17.01.2013, 10:37 Прва егзекуција со електрична столица во САД од 2010 година
Американец, кој убил двајца затвореници, ќе биде егзекутиран со електрична столица. Ова е првата егзекуција од ваков вид од 2010 година досега.
Четириесет и две годишниот Роберт Глејсон уби двајца затвореници додека ја отслужувал затворската казна.
Тој воопшто не изразил жалење за извршеното злосторство, не се жалел на пресудите и не поднел барање за помилување. |