18.01.2013, 13:09 Познати се првите петорки за Олстарот
Собирот на најголемите ѕвезди е закажан од 15 до 17 февруари, а ќе се одржи во Хјустон
По повеќе од еден месец отворено гласање познати се стартните петорки со кои ќе почне мечот меѓу најголемите ѕвезди во Олстарот на НБА-лигата. Во Западната конференција најмногу гласови освои Коби Брајант (1.591.437), кој 15 пат е дел од овој егзибициски натпревар. Покрај ѕвездата на Лејкерси во првата петорка на Западот ќе се појават Крис Пол, Кевин Дурент, Блејк Грифин и Двајт Хауард.
Кај Истокот сосема очекувано најмногу гласови отидоа на контото на Леброн Џејмс (1.583.646), а друштво ќе му прават Ражон Рондо, Двејн Вејд, Кармело Ентони и Кевин Гарнет.
За потсетување, од оваа година во натпреварите од Олстарот е исклучена пози��ијата центар. Останатите резеврни кошаркари (по седум во двата состава) ќе бидат познати во текот на наредната недела, а нив ќе ги одберат тренерите на двете конференции.
Собирот на најголемите ѕвезди е закажан од 15 до 17 февруари, а ќе се одржи во Хјустон.
|