17.01.2013, 13:18 Леброн во историјата: Најмлад играч со 20.000 поени
Ѕвездата на бранителот на шампионскиот прсетн триумфот над Голден Стејет (92:75) го прослави и со бројка од 5.000 асистенции
Мајами Хит славеше на гостувањето кај Голден Стејт (92:75), а мечот мина во знакот на Леброн Џејмс кој веќе во втората четвртина влезе во историјата на НБА. Леброн влезе во друштвото на најмладите играчи со 20.000 поени рамките на најсилното светско клупско натпреварување.
Ова достигнување го има остварено и Коби Брајант, истата бројка на поени ја надмина на 29 години и 122 дена, а додека Џејмс на 28 години и 17 дена. Во триумфот на бранителот на круната постигна 25 поени, 10 асистенции и седум скока. Овој меч дефинитивно ќе остане запа��етен бидејќи најдобриот играч на Мајами дојде и до бројката од 5.000 асистенции.
„Јас сум комплетен играч. Доминирам во сите аспекти од играта, од се по малку. Ова е потврда дека израснав во кошаркар на каков ме подучуваа многу луѓе“, вели Лберон Џејмс.
Екипата на Сан Антонио продолжи со одличните игри без проблем го совлада Мемфис (103:82) и ја продолжи својата доминација на домашен терен запишувајќи го 13 триумф.
Тим Данкан со 19 поени, осум скока и пет блокади беше лидерот кај Спарси, Тони Паркер додаде 17 поени и 11 асистенции.
„Нашата одбрана беше доста лоша, играчите не се држеа до своите позиции и ги имаше насекаде. Ротацијата беше лоша, и во одбрана почесто доаѓавме во позиции да имаме играч таму каде што не смеевме да бидеме“, изјави по мечот стратегот на Мемфис Лионел Холинс.
Поразот од Чикаго Булс дефинитивно го налути составот на Атланта, а на своја кожа тоа најдобро го почуствува Бруклин Нетс. Без својот најдобар играч Џош Смит Хоукси успеаја да ја прекинат серија од седум победи во низа на Нетси и на крајот да дојдат до важен триумф 109:95.
Џеф Тиг со 29 поени и Девин Херис со 18 поени беа најзаслужни за брзата рехабилитација на својот тим.
„Многу сме исцрпени. Не уништија со брзата игра, целосно не претрчаа. Не надиграа во секој аспект од играта, беа агресивни, имаа одличен протек на топката и без Џош Смит одиграа сјајно“, коментираше по средбата стратегот на Нетси Пи Џеј Карлесимо.
Резултати: Торонто - Чикаго 105:107 (пр.), Орландо - Индијана 97:86, Атланта - Бруклин 109:95, Далас - Хјустон 105:100, Оклахома - Денвер 117:97, Бостон - Њу Орлеанс 78:90, Сан Антонио - Мемфис 103:82, Сакраменто - Вашингтон 95:94, Протланд - Кливленд 88:93, Голден Стејт - Мајами 75:92. |