16.01.2013, 12:42 Хрватска ја декласира Унгарија
„Коцкестите“ славеа со 30:21 во тоа што требаше да биде дерби на колото во групата Д
Хрватските ракометари уште еднаш се покажаа незгоден ривал за Унгарија, декласирајќи ја со 30:21 во третото коло од групата Д на Светското првенство во Шпанија. Унгарците не поведоа ниту еднаш, а Хрватите уште во 35. минута имаа недостижно водство од 20:12, кое рутински го зачуваа и надградија до крајот на средбата во „Каха махика“ во Мадрид. Десното крило на „коцкестите“, Иван Чупиќ, беше најефикасен играч на мечот со осум гола од десет обиди, Марко Копљар имаше ефект 6/7, а во поразениот тим се издвои Саболч Солоши со 5/5.
Резултати од третото коло во групата А: Тунис – Црна Гора 27:25, Германија – Аргентина 31:27, Франција – Бразил 27:22. Табела: Франција 6, Германија 4, Тунис 4, Аргентина 2, Бразил 2, Црна Гора 0.
Група Б: Катар – Русија 22:29, Македонија – Исланд 19:23, Данска – Чиле 43:24. Табела: Данска 6, Исланд 4, Русија 4, Македонија 4, Катар 0, Чиле 0.
Група Ц: Јужна Кореја – Белорусија 20:26, Србија – Саудиска Арабија 30:20, Словенија – Полска 25:24. Табела: Србија 6, Словенија 6, Полска 4, Белорусија 2, Ј. Кореја 0, С. Арабија 0. Денеска: Словенија – Белорусија (15,45 ч.), С. Арабија – Ј. Кореја (18 ч.), Полска – Србија (20,15 ч.).
Група Д: Алжир – Египет 24:24, Шпанија – Австралија 51:11, Хрватска – Унгарија 30:21. Табела: Шпанија 6, Хрватска 6, Унгарија 4, Египет 1, Алжир 1, Австралија 0. Денеска: Австралија – Алжир (16,45 ч.), Унгарија – Шпанија (19 ч.), Хрватска – Египет (21,15 ч.).
|