18.01.2013, 13:33 Комерцијална банка најдобра за девизно работење
Комерцијална банка ја доби наградата за најдобра банка за девизно работење во земјава за 2013 година од магазинот „Глобал фајненс“.
Уредниците на магазинот „Глобал фајненс“, во соработка со индустриски аналитичари, директори на корпорации и технолошки експерти, го направиле изборот на најдобри банки во светот за девизно работење.
Наградата за најдобра банка за девизно работење во Македонија за 2013 година магазинот и' ја додели на Комерцијална банка, соопштуваат од банката.
Изборот на најдобрите банки за девизно работење е направен според критериумите како што се големина на трансакција, удел на пазар, обем на глобална покриеност, услуги на клиенти, конкурентни цени и иновативни технологии. (Ек.Р.)
|