Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
14.01.2013, 16:04

Мое ќоше

Да живее народниот фронт

Ерол Ризаов

Има петли кои мислат дека сонцето изгрева поради нивното кукуригање

Многу кренаа глава разните домашни непријатели откако надворешните замолкнаа. Дојден е последниот час за конечна пресметка со сите предавници и ненародни елементи кои сакаат да ја приграбат власта бунтувајќи ги мирните граѓани и сеејќи хаос на сите страни. Свесните и здрави сили на ова општество формираа народен фронт што ќе ја запре наездата на разни отпадници, авантуристи, платеници, матикаши и други штетници кои чекаат во заседа да му го згазат достоинството и гордоста на напатениот народ. Да живее народниот фронт на Македонија. Смрт на фашизмот, слобода на народот. По големата сенародна поддршка на мудрата власт и омилениот водач, природно беше спонтано да се формира уште еден Фронт да се спречат сите обиди да дојде до државен удар и уривање на придобивките од Револуцијата.

Видов некои мои драги луѓе како седат гордо како големи патриоти во иницијативниот одбор за формирање сенародно, непартиско и преродбеничко движење кое ќе не' однесе на нашиот Газиместан, веројатно некаде на Солунско Поле, каде што ќе им се зададе последниот удар на душманите со историските зборови „десио се народ“. Да, и во Македонија еднаш мора да се случи народ како кај комшиите. По тоа, неминовен е поразот на кочничарите на сите избори без оглед дали се локални, парламентарни, претседателски, редовни и предвремени. Секогаш убедливо, фер и демократски победува вождот. Нека дојдат сите светски и белосветски набљудувачи и пазачи од ОБСЕ, мобсе и разни сороси и мороси, вождот победува секогаш со гаранција поради тоа што е омилен кај народот и ги исполнува своите ветувања. Затоа што владее праведно и мудро и не дава никој однадвор и од дома да му се меша во работата. Ако не е тој, отиде земјата јабана, останавме без држава и без име и презиме, без идентитет и без јазик.

Е па драги пријатели, ви честитам на големата храброст што застанавте рамо до рамо со власта и што ја зазедовте вистинската страна во овие матни и тешки времиња. Голема храброст е секогаш да се биде со власта. Таму е местото на вистинските патриоти и интелектуалци. Јас и овој пат немам петле да тргнам по вашиот пат. Останувам како и сите кукавици со послабиот и со губитниците. Како осведочен непријател на татковината, не ми личи да бидам со вас во првите борбени редови. Претпоставувам дека се гордеете што им зададовте смртен удар на опозиционерите во парламентот. Наслушнав дека вашиот фронт ќе се вика „црн понеделник“. Не е тоа лошо име за едно движење како вашето. Влечењето на жени-пратеници по патосот на парламентот од вашите содружници сите не' исполни со стравопочит кон херојскиот чин. Такво јунаштво можат да направат само народни херои. Народот македонски како и сите други народи што живеат во Македонија ќе го паметат овој историски миг додека се живи. Првпат од АСНОМ до денес видоа вакво жртвување за татковината. Посебно ми се бендиса што ви дадоа поддршка големите и значајни медиумски куќи и телевизии и го овековечија вашиот придонес во еден клучен момент од историјата на Македонија. Ова македонските независни и слободни медиуми со радост го приопштија, бидејќи имаше една мала група новинари кои беа присутни на црниот понеделник во парламентот подготвени да извршат предавство и да снимаат и да пишуваат што се случувало таму. Вашата народна полиција, за среќа, го спречи тоа. Новинарите навреме беа избркани оттаму каде што тој ден не смееја да бидат. Штета што една бремена пратеничка и таа кукавица снимила некои хорор сцени од собраниската сала кои влегоа во колективното паметење на граѓаните кои уште мислат со своја глава.

Воопшто не се сомневав дека и вам ви е местото во еден ваков фронт против својот народ, добро де, против оној непослушен и кукавички дел, бидејќи имате по овие прашања цврст и постојан став, еве, веќе ќе биде седум години. Уште кога оние неранимајковци студентчиња од Архитектонски факултет излегоа да го спасат плоштадот, вие прашавте што мајка бараат таму кај што не им е местото. Исто така, реагиравте кога ги избришаа имињата на улиците на народните херои од НОБ и ги сменија имињата на училиштата, демек што мајка барале да одат во партизани. Кога нивните следбеници се' уште живи борци маршираа зошто им ги зедоа просториите, пак прашавте - а што мајка барале баш таму да имаат простории. Херојски храбро откривте што мајка барал и Мартин Нешкоски тој ден на плоштадот кога портокаловиот ред славеше една од своите многубројни изборни победи. Се согласивте со соучесниците на убиството на Мартин кои криеја што му се случило на младото невино момче на само 50 метри од вождот. Детето направило голем грев, сакало да слави на истата бина со вашите инспиратори и идоли. Тоа се плаќа со живот. Во тој ист ред маршираа и актерите, музичарите, пензионерите, пчеларите, спортистите, земјоделците, учителите, лекарите, возачите, еве сега мислам дека е многу чесно што и вие веќе јавно и храбро застанувате таму кај што припаѓате. Чуму криење.

Има петли кои мислат дека сонцето изгрева поради нивното кукуригање. Нели?

Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот






Статијата е прочитана 4423 пати.


Испрати коментар



Политиката ја покри економијата
Прешево останува долина
Собрание
Современ македонски комунизам (социјализам)
Од Вевчани вртат глава



USA, 15.01.2013 00:25:44
Neodamna na ALFA TV izjavivte deka treba da se vrati demokratijata od 90te za Makedonija da funkcionira i deka togas poslobodno se kritikuvalo od denes. Tokmu od toa Gospodine Rizaov e zgrcen narodot i poddrskata vo korist na opozicijata. Od taa vasa otvorena kritika otidoa jabana i ime, zname, privatizacija, sudii, fiskalni crni vreki so pari i do pred nekoja godina zemjata izgledase isto kako 1970ta. Nema poveke makedoncija, tie sto ste, prebrojte se. Drugite se makedonci.
David, 15.01.2013 00:37:31
Ако нешто импресионира од Народниот фронт, тоа секако е фризурата и артистички наместената поза на претпотопна загриженост на спикерката. Невешто го изрецитира фронтовското соопштение, меѓутоа, од разбирливи причини. Некој од партиската идеолошка школа кој и го поттурил епохалното обраќање кон заблудениот дел од народот, не беше ги доучил сите букви. Ниту пак стигнал до онаа лекција во која се набележани возвишените ведности на човечкиот морал и достоинство. Народен фронт на платени подлеци. Лош човечки материјал.
Коста Стоименовски, 15.01.2013 01:00:34
Пред околу една година лидерот на владејачката партија изрази желба неговата партија да прерасне во општонародно движење. И тоа постепено се реализира. Општеството е радикално поделено по разни основи и функционира на принципот на племенски заедници. Членовите на владејачката пл��менска заедница се максимално заштитени и привилегирани. Еден пријател кој не е симпатизер на привилегираната племенска заедница вели - „Алал нека им е си ги штитат своите членови.“ Еден наставник беше осуден поради педофилија, но кога беше објавено дека е член на владејачката партија судот го ослободи! Во општеството постои уверување дека власта „се претера“ (Велија). Со секоја нова победа на изборите станува се поарогантна и понасилничка, што кулминира со исфрлањето на опозицијата и новинарите од Собранието. Во општеството созрева сознанието за промени, но, за жал, опозицијата се уште не може да се наметне како алтернатива на власта, првенствено поради недоволниот кредибилитет на лидерот на опозицијата!
Bravo Erole!, 15.01.2013 01:14:13
Iskreno, se sramam sho sum makedonec i ne znam kade da pobegnam od toj sram. Ajde onie shto se neobrazovani, na strana i onie shto zele diploma, a ne znaat ni kade e uchilishteto/fakultetot, ama vo taa masa podrzuvachi na vlasta sepak ima i obrazovani i intelegentni ludje. E poradi niv se sramam! Poradi takvi kako niv, ne mozeme da prkneme i da go smenime ligaviot makedonskiot kod - bezsramno kolenichenje pred sekoja vlast, ma chija i kakva bila! I tradicionalno, sekogash so opravduvanje (*vlaknata se krivi*), vo sluchajov - Branko e kriv! A dodeka beshe na vlast i nemu mu se klanjaa. Koj li beshe togaj kriv? Bitno e opravduvanjeto. Seto drugo e prepushteno na sudbinata. Ama ne veruvam deka taa sudbina ushte ednash ke ne posreci so nekoj Tito, naprotiv!
Lucifer, 15.01.2013 01:40:02
Pa Erole , mora zdravite snagi na naseto opstestvo pod bezgresnoto vodstvo na vozdot da se obedinat vo odlucnata i presudna borba so otpadnicite, predavnicite , platenicite i site onie temni slili koi sakaat da ja zakocat prerodbata . I ubavo ime si odbrale crni ponedelnik!! Eve vo denesniot vesnik eden umetnik , pripadnik na tie zdravi patriotski snagi , vo vizionerski zanes ,ova nedolicno odnesuvanje go objasnuva so satanskiot oblik na zgradata na parlamentot i nejzinata submisivna polozba. Mosne interesna teza i ako ja dokazi toa ce bide golemo otkritie ne samo za Makedonija no i za Evropa pa i poziroko. Izglada ce treba da se izucuva i toj satanizam , za da se odbranime od nego.
zik, 15.01.2013 02:05:06
кој душман че влезе жив нема да излезе!
Кубур, 15.01.2013 02:40:58
En iyi jazl. Прекрасен текст. Aferin
respekt, 15.01.2013 02:48:13
Во омразениот им комуњарски систем имаше Народна Армија, Народна Полиција , Народен Суд а и Ченто бил осуден во име на Народот. Денес,овие ДПМНЕ-вциве уште пософистицирано го (зло)употребуваат тој волшебен збор Народ. Формирањето на сеНАРОДНОТО непартиско движење е почеток на крајот на ,,ненародната опозиција,, која по секоја цена сака да ја урне оваа од народот избрана власт. Сенародниот фронт, под паролата С.Ф--С.Н. ке се пресмета со сите отпадниции и непријатели на народот,(како што е сегашнава опозиција), па потоа ,,спонтано,, ке прерасне во политичка партија СДСМ--Сенароден Фронт. За да не се трошат непотребно пари за избори,Сенародниот Фронт ке се припои со Матичната партија ВМРО-ДПМНЕ. Остваруваме, од ЕДНОУМИЕ во БЕЗУМИЕ!
cane sokolovski, 15.01.2013 03:24:49
Погледни ja тиранијата на партијата - во она што се нарекува партиска верност, партиска лојалност - замка измислена од страна на партиските планери за себични цели - во која гласачите се претвораат во подвижни имоти кои ги движат кај сакаат, и во робови, зајаци, користејќи перфидно она што е нај скапоцено кај нив - нивните гласови, и сето тоа во исто време кога нивните господари самите викаат ѓубре за слободата, независноста, слободата на мислење, слободата на говорот, искрено несвесни за фантастичната противречност и тотална хипокризија, и заборавајќи дека нивните татковци и цркви ги извикуваа истите богохулства една генерација порано, кога ги затвараа вратите за гонетиот роб, удирајќи ги неколкуте бранители на човечки права со Библиски текстови и бастуни, и прифаќајќи ги навредите во исто време лижејќи им ги чизмите на нивниот Јужначки господар. E ова е од Марк Твен! Каква аналогија! Само онај дел со подвижни имоти кој асоцира на партиски автобуси. Разликата е во нијанси!
Baba Zumbula, 15.01.2013 03:40:51
Statijava bi bila vo zanr na komedija,vokolku ne e vistinita.Vaka e tragikomedija koja ne veruvam da mnogute patrioti prerodbenici ke ja razberat.??Ovoj od USA mnogu gi razbira rabotive.Ist e kako tefljonceno na Evda.Kamo sreka da zaglavivme vo 1970!Vaka sme zaglaveni okolu 1860-1870.Vo neobul.So ubo kazue za crni vreki,privatizacii,gjoa da bea segasnive na vlast ke bese Eldorado.Ihhh!Eve kako za primer na web http://www.burevesnik.org/mk/2011-07-09-13-25-27/item/200-недопирливиот-орце-и-неговите-послушни-паразити.html i na web http://www.burevesnik.org/mk/2011-07-09-13-25-27/item/273-сам-на-себе-продавам-сам-од-себе-купувам.html Ova samo da se vidi kako po smena na prethodnite segasnive se spravuvaat so kriminalot.Od sto se spravuvaat duri i se pokumija so nekogas najnaprednoto i naj sds-ovsko cedo.Tefljonce,ti sto ke izjavis po procitanoto?Tzi dupka ne e dupka?E pa izvaj si gi zamaglenite okalki(like za 5001 od baba)i prosetaj do Prometej,da mu promenis gakickite,i vozduh da te fati!
Oskar, 15.01.2013 07:56:11
Ova sto denes se slucuva vo Makedonija e prosto nesvatlivo, dotolku da se nema moral i obraz vo iznesuvanje na mislenje. Mozno li e, vadenje na kabel od telefon, sednuvanje vo drzavnicka fotelja, sednuvanje na masa da bide unistuvanje na drzaven imot i toa da bide pogolem grev od grubo nasilno isfrlanje na narodni izbranici i novinari od Parlament, mozno li e da se tvrdi deka na nekoj sobir na koj imalo min. 20.000 gragani, deka imalo 3.000. Za da bide apsurdot uste pogolem vakvi izjavi davaat afirmirani lugje so tituli na eksperti, novinari d-ri na nauki, Mozno li e ovie dve mislenja da se sretnat i zaednicki da najdat izlez od nedorazbiranjata. NE. Sosema e jasno deka ovde se raboti za namerno izvrtuvanje na faktite. Zalam sto dosega ne se najde nacin da se spreci vakvoto nemoralno odnesuvanje.
ФЕЛИКС, 15.01.2013 08:18:23
Инаку околу појот на петлите од сите бои може да се согласам,вака по навика никако оти е ептен сепаратно.Тоа што имамеНароден Фронт не е ништо за чудење кога во исто време имаме востание и востаничка променада сега по семафорските раскрсници:Нормален потег и тоа денски за разлика од ночното цупкање во место околу Рекорд.Замената на ноќното со денското протестирање е од тактички причини.Оти мора да се одговори на злобните коментари да ноќното цупкање да ти било малубројно. Па така на дневна светлост ќе се види бројчаната немоќ.Од друга страна евоцирањето спомени за сите оние кој беа предходница на денешниве востаници (кој се без меѓународна подршка,а авторот за тоа нормално премолчува)говори за сета немоќ,и обид за куражење преку вакви текстови. А за воља на вистината народот во огромен број е против.Па и затоа е и бојкотот на локалните избори и правење топ листи на непријатели надворешни.Нешто што се знае а разбира се не се коментира аналитички.
Брајан, 15.01.2013 08:33:03
Да живее Народниот Фронт на Јудеја! Или се вика Националниот Фронт на Јудеја? Или Јудејски Народен Фронт.Смрт за сите што сакаат демократија , нели УСА? Само така ќе нема предавници , ќе нема амнезија за воени злочинци , нема поклонување пред споменикот на УЧК , нема менување имиња на училишта. Нема веќе никој да ни го плаши Пастирот да избега дури во Америка!Народот , оној свесниот и неписмениот е со нас!
Nabljuduvac, 15.01.2013 08:46:43
dobar si, dobar.
Nekoj, 15.01.2013 08:49:30
Ubaini !Sojuzot za idninata ja ostvari svojata cel,gi natera site koi mudro si molcea da se pojavat vo javnosta.Raznorazni alanliticari se rastrcaa po studija,frcat izjavi na site strani.Karakamiseva cita Ustav kako i odgovara.Zikov sega se setil sto pravel Branko.Bozinovski peni na site strani, kako narodot e so vlasta.Slucajnost ili ne,Premierot e nadvor od Drzavata na denot na albanskoto zname, a Diplomatite go slavat Bozic ,znaci ne se vo zemjata bas na 24.12. koga nekoj resi deka MORA da se donese budzetot a imase uste nekolku dena na raspolaganje???
melbourne, 15.01.2013 08:50:05
Ne mozat da si dozvolat tie od vlasta da dojdi na vlast nekoj drug, zosto mnogu zlostor imaat napraveno.Tie se poopasni od raneta mecka,ke izedat sekogo samo da ne odat vo zatvor.
deutschland, 15.01.2013 08:54:32
VLAST-OPOZIZIJA imame vlast sto e legalno izbrana na izbori i toa nekolkupati po red!so svojata programa a i svoite dela vlasta na nekolku izborni ciklusi go pridobiva mnozinstvoto narod koj uporno stoi cvrsto zad VLASTA.opozicijata-sdsm pocnuva da se rastura pa kako posledna nades se vraka branko na celo i postignuva nesto podobar rezultat na izbori,ama sepak nedovolno za smena na vlasta.togas sdsm pocnuva so sozdavanje na LAZNA slika za opstestvoto vo MK,nema slobodni mediumi,cenzura,drzavata ni propaga,ni se zadolzuva i sl.i baraat predvremeni izbori i gi dobivaat i pak GUBAT.i sega sto ponatamu-RADIKALIZACIJA ima vo sobranie da pravime haos,site zakoni ke gi kocime,na mnozinstvoto nema da mu dozvolime da raboti....budzet-nema donesuvanje na budzet!znaat deka vo sobranie ne e dozvoleno nasilstvo i svesno sakat da bidat OTSTRANETI za da imaat alibi da izlezat na ulica i PAK da baraat predvremeni izbori!seto toa e stetno,mnogu stetno za MAKEDONIJA
jovan, vlada @, 15.01.2013 09:00:42
-Има петли кои мислат дека сонцето изгрева поради нивното кукуригање. Нели? И новинари кој мислат дека новинарството почунува и завршува со нив.Нели,Ризаов? Исто така има политичари кој мислат дека треба по дифолт да бидат на власт,дека е дадено тоа право од Бога,наследено од време на Комунизмот.Нели? Некој мисли дека ќе може да ја растури Македонија на еконосмки план и да не дели од Групчин натаму и да мислат дека се чисти како бебинња во политиката.Нели,��изаов? Има одредени мислители како Геро само перо без таа една убава придавка која го опишува,Трича стари чича,новинар кој го измисли порно стилот во изразување на македонската медиусмки простор,кој ја зборат само вистината или ништо повеќе од тоа.Нели,Ризаов? А и за крај има некој луѓе кој се замислуваат дека се ослободители на овој народ,кој треба да го ослободат од тиранинот Груевски, а тој на избори на 5 јуни 2011 година ги растури како Бугарска скупштина и народот со го кажа своето и е во право и кога греши? Нели г-дин Ризаов?
Strumica, 15.01.2013 09:00:49
Abe Riza , idi tam u nekooo turska partija(ako si turcin ) i bori se za pravata na turcite (za pogolemi prava oti sitee se boraat so poveke da zemaat od ovaa parce zemja). ne sum VMROVEC ama ni sdsmovec, Da si u nekoja turska partija ke bides presedatel . Ovaka si nikoj i nisto i zamaras mal del od narodot vo MK so tvoi koluminii sotiznam drugi gluposti. dali ke go pustite ovoj komentar,.pozz
Сеирџија, 15.01.2013 09:26:48
Честитка за колумната Ерол.Повеќе пати ми немаш објавено коментар веројатно од оправдани причини па не ми е јасно зошто пушташ коментар од типот на USA во кој се од напишаното е чиста лага!Заврши времето на лагите...Лага е дека се многу и на први фер избори ке видат дека не се ни 200.000!,ама не смеат да идат на такви избори,им одговара да со пари,уцени,бугарски возови да се претставуваат како победни(ци)!Затоа и бегаат од дебати,затоа и ги укинаа комисиите и на клоци ги шутнаа пратениците оти вистината да ти била како ШИЛО и почна да се гледа со голо око колко и да не држат во медиумски мрак!
Leonid, 15.01.2013 09:47:44
Секое величење на славното дело на Бранко и компанија (без реален критички осврт), на ерозијата на вредностите која што ја отпочнаа, на приватизацијата и партизацијата на општеството, на југо србската и милошевистичката политика која ја спроведуваа,на постоењето на едно издавачко претпријатие НИП со изданија во кое што немавме друг избор освен да ги читаме вашите анализи, затоа што немаше плурализам на медиуми, постоење на партиска МРТВ со Стошиќ, Тихомир Илиевски и Слободан Трајковски е дегутантно. Затоа ткн бунт на опизицијата доживува фијаско, затоа што е јасен минатиот труд и демократскиот капацитет и на Бранко и на неговите прврзаници.
PAVLE ALIMASKA, 15.01.2013 10:00:35
Ерол,од такви предавнички,улизувачки.полтронски,упикувачки и профитерски народни фронтови Македончето страдало секогаш.Таа фамозната универзитетска професорка,член на фронтот, што одвај го прочита напишаниот текст е приказна за себе,како и многу други такви кои станаа универзитетски професори со сведоци.Во Прилеп Марин Бабиќ пред некој ден изјави дека оваа држава ја водат идиоти и кретени.За жал не се тоа само тие што ја водат,ги има и многу други што добија дипломи,привилегии без поголем труд,освен со помош на партиската книшка од ДПМНЕ.Се е сведено на аритметика и математика,умре идеологијата,особено кај оние војничиња од ДПМНЕ,но ништо не е вечно.Само ГРУЕВСКИ и неговото опкружување се убедени дека ќе бидат вечни и незаменливи.Умот ги лажи,крајот се гледа.Ако не може милум,многу веројатно е дека ќе заминат поинаку,а како нека процени јавноста
Sto Narod bese?, 15.01.2013 10:55:34
Erole badijala si go arcis mastiloto. Ovoj narod nisto ne te razbira. Sto narod ke bese ovoj? A be Branko so prvoborcite revolucija krenaa,vo borba vlegoa so fasistickata diktatorska vlast. Zivotite si gi izlozija da go osloboduvaat narodot, da mu donesat sloboda demokratija a toj narod da ne saka ni sloboda ni demokratija. Demek poarno mu e pod ropstvo od vlasta da si sedi.Mnogu cuden ovoj narod. Ke mora da barame drug narod koj ke saka Branko so negovite borci za sloboda da go osloboduva.
jovan, 15.01.2013 11:10:01
Nema da traat uste dolgo. Zatoa i ke preminuvaat kon totalna diktatura i tiranija. Ocekuvajte uste poloso, no krajot im se blizi.
Македонец, 15.01.2013 11:30:17
Тешко на Македонија кога има луѓе кои крекаат од петни жили во подршката на ПАПАТА од една и ШЕФОТ од друга страна. И едниот и другиот си се погодени. Работава со нашите партии е нагоре високо, надолу длабоко. Што и да одберите да подржувате, пак истите вие, коментатори, ќе си добиете по носот. 90-тите години Македонија беше затвор на Балканот, една мека варијанта на Белорусија, така што секој што тагува по тој период му фали нешто, а овој период почнуваме во политичко-општествен поглед да наликуваме на Грција со нивната ксенофобија. Наздравје луѓе, пазете си ги очите, како што сте тргнале ќе си ги извадите помеѓу себе.
milan, 15.01.2013 11:36:16
Erole, fala za dobrata kolumna, ama nemoj da ti e krivo sto nekoi tnr.intelektualci,zastanale na crniot ponedelnik so tnr.naroden front. Pa normalno na niv im e idol intelektualecot Amdi Bajram.POZDRAV.
od ostrijot, 15.01.2013 11:55:46
danese ucesnicite alergicni na jajca keimavme naj jak naroden front na balkanot nozazal od edno frleno jajce odma fakat magla za amerika pase prasuvam dalise stvarno alergicni ili plaslivi.
луѓето да,државата не,под маски..., 15.01.2013 12:03:10
А,и едниве,кои ете што мајка барале да појдат во партизани,и другиве кои сакаат да го бришат споменот на нив,да си наплатат однапред за закупот.Целата држава ја зеле под закуп како поле за меѓусебно очивадење.Овде,дома како да има племенски сојузи групирани во два фронта,а со по се изгледа една единствена цел.Покажување крајна некултура,заради извитоперување на вековните стремежи на овој народ,да си изгради конечнмо држава и да почне како секој нормален народ слободноумно живее и твори.Еден е најголемиот опроблем.Никој не знае чуму сето ова.Вака не се изборува,туку се закупува место во аналите на историјата.Каква несериозност и пубертеска болест и покрај викиликсниот свет на дланка.Медиумите се единствениот спас.Ќе умеат ли во оваа бркотница мајсторски да оперираат со вентилите за синхронизирано пуштање на информациите и малку барем и го сочуваат образот на државата.Сечиј живот поминув низ маски,затоа ќе одговара на судниот,ама државата не трпи маски,ние одговараме за неа.
meksikanec, 15.01.2013 12:09:52
Golemo blagodaram,Ke bide tesko da se izdrzat site lagi itrikovi sto ke sledat od vlasta i potplatenite TV i drugi mediumi.Najposle odbran e praviot pat koj ne znae za nazad,na koj so mudro vodenje ke im se prikluci siot narod.Site poraki za vrakanje vo sobranieto,se lazni i pogresni.Posle Vtoriot del od Makedonskiot del od pekolot,nikoj nema da dozvli heroite i heroinite od Sobranieto,poftorno da se vratat vo taa gladijatorska arena.Ni besno kuce ne se vraka vo kandjite na maskiranite vo civilni alista, policajci i policajki i onie krvnici koi sto aplaudiraja, dodeka traese zlocinot, namesto da da go sprecat. Domasnata mafija seuste gi trie racete i nasladuva,zatoa sto od pozajmenite pari ionie sto doprva ke sledat ke ima i za niv. Tesko na onie sto ke mora da gi vrakaat.Edno e siguno, nablizuva denot koga se poveke ke se slusa narodnata-begajte tirani ne ve sakame.
tihi, 15.01.2013 13:03:29
Jas ne sum idiot ,izvika Erol i povika na lobotomija.
Јован АН, 15.01.2013 13:24:27
Единствена добра работа од прогласеното востание (а денот на востанието е наречен “црн понеделник“!?!) е што некои политичари ја научија македонската химна.Додуша,им требаа дваесетина години ....
makedon, 15.01.2013 13:47:10
Abe lugje, ovaj STRUMICA imashe glava ili nemashe. Nemashe a, velite nemashe. Taka i mene mi se chini, oti ako imashe ke imashe neshto vo glavata, ovaj ama eptem nishto nema.
че, 15.01.2013 14:35:04
овие од народниов фронт мислат дека сме 27.март па со 12% подршка,чекаат М6 т.е. меѓународната заедница ќе им ја сврши работата.
E strumicani ... strimicani !!, 15.01.2013 14:55:33
Gospodine od Strumica za zal gospodinot Erol e pogolem Makedonec od nekoi... cesno e da si samite priznaete ...!!
Donka, 15.01.2013 15:14:22
Pozdrav!
Vinci, 15.01.2013 15:23:13
Do Strumica: Ajde, iako i toa ne e vo red sto vo ovaa nasa mala zemja gi delime lugeto po partiska pripadnost, ne e vo red da gi delime po nacija, vera, rasa, pol...., nadvor e od site veri, neli sme hristijani..... i na kraj na kraistata sto vrska imaat kolumnite na Erol so nekakva etnicka pripadnost, tuku osoznavaj i uci od nivnite sodrzini i normalno kritikuvaj, ako razbiras sto Ti zboram (ostavam podetalno da ti doobjasni Felco).A kako sto se deklariras i gi postavuvas rabotite, barem vo Strumica ima se i sesto po taa linija i sto treba sega.....ocigledno Ti si onoj praviot za narodniot front, samo napred tamu moze da projdes!!
citatel, 15.01.2013 16:11:19
Genijalno napisano.
Her Flik, 15.01.2013 17:15:09
Ti blagodaram, gospodine Erole, za kolumnive. Tvojata cesnost, hrabrost, novinarskoto majstorstvo za koe ic ne treba da se pravi muabet, se retki svetli primeri vo denesnata makedonska zurnalisticka portokalova zabokrecina. Znam deka ne ti e potrebna nikakva lazna podrska od nas anonimnite strashlivi komentatorcinja, ama ne e losho da znaes deka ja imash. Mislam, onaa vistinskata. Da si mi ziv i zdrav!
Hari, 15.01.2013 20:08:13
Eden podatok propusti Erole, a toa e deka vodac na toj front e nikoj drug nego vnukot na dedo Stefan, podanikot na Grujo. ROBERT VELJANOVSKI kao nekoj akter :((((((
riki, 15.01.2013 20:22:19
ne navleguvam i ne ja komentiram kolumnata na g.rizaov,koj mnogu go respektiram,DOSTA mi e samo naslovot Има петли кои мислат дека сонцето изгрева поради нивното кукуригањеi se e k a z a n o.koj znae samo da cita megu redovi..
Ljubica, 15.01.2013 20:31:59
Tekstovite na Rizaov se svetol zrak vo makedonskiot mrak.
Милан Петковски, 15.01.2013 20:37:33
Ерол, текст толку вистинит и добар што ги боли сите кои глумат лудило... од типот на Џафер, кој ме разочара најмногу (мислам дека работи во царина, а сега мора да си го брани работното место ... ).
pola BT pla VE, 15.01.2013 20:59:31
Zosto ne sum iznenaden ?? Sekogas veruvav vo Vas i navistina ne se izlagav.Nikogas nema da go smenam moeto mislenje za Vas - ostanavte dosleden.So uzivanje gi citam Vasite kolumni no sekogas gi citam i komentarite na sekoja kolumna.Moite cestitki do Vas i prodolzete da bidete na vistinskata strana - na stranata na pravdata - ke go imate mojot respekt.Pozdrav

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Делумно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: 3°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Владата е клинички мртва, Јанша не се повлече
Три коалициски партии го поддржаа повикот за оставка на словенечкиот премиер Јанез Јанша...
(ФОТО) Голем пожар во Македoнскa поштa
Првично, нема повредени во пожарот. Вработените и директорот Рафиз Алити веднаш биле евакуирани од зградата...
(ФОТО) Исланд и го нанесе првиот пораз на Македонија на СП
Во 3. коло од групата Б која се игра во Севиља, нашите ракометарија загуби од Исланд со 23:19...
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |