16.01.2013, 14:46 И кај нас се врати свинскиот грип
И во Македонија се врати свинскиот грип. По две години пауза, кај нас, се регистрирани првите случаи на свинскиот или пандемсикиот грип. Иако, пред само два дена неможеше да сешеа Вирусот на свински грип (Х1Н1) и лаборатирски е потврден кај двајца болни кои како потешки случаи се згрижени на Клиниката за инфективни болести. Тие ја добиваат потребната терапија и се во добра здравствена состојба, информираат од Министерството за здравство.
Покрај свинскиот грип, во земјава го има и сезонскиот грип (Х3Н2), кој е докажан кај еден пацинет кој исто така е сместен на Инфективната клиника. А бројот на болни расте. Во првите две недели од месецов се регистрирани 411 слуачи со симптоми со грип, со што од октомври минатата година досега борјот на зболени изнсува над илјада.
По лаборатириските потврди за првите случаи на грип, заседавала и комисијата за следење на состојбата со грип. Таа заклучила дека бројот на клинички дијагностицирани заболени од грип е помал, во однос на бројот на заболени во истиот период лани, со тенденција за зголемување на на бројот на заболени во следниот период.
Но, матичните лекари ги посетуваат на потребата од навремена терапија со тамифлу кај пациентите со ризик, како што се деца под две години, бремени жени и хронично болни лица. Лекот Тамифлу е бесплатен и пациентите со рецепт од матичниот лекар може да го подигнат во петте поликлиники во Скопје, во аптеките во здравствените домови низ државата, како и во службите за Итна медицинска помош. (Ј.Ј.В.) |