18.01.2013, 13:58 Ѓоковиќ без проблем, Вердаско ги спакува коферите
Србинот и понатаму продолжува без загубен сет на Австралија Опен, Чехот Штепанек го совлада со 3:0 (6-4, 6-3, 7-5)
И во третото коло на Австралија Опен бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ без проблем дојде до нова победа - вредна пласман во осмина финалето. Радек Штепанек беше тенисерот кој што можеше да ја почуствува доминантната игра на првиот тенисер во светот. Србинот и понатаму продолжува без загубен сет, Чехот го совлада со 3:0 (6-4, 6-3, 7-5).
„Ова беше засега најтешјиот меч на турнирот. Не ни очекував дека ќе биде лесно. Штепанек сака да игра на големи сцени, видовте колку многу се забавуваше. Одигравме атрактивен ме“, изјав�� по дуелот Новак Ѓоковиќ, кој во осмина финалето за противник го доби 15 носител Станислав Вавринк, кој исто како и Србинот до сега нема загубено ниту еден сет.
Со Мелбурн ќе се збогува Фернандо Вердаско, по пет сета загуби од Андерсон со 3:2 (4-6, 6-3, 4-6, 7-6, 6-2). За разлика Вердаско неговиот сонародник Алмагро обезбеди место во наредната фаза каде силите ќе го одмери со Србинот Јанко Типсаревиќ.
Во останатите средби Бердих го совлада Мелзер, а додека Ферер беше убедлив против Багхдатис.
Третото коло во Мелбрун ќе биде комплетирано денеска, рано изутрина главните фаворит за освојување на титулата Роже Федерер и Енди Мери одиграа тешките дуели против Томиќ и Беранкис.
Во женска конкуренција српската пресметка ја доби Ана Ивановиќ, со 2:0 (7-5, 6-3) ја победи нејзината сонародничка Јелена Јанковиќ и во наредното коло ќе игра против Агњешка Радванска.
Второто дерби кај дамите помеѓу Марија Шарапова и Венус Вилијамс мина во знакот на Русинката на која што и беа потреби два сета за да дојде до нова победа во Мелбурн (6-1, 6-3).
Убедливи триумфи остварија Радванска и Ли Ни, како и Серена Вилијамс која што не дозволи проблемот со повредите да имаат влијание на крајниот резултат против Шпанката Мигурузи. На крајот триумфираше со убедливи 2:0 (6-2, 6-0).
|