15.01.2013, 17:55 Мое ќоше
Ороспијата стана невина убавица
Ерол Ризаов
Или како Америка и Европа станаа толку инспиративни за власта и за нејзините апологети
Многу нагло се стишаа нашите евроскептици. Преку ноќ старата вавилонска ороспија, како што ја нарекуваа до вчера Европа, наеднаш стана невина и мудра убавица. Европа деновиве во Македонија како никогаш досега е инспиративна за власта и за нејзините апологети и длабоко разочарување за опозицијата и демократските определени граѓани и критичари на злоупотребите на власта кои во владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ препознаваат авторитарен режим без демократска контрола.
Немуштиот говор на Брисел и осудата со половина уста за тепањето пратеници на опозицијата во парламентот од страна на тајна полиција, нивното понижувачко исфрлање од пленарната сала со употреба на сила претставува шок и стравотен удар врз носителите и поддржувачите на демократските процеси во земјата. Потресните слики што ги виде цел свет како се влечат пратеници–жени по подот од специјалци официјален Брисел не ги виде, ниту ги слушна вресоците на жените, меѓу кои имаше и бремени. Силните институции на европската Унија за заштита на медиумските слободи се сведоа на срамна коруптивна конјунктура. Одвај бриселските бирократи промрморија нешто неразбирливо и конфузно за бруталното исфрлање на новинарите од нивните работни места во Собранието.
И Америка, која до вчера за експертите поддржувачи на власта беше џандар на светот и главен виновник што е блокирана Македонија со грчкиот ултиматум за промена на името на својот пат кон НАТО, наеднаш стана многу ценета и респектабилна велесила чии пораки треба да се почитуваат и веднаш да се применат во практиката.
На што се должи ваквата нагла промена на западниот ветер, кој почна да дува како сибирски северец. Тие што ги знаат и што подолго ги следат европските салта мортале препознаваат повисоки интереси. Силните критики ќе беа неодминливи и при помали инциденти, особено во делот на човекови права и слободи, задушувањето на комуникацијата со јавноста и независноста на медиумите. За тоа би биле ургентно упатени драматични критики до Владата со конкретни условувања за надминување на состојбите. Отстранување, пак, со употреба на сила на новинари од нивните работни места во парламентот со флагрантно кршење на Уставот на државата, суспендирањето на парламентот и тепањето пратеници од полиција, насилно исфрлање на целата опозиција од пленарната сала на Собранието би бил во Брисел проследен со тревога од прв степен и со директна прилично недипломатска закана за барање одговорност, оставки и разрешувања, што неминовно би водело кон кратење на поддршката на Владата, нејзина изолација и нови предвремени избори. Овој пат од сето тоа нема ништо. Што се случи за ваквата благост на Европа и наклонетост кон режимот на Никола Груевски.
Тешко е да се поверува дека Европа, конечно, по седум години сериозни критики за недостиг од демократски капацитет на власта, откри дека била во заблуда и дека демократијата во Македонија е функционална без посериозни проблеми, а всушност главниот проблем се опозицијата и нејзиниот лидер Бранко Црвенковски. Оваа приказна ја пласираат круговите блиски до власта. Исто така, неверојатна е тезата која се пласира во политичките кулоари дека Никола Груевски добил амин за насилното суспендирање на парламентот што бил принуден да го направил поради долгата буџетска расправа на опозицијата притиснат од роковите за земање поволен заем од банките со цврсти препораки на Светска банка и ММФ во износ од над 200 милиони евра, пари за рилакс на напрегнатиот буџет, што би било пресудно за победа на локалните избори. Доктрина веќе испробана на предвремените парламентарни избори 2011 година. Наводно, тоа Никола Груевски го одработил кај европските моќни десничарски партии да замижат малку поради ќотекот, бидејќи тоа бил единствениот начин што му преостанал да се замолчат опозицијата и јавноста. Се разбира, и двете теории се шпекулативни. А особено е далеку од здравиот разум некаква нагла промена на американската политика кон Македонија.
Па тогаш што е работата за ваквата наклонетост на една ригидна и недемократска политика што ја практикува арогантно власта и која ја донесе Македонија во длабока политичка криза. Одговорот и американски и европски стаса од Брисел во една друга форма: „Се' уште стои препораката на Европската комисија да и' се даде на ПЈР Македонија датум за почеток на преговорите за членство во Унијата“. Брисел ги чека ветувањата во рана фаза за разумен компромис дадени пред Нимиц во врска со името, дотогаш ќе мижи пред сите лоши вести што доаѓаат од Македонија. Потоа ќе видиме.
Да има уште една теза, ама таа е најлоша ако излезе точна. Америка и Европа ако кренале раце од нас.
Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот
|
Статијата е прочитана 6778 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 16.01.2013 00:30:27 | Sme go nadrljale, Erole. Mubarak trieset godini ostana na vlast! Inaku, nisto ne slusam za zakonot za branitelite? A ni za tablite od cairskite uciista? Alo, FELIX, alo, alo ... Zakonot za branitelite? |
| Milan, 16.01.2013 00:41:11 | vIZANTISKI POLITIKI. |
| jovan, 16.01.2013 00:50:50 | America i EU, nitu krenale race od nas, a nitu pa imaat potreba da se zamaraat so nasite cirkuski problemi.Tie mudro ostavija samite vnatre da si sredime(nie Makedoncite, ne ostanatite).Sto ke dogovorime i sto ke se sluci ponataka, niv im e apsolutno seedno. Za sekoja varijanta se spremni. Pod uslov da e i seto ova samo gluma pomegu Crvenkovski i Gruevski(i takvi mislenja ima) za da se odolgovlecuva so imeto, i za toa se spremni. Taka da, od toj *famozen zapad* ne ocekuvajte deka ke se mesa ovde. Samo protokolarno ke davaat razno razni dvosmisleni diplomatski soopstenija, a vsusnost ke cekaat da vidat koj kolku i kako ke se glupira, i dali voopsto ima ovde nekoj pravi politicari ili samo politikanti, glumci i lazovi so zinat apetit. Ne sme nie(Makedoncite) veke biten faktor. |
| EU, 16.01.2013 01:03:35 | Ne bi rekle deka krenale race, inaku nemase da go ispratat Sanino, a neli doaga i File. Poveke mirisa deka se krcka nekakov dogovr okolu imeto, no kakov, i dali Gruevski ke sobere sila da se soglasi ke se vidi doprva. |
| Airlija Kume, 16.01.2013 01:13:48 | Pricina za ovaa neobicna blagost od EU i SAD lezi vo faktot sto e vece gotova rabota so promenata na imeto na drzavata na i nasite silni patrioti si legnaa na brasnoto i go prifatija kumstvo od EU, SAD, Grcija i Nimic. |
| USA, 16.01.2013 01:15:31 | Mnogu ednostavno. Ako politikata e diskusija (kako na Facebook), onoj moment koga pocnuvaat da navreduvaat i povikuvaat na nasilstvo (kako vo komisiite vo Parlamentot), gi brises od prijateli. Posle neka si diskutiraat sami so sebe. Mnogu kulturno i intelektualno,......NELI? |
| Libero, 16.01.2013 01:19:37 | Niedna teza ne ti drzi vlaga,ova e signal od svetot deka sdsm treba da go smeni svercerot na nafta BC( a po tebe demokrat bez greska) i dava jasno do znaenje deka sdsm ne moze da GI LAZE POVEKE vprocem kaj vi e podrskata od Narodot. Od toj Narod sto go manipulirate ke si go dobiete svoeto. |
| Narode makedonski!, 16.01.2013 01:38:31 | Erole, pod golema impresija sum od mitingot vo Prilep, pa orospiite od vlasta me voopshto ne zanimaat. Celiot sum naezen koga ja gledam i slusham taa masa na narod koja vo eden glas pee *Narode makedonski*. Bi go zamolil Brane da na narednite mitinzi/marshevi go povede i Vlado Janevski ili nekoj drug od makedonskata estrada (gi imame bezbroj), koj ke ja *pali* masata so revolucionernite pesni kako shto se: Narode makedonski, Zemjo makedonska, Poslushajte patrioti i sl. Vo sekoj sluchaj, *krenulo je*! Nashiot narod kako po pravilo, sekogash e pojduval od Prilep i pobedonosno zavrshuval vo Skopje. Taka ke bide i sega! OTPOR! |
| Ljubotan Trade Name, 16.01.2013 02:26:14 | Dragi Erole ,odamna nemam procitano, da tri razlicni pisanija, vo eden den,i na ista urednicka platforma ;Editorijal,Mislenje i Moe Cose, imaat ista sodrzina.Site tri pisanija mi licat kako prvoto; Vrtene vo Krug.Za denesniov Utrinski samo edno od trite pisania ce bese sosema dovolno! |
| respekt, 16.01.2013 03:24:44 | ИНТЕРЕСОТ(високите цели) го врти светот. Кој не го знае тоа, далеку е од вистината. Груевци, кога сакаат да го ,,напумпаат,, рејтингот на својот водач, ЕУ е ороспија, затоа што врши притисок за промена на името а Груевски е тој што, иако има притисоци, го чува уставното име. А сега, кога во Македонија веке одамна нема правна држава и демократија, згора се случува 24 декемри, ЕУ ги кара и власта и опозицијата!? Е сега, ЕУ е - невина убавица. Од друга страна, кој е интересот на ЕУ за ваквото однесување? Бидејки немам очигледни факти, претпоиставувам дека клучен момент е прифакањето на Груевски ДА СЕ РЕШИ, во раната фаза од преговорите со ЕУ, спорот за ИМЕТО( кажано на прост јазик --промена на уставното име). Друга разумна причина јас не гледам. А раце од нас нема да кренат, зашто МИРОТ на Балканот, е и нивен ИНТЕРЕС. Во ваква РЕАЛНОСТ Опозицијата НЕСМЕЕ да се врати во Парламент, се додека не помине ,,раната фаза,,.и -- паднат маските. |
| точно, 16.01.2013 04:01:05 | Приоритет на Америка и Европа е решението за спорот околу името.Тие знаат дека најголемите насилници во Македонија се под контрола на Груевски.Според тоа,Америка и Европа знаат дека единствено Груевски може да направи компромис,т.е. да го промени името на државата.Секој друг што би го направил тоа би бил растргнат од дивите кучиња на Груевски.Затоа им е потребен Груевски и затоа Груевски ќе биде поддржан од Запад.Се додека не се реши проблемот со името, Америка и Европа ќе „мижат“ и ќе толерираат и ќе доделуваат кредити за тој да остане на власт.Кога Запад ќе го реши спорот со името со помош на Груевски, ќе ги снема и кредитите за Груевски.Без кредити ќе нема плати за администрацијата и пензии,субвенции,лавови,споменици,фасади,плажи.А со тоа ќе го снема и Груевски. |
| cane sokolovski, 16.01.2013 06:50:04 | „Се додека луѓето обожаваат Цезари и Наполеони, Цезарите и Наполеоните ќе воскреснуваат да им го направат животот мизерен„-Е ова е славниот Алдос Хаксли. Тоа би било по наше како док буде ќурана бит ќе ќуретине. Мислам дека она последно што го кажавте е можно нај веродостојно. Можеби на ЕУ и САД веќе им е дојдено преку к..глава да се мантраат со нас и си викаат пусти будале! Она пак што владините медиуми го вртат ко празна воденица за разни посети е млатење празна слама.Демек добро било за Македонија Просто е смешно да види на зидот од ФБ од М.Неделковски како гордо ја ставил пораката на Волерс на англиски (ниту разбира). Истиот тој што плукаше (нивни израз) по ЕУ и САД, неброени пати. Сепак би препорачал да опозицијата биде тактична и одмерена во реакциите, за да не се спушти на ниво на другите. Тоа би било голема грешка. И покрај сериозните грешки на опозицијата во минатото, сепак цивилизациската разлика меѓу двете опции е огромна! А пак САД и ЕУ еден ден ќе ја видат вистината! |
| kanagjanka, 16.01.2013 07:21:49 | Koga nie se odnesuvame kako deca vo gradinka, zossto bi occekuvale deka vozrasnite bi ne zele seriozno.Grujo ne oDrabotil nissto nadvor, a go oBraboti svojot narod.Dodeka nadvor seesse magla, doma ni ja zabetonira demokratijata i sega kje drnda deka bil legitimno izbran za toa ssto go pravel.Makedoncceto mozze da kjuti i 500godini, a i preku nokj da digne pristanissta vo vozduh.No ako nie dignavme race od samite sebe, ne smeeme da barame souccesnici vo nasseto samoubistvo?Nikoj ne dobil toa ssto zasluzzil-a toa za ssto se izboril.Prvo i najvazzno od se e da se srussi ovoj rezzim! |
| Majkinperth, 16.01.2013 07:37:02 | Na sto bi se dolzelo,pa mnogu ednostavno.g.Gruevski ima dadeno
garancii na megunarodnata zaednica za da se resi imeto.jasno kako slika,no sto ke bide ako go prekrsi vetuvanjeto?otide vlasta po jabana.
|
| Najneverojatna teza, 16.01.2013 07:38:52 | Koga padna muabet za neverojatni tezi mene najneverojatna mi izgleda onaa deka svetot videl kako се влечат пратеници–жени по подот од специјалци so вресоците на жените, меѓу кои имаше и бремени. Jaz znam za edna bremena vo parlamentot, ama za poveke ne mi e jasno od kade avtorot tolku e siguren za drugite? Mislam deka ako se veli imalo bremeni sugerira na poveke, mozebi polovina pratenicki, mozebi mnozinstvoto? Da nema zabuna poarno e da se kazepoprecizno. |
| pane, 16.01.2013 07:50:58 | Pred nekolku meseci Erdogan izjavi deka site nie sme robovi na Svetskata Banka.Epa i jas veruvam vo toa i neverovatnoto stana verovatno.KOja e taa makedonska opozizija koja ke oponira na zemanjeto na kredit od 200 milioni evra, koi svetskata banka i mmf veke gi iskreirale na nivnite keyboardy.Taka opozicijata treba da e srekna shto pomina samo so kotek, deka i da gi likvidiraa, Amerika i Evropa nema da videa nishto.Svetskata banka e gospod na zemjata. |
| melbourne, 16.01.2013 07:54:17 | Airlija kume,vo pravo si.Golemite patrioti ja sredija Makedonija. |
| девичанецот, 16.01.2013 07:58:19 | Почитуван Ероле,
Многу убаво ти е познато што мисли Турција за Европа. А дека е убавица??? тоа само ти можеби си го чувствуваш. Но знаеш што е политика, многу подобро од мене. Политика е кога Б.Ц. јавно ќе изјави дека нема да се кандидира за претседател а не само што ќе се кандидира, туку и ќе истурка цел мандат претседателски, упорно работејќи на рушење на актуелната Влада.
Така постапуваат и нашите политичари сега..фалејќи ја Европа, која кутрата сега не знае ни г..... каде и е! |
| gjoko, 16.01.2013 08:09:13 | Orospija edna ! I se svigjalo Skopje sega ! Go citase Economist od 5 januari? Te iznervia neli?
Stones of contention
Macedonia writes a new story for its capital
Revamping Skopje
Stones of contention
Macedonia writes a new story for its capital |
| Коста Стоименовски, 16.01.2013 08:10:04 | Во земјите со демократски традиции поимот напуштање на парламентот е неразбирлив, така што не е чудно како да се постават во случајот со „демократијата“ во МК. Постојат многу индикации дека меѓународната заедница е заинтересирана за опстанок на актуелната мак. власт се додека не се реши проблемот со името, особено и поради тоа што квази-патриотите до скоро беа најголеми противници на какви било промени во името! Индикативно е и мислењето на дворскиот „философ“ кој сега навестува дека доколку не се проблематизираат идентитетските прашања тогаш лесно може да се дојде до договор околу името! Ај нека ни е на здравје! А дали требаше квази патриотите со својата кусогледа и неинвентивна политика да ги проблематизираат и да ги стават на дневен ред и идентитетските прашања и дали требаше да се загубат 7 години??? На крајот ќе испадне онака како што предложив во написот што го пратив до медиумите два-три дена по Самитот на НАТО во Букурешт (април 2008), кој за жал не беше објавен!? Би било доб |
| ФЕЛИКС, 16.01.2013 08:16:56 | Соема ми е разбирлива разочараноста на авторот од однесувањето ,,на пола уста,, на ЕУ,САД,НАТО и др. институции.Вероватно луѓето таму гледале и утврдиле колку е штетна 10 дневната вандалска собраниско-опозициска република и останале неимпресионирани од крајниот ефект на вандалскиот филм викан,,масакрот кај о.к собраниската сала,,И сега јас прашувам ама во обратна насока,,Што им бидна на оние кој беа вљубени во Брисел и САД а сега прават топ листа на тамошни непријатели,,За пример ќе ги земам само три егзактни однесување.Кандидат за градоначалник на Фејсбук пишува,,не сам да му го видам лицето на Филе,,колега на авторот пишува ,,Волерс ќе помине како Цимерман кога го подржувал Милошевиќ,,и оној заталкан трет професор по улична демократија,,запад е збунет и шокиран па затоа поинаку се однесува од очекуваното,,Третиот настап е очекувано осудувачки најблаг кон оние од Брисел.Неочекувам осврт за издржливоста на револуционерниот материјал визави еден куп непријатели и од тука и од надвор. |
| Stipjanec, 16.01.2013 08:33:50 | Vo istorijata poznato e deka pagaat glavite na onie koi se vo pravo! Ona sto se sluci vo Sobranieto na 24 dekemvri, nie mislime deka celiot svet se potrese i ne spie zaradi nasilstvoto vrz pratenicite i novinarite. Pa toa bese nekoja informacija vo svetskite tv mrezi od samo nekolku minuti, i tolku. Vo nekoja si Makedonija, koja ima samo dva milioni narod, se skarale i stepale vo sobranieto. Cudo mi cudo! I sega SVETOT ke treba da se zanimava i gubi vreme so nekoj si Grujo i Branko. Neverovatno e kolku sme emotivni koga mislime deka celiot svet treba da se zanimava so nasite gluposti, bilo koga e Branko na vlast ili pak sega Grujo. Vo svetot ima mnogu po znacajni i poseriozni problemi odosto onie kaj nas. No sepak, i jas ke ja osudam EU i ostanatite, bidejki Makedonija, prema najnovite spoznanija na nekoi novokomponirani mudreci, e zemja od kade poteknuva siot zivot na planetata Zemja.MAKEDON-toa e pocetokot na zivotot, za koe Darvin ne bil svesen! |
| deutschland, 16.01.2013 08:39:13 | Sto probuva Erol so denesnata kolumna?NAPAD, na EU i SAD!zosto,zatoa sto ne gi osudija slucuvanjata vo parlament.Erol pisuva za tepanje na pratenici vo sobranie od policija i SVESNO ne ja zboruva vistinata-nemase nikoj tepan.toj i na nego istomislenici uporno se trudat da sozdadat slika deka vo MK vladee rezim.tiranin i sl.
STVARA LAZNA SLIKA za MK i so toa ni nastetuva na site nas,luge sto glasaat za vmro ili pak za sdsm.branko ke padne-ima se pomalku podrzuvaci,luge ne izleguvaat na ulica,nema i da glasaat za nego.od sdsm se plasat deka ako branko padne ke se rasturi sdsm na poveke delovi i ke bide poloso otkolku sega.da najverovatno ke ima frakcii i stvaranje na dr.partii ama ako imate vistinski covek na celo site tie pak ke se vratat nazad.pocnete od pocetok bez branko,so mnogu rabota ke uspeete,ne si go gubete kredibilitetot sto go imate steknato kaj neutralnite glasaci.NE i nastetuvajte na nasata zaednicka MAKEDONIJA |
| smile, 16.01.2013 08:43:32 | EU -odnosno evropa mojt da glumi kako sto glumit sega a za orospija si e i ke si bidit orospija,-orospia si e orospia mojt da se prepravat kolku sakat, samo nemoj da mislis deka bugarija i romanija bea primeni za prosiruvanje toa orospijata go napravi za pariranje na rusija mnogu beden si vo pametot ako mislis poinaku..... |
| Сеирџија, 16.01.2013 08:44:35 | Тоа значи само една работа!промената на името е договорена и завршена работа.во услови на замрзната и суспендирана демократија,целосна покриеност на медиумите промената на името ке се претстави како невиден успех на власта! Не верувам дека со тоа власта ке си ги измие гревовите туку сметката за сторениот криминал ке биде многу поголема! |
| hound, 16.01.2013 09:01:40 | c c c c c.....imase edna karikatura na koja mi tekna koga ja procitav kolumnickava na erol.
Vo dvorot na edna ludnica zastanat eden od pacientite, se drzi za resetkite i gleda nadvor. Pominuva slucaen minuvac i pacientot go prasuva: kolku dusi ve ima tamu vnatre? |
| Miki, 16.01.2013 09:06:01 | Rizaov kako i sekogas si kazuva kako sto e, samo edna varijanta (mnogu verojatna) ne ja kazuva - sto ke se sluci koga strancite ke svatat deka Gruevski i ovoj pat gi LAZE! A toa ke bide brzo, za nekoj mesec! E togas ke bide drz ne daj, cirkusi, i Evropa pak ke si stane ,,bludnica Vavilinska,, a Amerikancite ,,imperija na zloto,,! Gruevski, Latas, Mirka nema da stanat drugo od ona sto se! Opozicijata raboti dobro, evroatlanskata agenda i e jasna cel, ne se kupi den-pomini kako DPMNE-DUI koi nabrgu ke se izberbatat do kraj..Do juni se ke bide pojasno! |
| Nekoj, 16.01.2013 09:52:48 | Odamna e jasno deka ne sme nie Makedoncite nekoj biten faktor.Samo da li sega Karakamiseva ke bide tolku doblesna i ke ne pouci kako toa da gi zastitime svoite licni demokratski prava i da si izbereme nacionalnost koja ni odgovara a ne onaa koja sme ja dobile po radjanje.Kako da se proglasime sebe si za deca bez roditeli, zatoa sto toa ovde i sega toa e najpovolna opcija i nas kako edinki ni otvara poveke moznosti za prosperitet - pobrzo vrabotuvanje pa duri i resavanje na stambenoto prasanje. |
| Внимателен читател, 16.01.2013 10:15:35 | Феликсе, навистина ја навредуваш интелегенцијата на читетлската публика на Утрински Весник. Тоа не се овците на пастирот. Пишуваш за тоа што пишувале други автори во други медиуми. Иако веќе таму си го кажал своето мислење. Каква логика има да пишуваш реакција на еден текст, а за содржини објавени во други текстови. Се правиш на будала мислејки дека и ние сме будали. А можеби тоа и не ти е тешко. Според правилата за реакции не треба да ти се објавуваат текстовите кои не се однесдуваат или ги нема во содржината на текстот на кој реагираш. Ја злоупотребуваш либерлноста на уредивачката политика на Утрински за твои пропагандистички партиски цели. Срамота. |
| Komentator, 16.01.2013 10:23:57 | Cista klasika ..gospodine Erol 90% orospii vo daden moment stanuvaat nevini ubavici ..zosto zosto pazar za niv sekogas imalo...!!! |
| tihi, 16.01.2013 11:40:15 | Dali ova da se razbere kako zhal za prerano dignatata revolucija.E pa taka kje e ,koga imate vodach na kogo mu gori pod noze ,pa saka shto povekje da izgori okolu nego ,pretajkji so nozete.A pozharnikarite samo si ja vrshat rabotata ,da ne ochekuvavte maslo da dolevaat. |
| Лично јас, 16.01.2013 12:00:15 | Единствен кој ќе го реши проблемот со името е Груевски, не затоа што е паметен, туку затоа што тој може да им нареди на своите од ДПМНЕ да го прифатат тоа глатко. Е затоа, ЕУ и САД молчат за убиството на демократијата и се уште го тапкаат Грујо по рамо. Во моментот кога ќе го реши името (а за тоа има најави), ЕУ и САД ќе го пуштат Грујо по вода. |
| meksikanec, 16.01.2013 13:16:48 | Uste edno golemo blagodaram,Se postavija poveke enigmi i site se mozni.Licno mislam deka ovaa dvolicnost rezultira od nezagrozenosta na nivnite interesi i e na procenite za sostojbata kaj nas.Politickiot brod so koj plovi nivnata politika e kako Titanik i ne moze da pravi brzi i neusoglaseni manevri na mal prostor.Taci otvoreno rece,deka ova nee problem na Albancite.Toa e navistina taka no nee parlamentarno,sem dokolku so DUI deklarativno ne glumi sukob,a vo praksa e vo nelojalna koalicija.Sukobot da bese megju DUI i DPMNE,ke se sretnevme so druga pesna,Gruevski mozebi go veti i imeto,no zosto cekase tolku.Za nas treba da bide reper crniot 24.Denot koga vo Sobranieto umre demokratijata i hrabroto drzenje na opozicijata koja pokaza kako treba dase brani istata vo neravnopravna borba,
Zatoa Emilijno Zapata poracuva Podobro e da umres na noze, otkolku da zvees na kolena. |
| Goce USA, 16.01.2013 13:31:55 | Mnogu mi e zal za nekoi likovi ovde kako Feliks, onoj Jovan od vlada (toj neli mora po direktiva da pisuva) ili nekoi deutschlandi i devicanci... Gospodo, ne mora da ja potcenuvate nasata inteligencija samo zatoa sto ste na platen spisok na rezimot. Imame nie i oci i usi i znaeme da razmisluvame so svoja glava. Vidovme sto se sluci i ne gledam nikakva potreba da ni verglate sekoj den koj bil kriv i koj kogo tepal. Krajot na siledziite kako vas e mnogu blisku. Tuku sto ke praime posle? |
| od denis, 16.01.2013 14:08:59 | do vnimatelen citatel.gospodine moze bi macorceto ne se pravi budala,mozebi si e toa.ostaj go........... |
| ana, 16.01.2013 14:12:53 | *Отстранување, пак, со употреба на сила на новинари од нивните работни места во парламентот со флагрантно кршење на Уставот на државата, суспендирањето на парламентот и тепањето пратеници од полиција, насилно исфрлање на целата опозиција од пленарната сала на Собранието*- не треба да мине без жестока казна за оној кој го направил. Ако се пропаѓа, нека тоа биде со гордост. |
| do komentatorite, 16.01.2013 19:02:49 | Znaat onie vo EU i Vasington deka e vazno donesuvanjeto na budzetot za sekoja drzava,a zatoa sto i kaj niv donesuvanjeto na toa e vazno.Tie ja uvidoa opstrukcijata na opozicijata so podnesuvanje na 1200 amandmani i zatoa ne se bunea mnogu za incidentite vo parlamentot.Vo EU i Vasington vidoa deka opozicijata vo Makedonija gi odbivase kompromisite za budzetot i iako sakaat, ne mozat da go opravduvaat odnesuvanjeto na opozicijata.Ete zatoa nemase silna osuda za vlasta od EU i Vasington.Nema vrska nekakvo vetuvanje za promena na imeto od vlasta.Deka nema vetuvanje i deka nema namera vlasta da menuva ime e i baranjeto na File za negova sredba so ministrite za nadvoresni raboti.Toa e znak deka medijatorstvoto od OON ne dava rezultati i EU saka da se prikluci vo pregovorite.No i EU i Vasington nsto nema da napravat.Da mozea,ke ni nametnea ime bez nasa volja,ama ne postojat nacini da ni se nametne.Bez nasa soglasnost ne moze da ima promena na ime.A takva soglasnost nema da dademe ni vo son. |
| karokan, 16.01.2013 20:46:58 | Непосредно по вонредните парламетарни
избори 2011,на еден тукашен,а уште почест коментатор на “Дневник“ “(извинување без задршка“-оваа зима на 30-февруари),во меѓу-коментарската преписка (тогаш уште не
бараше “извинување без задршка“) му одговорив со адвокатски жаргон:“Благодарам,
немам повеќе прашања“.“Бистроумецот“ (кој ако живееше во соседна Бугарија сигурно ќе беше со презиме “Топузаков“,изведено од коренот на зборот топуз (ина),не разбирајки на што целам,дури одговори со “фала“.Е,па мој “Топузаков“ (м.з.),еве сега и г-динот Ризаов,како и г-динот Стоименовски коментираат токму за тоа: Името,решавање на името и тоа од г-дин Груевски!!!Сите игри се токму тоа.Тоа и ништо друго!!!Другото ќе си дојде само по себе,откако повеќе нема да ја има буицата на која плива-квазипатриотизмот.Тогаш кога ќе остане само она-квази!!!п.с. Постојано читам “шамарчина за опозицијата„од Еу и САД.ама
по она што индиректно и меѓу редови може да се прочита (види) за образ се држат овие од власта. |
| реплика, 16.01.2013 22:27:01 | Без друштво и муштерии не се бидува орос....само невина убавица |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 0°C
Делумно облачно
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -1°C
|
Недела
Делумно облачно
Макс: 11°C, Мин: 3°C
|
|
|
|
|
|