17.01.2013, 09:18 САД ги прекинаа летовите на сите авиони „Боинг-787“
САД донесоа решение за времено прекинување на летовите на „Боинг-787“ (Дримлајнер), кои ќе бидат подложени на преглед за безбедност, по серијата инциденти со овој вид на авиони.
- Пред идните летови, компаниите кои користат Боинг-787, ќе треба да ја докажат безбедноста на авионите, соопшти Федералната авијациска администрација на САД.
Авионите од типот „Дримлајнер“ доцнат и откажуваат летови поради истекување на масло и гориво, имаат проблем со акумулаторите и неисправност во сопирачкиот систем.
Со одлуката на Федералната авијациска администрација на САД 30 од 50 авиони „Боинг-787“ во светот засега нема да можат да летаат.
Чилеанската авиокомпанија „ЛАН Ерлајнс“ соопшти дека ги прекинува летовите на своите три авиони „Боинг-787“ по препораката о�� САД.
Истовремено, сите авиони од овој тип, кои работат во Јапонија, ќе останат приземјени, пред да биде потврдено дека се технички исправни.
Авијацискиот регулатор на Индија, исто така, соопшти дека и наредил на „Ер Индија“ да ги прекине летовите на сите шест авиони „Дримлајнер“, откако е изразено сомневање за нивната безбедност.
Од компанијата „Боинг“ изјавија дека нивните авиони „Дримлајнер-787“ се безбедни.
- Ние сме убедени дека 787 е безбеден. Ќе ги преземем сите потребни чекори во следните денови за да ги увериме нашите клиенти и патници во безбедноста на „Дримлајнер“ и авионите ќе се вратат во употреба, наведуваат од компанијата. |