17.01.2013, 09:56 (ФОТО) Џакарта под вода по поројните дождови
Повеќедневните силни дождови ја поплавија индонезиската престолнина Џакарта. Во некои делови од градот е блокиран патниот сообраќај, а илјадници луѓе се принудени да ги напуштат своите домови.
Поплавите ја отежнаа и работата на железничкиот и автобускиот транспорт, а возачите на камиони, застанати по прелеаните патишта, ги присилија да ги остават своите возила.
Властите се обидуваат да евакуираат приближно 100.000 лица, чии домови се поплавени, изјави претставник на Националната агенција за несреќи.
Според него, над 10.000 лица се преместени во привремени засолништа, но многу луѓе, чии домови се поплавени, инсистирале да останат во нив, стравувајќи да не бидат ограбени.
Околу 50 проценти од Џакарта е под вода, што на места достигнува и до четири метри.
Претседателот Сусило Бамбанг Јудхојоно беше принуден да ги одложи за денеска закажаните разговори со аргентинскиот претседател Кристина Фернандес де Кирхнер, затоа што и претседателската палата е поплавена.
Две лица вчера загинале од струен удар.
За време на сезоната на дождови во Џакарта често пати доаѓа до поплави.
Во последните денови беа поплавени и некои други региони на Индонезија.
|