Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
16.01.2013, 12:16
Македонија против една нова Русија



Русите на стартот убедливи против Исланд, а потоа изгубија по голема борба од европскиот првак Данска

РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ

Русија не е тоа што беше - подобра е. Ако некој има(ше) илузии дека Македонија има макар и мала предност на хартија во денешниот натпревар од 15,45 часот во рамките на третото коло од групата Б на 23. Светско првенство за ракометари во Шпанија, ќе мора да се преиспита. Оптимизмот црпен од фактот дека Македонија беше петта, а Русија претпоследна на Европското првенство 2012 во Србија или од победата со 36:30 во меѓусебниот дуел на мундијалот во Хрватска 2009 значително еродира кога ќе се соочи со настапот на Русите во Шпанија досега. „Зборнаја“ почна со уверлива победа од 30:25 над Исланд, а во второто коло по голема борба загуби од европскиот шампион Данска со 31:27.

„Русија игра побрзо, попаметно, а не како што беше во минатото. Тие можат да стигнат далеку на ова првенство, како и на наредните“, смета данскиот селектор Улрик Вилбек. „Играат неверојатно брз ракомет, побрзо од нас, со повеќе контранапади“.

Од новиот лик на руската селекција е фасциниран и македонскиот селектор Звонко Шундовски.

„Русија е екипа што најмногу напредуваше во овој период. Имаат нов селектор и двајца натурализирани играчи. Играта и пристапот им се поинакви, сега се побрзи, имаат повеќе решенија. Според мене, тие се меѓу главните фаворити за висок пласман на ова СП“, вели Шундовски.

Новите ветришта во рускиот машки национален тим почнаа да дуваат со доаѓањето на кормилото на поранешниот репрезентативец Олег Кулешов (38). Тој стапи на функцијата по дебаклот на ЕП во Србија, на кој му претходеше историската хаварија во баражот за СП 2011 во Шведска, кога беа елиминирани од Романија и првпат во 60-годишната историја на руската (советската) репрезентација останаа без настап на големо натпреварување. Одговорноста ја понесе тогашниот селектор Владимир Максимов, кој продолжи како тренер во првакот Чеховски медведи, од кој доаѓаат деветмина од 16 играчи од рускиот ростер на ова СП. Кулешов дебитира на клупата со две победи над Чешка во мундијалскиот бараж, а неговите избраници успешно ги почнаа и квалификациите за ЕП 2014 во Данска.

Рускиот состав го сочинуваат повеќемина ракометари високи околу два метра, но многу подвижни. Високи по 201 см се голманот Олег Грамс, крилото Егор Евдокимов и бекот Алексеј Растворцев, а меѓу џиновите се издвојува пикерот Михаил Чипурни (190 см и 110 кг). Носители на играта се и крилото Тимур Дибиров и бекот Константин Игропуло, но ѕвезда на бековската линија е натурализираниот Белорусин Сергеј Горбок.

Во однос на последната меѓусебна пресметка пред четири години во Вараждин во рускиот тим се' уште се шестмина, а во македонскиот деветмина.





Статијата е прочитана 455 пати.


Испрати коментар



Армстронг призна за допингот
Ѓоковиќ без проблем, Вердаско ги спакува коферите
Познати се првите петорки за Олстарот
Леброн ги почести Лејкерси со 39 поени
Шпанија ја „нанижа“ и Унгарија
Данска јаготка на шлагот
Македонија ја почнува 2013 година од 80. место
Пипан е новиот селектор на Македонија
Меси ги претстави „Златните топки“, Малага ја изненади Барса
Рома последен полуфиналист во Копа Италија
Леброн во историјата - Најмлад играч со 20.000 поени
Данците без милост за Исланд
Кавчич колабираше на Австралија Опен
Гвардиола се реши за Баерн Минхен
Одземени три бода на Шкендија
ФИФА - Борбата против фудбалската мафија ќе трае уште долго
УЕФА го објави најдобриот тим за 2012 година
Ѓоковиќ како брз воз во Мелбурн
Интер после драма и продолженија во полуфиналето
Бекам се враќа во Милан?
Хрватска ја декласира Унгарија
Виланова го „чепна“ Мурињо
Гвардиола најави доаѓање во Англија
(ФОТО) Исланд и го нанесе првиот пораз на Македонија на СП
Федерер и Мари само се загреваа
Бабунски останува селекторот на младите
Армстронг го признал допингот кај Опра
Фаворитите сигурни во второто коло
МЗТ Скопје поразен од Раднички
Со Исланд почнува вистинското
Фаворитите без проблем на стартот во Мелбурн
Пандев и Наполи се поблизу до Јувентус
(ФОТО) СП ВЕСТИ - Жолт картон за РФМ од ИХФ
Барса соборува рекорди
Тунис ја шокира Германија
Фалкао најави заминување во ПСЖ
Ван Перси и Видиќ му пресудија на Ливерпул
И тоа се случи - Лејкерси победија
(ФОТО) Преку Катар до осминафиналето
Докузовски и Лукоил пријателски се разделија



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Обилни врнежи

Петок
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C

Сабота
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
„Маршот на Дрина“ во ОН ги навреди Бошњаците
Друштвото на иселеници од БиХ во САД тврди дека тоа е озлогласена и насилничка српска националистичка песна...
Уживам кога сум на сцена
Нина Дејан...
За „Роман на годината“ конкурираа 46 дела
Годинава во Редакцијата на „Утрински весник“ пристигнаа 15 романи повеќе од лани, што го отсликува зголемениот интерес, ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |