18.01.2013, 12:34 Локалните медиуми побараа одземање на дозволата на ММИ
Приватните локални радиодифузери ќе бараат да се преиспита работењето и на ЗАМП
Кавадарци - Приватните локални радиодифузери ќе бараат преиспитување на работењето на ММИ и на ЗАМП. Здружението на приватни електронски медиуми ќе достави барање за истрага против ММИ до Финансиската полиција, УЈП и Обвинителството и ќе бара одземање на лиценцата за работа.
На вчерашниот работен состанок во Кавадарци Здружението расправаше за проблемот со двојната наплата на авторските права што ги наметна ММИ и притоа донесен заклучок правдата да ја бара во повеќе фази. Доколку не иницијативата не врдои со плод, во етер ќе се емитува македонска музика со унифициран џ��нгл во кој ќе се информира за проблемот со ММИ. Ако и тоа не даде резултат, ќе следува неколкуминутен прекин на програмата, за наредната фаза опфати и мораториум за македонска музика. Радиодифузерите едногласно усвоија и порадикални заклучоци во случај овие предупреувања да не бидат сериозно сфатени.
На состанокот, меѓу другото беше прифатено да се бара и намалување на процентот што го зема ЗАМП од електронските медиуми по основ на авторски права.
„Одлуките се од пошироко значење, а се донесени со голем легитимитет. Барањето за одземање на лиценцата на ММИ беше едногласно поддржано. Ќе ги искористиме сите правни норми да се преиспита досегашното работење на ЗАМП, зашто проблемот во целина лежи во авторските права. Бидејќи ММИ всушност е надграден и проширен ЗАМП. Цели 15 години без никаков проблем ги плаќаме авторските права, вработуваме и плаќаме даноци. Светската криза кога ни стана и домашна и кога власта се обидува во сите сфери да помогне не е фер ние да добиеме дополнителен товар. Тоа ќе значи затворање за 30 до 40 проценти од медиумите. Не станува збор дали сакаме, туку нема да можеме“, рече Сашо Митаноски, претседател на Здружението на приватни електронски медиуми. (А.Д.)
|