Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
13.01.2013, 20:02

(ФОТО) Преку Катар до осминафиналето 



По две целосно спротивни полувремиња, Македонија победи со 34:30 и, практично, веќе е меѓу 16. најдобри селекции во светот

ФОТО (специјално од Севилја)
Петр Стојановски

Македонските ракометни репрезентативци им одеа по нервите на своите фанови и против Катар како ден претходно со Чиле, но победија со 34:30 и речиси го обезбедија пласманот во осминафиналето на Светското првенство во Шпанија. Основната цел е остварена благодарение на речиси совршеното прво полувреме, кое Македонија го доби со 22:13 и во кое имаше само три промашувања, а до 16. минута ги погоди сите 11 удари кон катарскиот гол! Ефикасноста значително опадна во вториот дел поради олабавувањето во македонските редови, па црвено-жолтите го завршија мечот со 77-процентна прецизност, но мора да бидат задоволни со резултатот бидејќи малку недостигаше да направат од готово вересија. Толку се задоволија со огромната предност што заборавија на одбраната, по нереализираните напади се враќаа пред својот гол како полжави, а тоа Катарците немилосрдно го казнуваа и во 50. минута се доближија на само два гола негатива (26:28). Тогаш голманот Борко Ристовски одбрани неколку „зицери“ на противникот, а Стојанче Стоилов и Кирил Лазаров повторно ја вратија Македонија на плус четири, разлика што остана и на крајот.

Одличниот впечаток во првиот дел го расипа лошата игра во вториот, кога избраниците на селекторот Звонко Шундовски не се снаоѓаа со противничките одбранбени зони 3-2-1 и 3-3, па примаа лесни голови од полуконтранапад. Македонските ракометари загубија дури 31 топка (!), осум повеќе од средбата со Чиле, па повторно беа принудени на мускули да ја одбранат победата. И пак капитенот Лазаров беше најрасположен во македонскиот тим, погодувајќи девет од десетте удари кон голот на Катар, за што беше прогласен за играч на средбата.

АНГЕЛОВСКИ: СЕ БРОЈАТ ПОБЕДИТЕ

Кирил Лазаров: „Одигравме одлично прво полувреме, едно од најдобрите што оваа репрезентација ги има одиграно, но во вториот дел повторно ни се врати ситуацијата од првото коло и мечот со Чиле. Ако погледнеме подобро во статистиката, ќе видиме дека не само на овој натпревар, туку и со Чиле, најголем дел од головите ги примаме од брз центар и од полуконтри. Одбраната ни е добра, но грешките што ги правиме во нападот не' чинат скапо“.

Наумче Мојсоски: „Одигравме одлично прво полувреме, но во вториот дел повторно почнавме да играме слабо. Разговаравме пред мечот, рековме дека ќе ја цениме секоја топка, но така беше само во првиот дел. Ако играме како во првиот дел, ќе имаме шанса да ги победиме и Исланд и Русија и Данска. Ако, пак, играме како во вториот дел - не“.

Бранислав Ангеловски: „Треба да престане да се зборува за осцилации, се бројат само победите. Победивме два пати и се пласиравме во осминафиналето и тоа е најважно. Повеќе би сакал да играме вака и да победуваме, отколку како лани со Данска, да играме одлично и да загубиме“.

Катар – Македонија 30:34

Полувреме: 13:22. Сала: „Сан Пабло“ во Севилја. Гледачи: 500. Судии: Какадор и Николау од Португалија. Седмерци: Катар 2/3, Македонија 3/3. Исклучувања: Катар 8 минути, Македонија 10 минути. Загубени топки: Катар 18, Македонија 31.

Катар: Јафаи (5 одбрани), Ал Маалем (1 одбрана), Мабрук 4/9, Ал Салти ал Крад 0/2, Мадади 2/5, Рамазан 2/3 (0/1), Синен 2/2, Абдел Хак 2/4, Мемишевиќ 1/2, Ал Рајес 1/3 (1/1), Ал Хаџри, Мурад 1/3, Азиза 4/6 (1/1), Буменџел 5/7, Хедхер 1/2, Осман 5/7.

Македонија: Митревски (4 одбрани), Ристовски (9 одбрани), Манасков 6/6, С. Стоилов 3/4, К. Лазаров 9/10 (3/3), Јоновски, Ангеловски 0/1, Темелков 2/3, Миркуловски 0/1, В. Маркоски 1/1, Н. Маркоски 2/2, Н. Мојсоски 6/8, Димовски 1/1, Георгиевски 1/3, Ф. Лазаров 2/2, Левов 1/2. (Р.Д.)






 


Статијата е прочитана 1626 пати.


Испрати коментар



МЗТ Скопје поразен од Раднички
Со Исланд почнува вистинското
Фаворитите без проблем на стартот во Мелбурн
Пандев и Наполи се поблизу до Јувентус
(ФОТО) СП ВЕСТИ - Жолт картон за РФМ од ИХФ
Барса соборува рекорди
Тунис ја шокира Германија
Фалкао најави заминување во ПСЖ
Ван Перси и Видиќ му пресудија на Ливерпул
И тоа се случи - Лејкерси победија
Докузовски и Лукоил пријателски се разделија



Secko, 13.01.2013 20:28:13
Bravo nashi momcinja, macno i tesko, ama i vecerva uspeavte!!!Kolku e poteska pobedata, tolku e poslatka! Potrudete se i na skepticite pokazete im deka ne slucajno ste vo Spanija. Srecno i so uste nekolku pobedi ma kakvi bile, Vie ke bidete nasa sportska LEGENDA!
Zlate Petrovski, 13.01.2013 22:50:06
Napre Makedonijo , ako vaka igrate kako protiv Katar vo prvoto poluvreme . Prvoto mesto ne vi bega , sepak pobedata e vazna 34 : 30 , bravo i cestitki do celiot Rakometarski tim na REPUBLIKA MAKEDONIJA .
Bivshi struzanec, 14.01.2013 01:28:56
Congratulations!!! Ama нешто не можам да сфатам како национални дресови на една држава се наполнети и напумпани со реклами како тие играчи да ги репрезентираат на аџи бадем или вип. За срамота

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Магла

Вторник
Облачно
Макс: 9°C, Мин: 3°C

Среда
Локални грмотевици
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка
Звукот треба да го инспирира слушателот
„Самата наративност на музиката дозволува апсолутно индивидуално доживување“, вели перкусионистот Гоце Наумов, член на г...
Непростливи неправди на „Оскарот“
Американската академија на филмски уметности никогаш им го нема доделено „Оскарот“ на легендите на филмот, како Алфред Х...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |