Рома е тимот кој последен избори учество во Италијанскиот фудбалски куп. „Римската волчица“ синоќа во Фиренца беше поуспешна од домашната Фиорентина и победи со 1:0 со голот на Матео Дестро постигнат во 7.минута од првото продолжение.
Натпреварот го одбележаа 10. жолти и 3 црвени картони.
Ова беше трето четвртфинале решено по продолженија. Претходно дополнителни 30 минути се играа и на средбите Јувентус - Милан и Интер - Болоња.
За разлика од тие средби каде победија домаќините, синоќа се радуваа гостинските фудбалери.
Двојките за полуфиналето од Копа Италија се Рома - Интер и Лацио - Јувентус. Термините за одигрување на овие натпревари се 22 и 23 јануари, а реваншите се седум дена подоцна.