (Шпанија) - Малис (Белгија) 6-1, 6-3, 6-2; Штепанек (Чешка) - Лопез (Шпанија) 6-2, 6-2, 6-4; Квери (САД) - Бејкер (САД) 6-7, 1-1 предадено; Вавринка (Швајцарија) - Камке (Германија) 6-3, 7-6 предадено; Андерсон (ЈАР) - Кузнецов (Русија) 6-1, 7-5, 6-4; Мелцер (Австрија) - Баутиста (Аргентина) 6-7, 6-3, 6-7, 6-3, 6-2; Бердих (Чешка) - Рафин (Франција) 6-2, 6-2, 6-4; Ферер (Шпанија) - Шмичек (САД) 6-0, 7-5, 4-6, 6-3; Багдатис (Кипар) - Ито (Јапонија) 3-6, 6-3, 6-2, 6-2; Донској (Русија) - Јужни (Русија) 3-6, 7-6, 6-2, 3-6, 6-3; Нишикори (Јапонија) - Берлок (Аргентина) 7-6, 6-4, 6-1; Алмагро (Шпанија) - Химено (Шпанија) 6-4, 6-1, 6-2; Јанович (Полска) - Деварман (Индија) 6-7, 3-6, 6-1, 6-0, 7-5.
Жени, второ коло: В. Вилијамс (САД) - Корне (Франција) 6-3, 6-3; Јанковиќ (Србија) - Келер (Португалија) 2-6, 7-6, 6-2; Вотсон (В. Британија) - Первак (Казахстан) 6-4, 7-6, 6-2; Радванска (Полска) - Бегу (Романија) 6-3, 6-3; Ивановиќ (Србија) - Чан (Кина) 7-5, 1-6, 6-4; Женг (Кина) - Стосур (Австралија) 6-4, 1-6, 7-5 итн.
|