18.01.2013, 14:22 Марко Зврлевски – нов јавен обвинител
Досегашниот прв човек на скопското обвинителство, Марко Зврлевски ќе биде новиот Јавен обвинител на Македонија. Зврлевски ќе биде на чело на Државното јавно обвинителство наредните шест години.
Владата ја прифати кандидатурата на Зврлевски и овој предлог оди на седница на Собранието. Тој беше единствениот кандидат за наследник на актуелниот прв човек на Обинителството, Љупчо Шврговски, кому шестгодишниот мандат му изминува на 24 јануари оваа година. Рокот за пријавување заврши на 10 јануари.
Зврлевски целиот професионален стаж го помина во Обвинителството, а во моментов е и претседател на Здружението на јавни обвинители на Македонија. Запрашан за мотивите за пријавувањето на конкурсот,Зврлевски во изјавата за нашиот весник вели дека „тоа е врв на секоја обвинителска кариера“.
Зврлевски ќе биде петтио�� по ред државен јавен обвинител од донесувањето на новата законска рамка во поновата македонска плурална историја,почнувајќи од Стеван Павлески, Ставре Џиков, Александар Прчевски и Љупчо Швговски. (П.Р.) |