16.01.2013, 15:50 ФИФА: Борбата против фудбалската мафија ќе трае уште долго
Директорот на одделот за безбедност во Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Ралф Мучке денеска изјави дека претстои долга борба против мафијачките групи кои ги местат натпреварите.
Тој истакна дека ФИФА минатата година започнала 20 истраги за корупција ширум светот.
Поранешниот функционер на Интерпол сепак призна дека „реално, нема начин ФИФА да го победи организираниот криминал кој се обложува на наместени натпревари“.
Мучке нагласи дека во борбата против овој криминал е потребно да се вклучат националните полициски служби и побара од Интерпол да ги убеди своите членови да помогнат. |