18.01.2013, 12:26 Леброн ги почести Лејкерси со 39 поени
„Езерџиите“ не успеаја да ја продолжат серијата, на домашен терен загубија од Мајами Хит со 99:90
По петтиот пораз во серија на Лос Анџелес Лејкерс стратегот Мајк Дантони им порача на своите играчи дека од следниот меч почнува: „новата сезона во која што не смееме да направи погрешни чекори“. И Лејкерси тргнаа во својата „нова сезона“ запишаа победи против Кливленд и Милвоки, но сепак направија погрешен чекор, на домашен терен загубиија од актуелниот шампион Мајами со 99:90.
Откако против Голден Стеј ја премина границата од 20.000 поени и дојде до 5.000 асистенции, 24 часа подоцна Леброн Џејмс ја имаше главната улога. Кошот на „езерџиите“ го наполни со 39 поени, осум асистенции, седум скока и три укр��дени топки, доволно за уште еден триумф.
„На одличен начин ја завршивме оваа турнеја, а на оваа победа сакаме да градиме нови успеси. По поразот од Индијана и Портланд силно посакувавме да играме подобро, трудот на крајот ни се исплатеше“, изјави по мечот Леброн.
Покрај него расположени за игра беа и неговите соиграчи, Двејн Вејд својот 31 роденден го прослави со 27 поени, пет асистенции и четири скока.
Кај домашниот состав најефикасен беше Брајант со 22 поени, но имаше премногу потрошени топки. „Мислев дека играме доволно добро за да ги победиме, но тие се шампиони и покажаа што знаат. Мораме да станеме уште подобри“, е коментарот на Мајк Дантони по поразот на Лејкерси од Мајами.
Лос Анеџелс Клиперс славеа на гостувањето кај Минесота со убедливи 90:77 Џамал Крафорд со 22 поени и Блејк Грифин со 20 поени беа најдобри во таборот на победничкиот состав.
Во третата средба Милвоки извлече триумф на гостувањето кај Феникс од 98:94.
|