Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
15.01.2013, 17:47

Мислења

Кадифената диктатура и новинарството

Нано Ружин

Новинарите имаат соодветна улога и во демократијата и во автократијата. Диктаторите од сите видови сакаат да ги стават новинарите во скут. Улогата на новинарот е да фабрикува една синтеза на вистината

Во една пригода легендарниот рокер Џим Морисон кажал: „Оној што ги контролира медиумите ги контролира и духовите“. Мудроста на Морисон и не е некое генијално откритие, бидејќи пред него оваа филозофија најдобро ја сфатиле диктаторите низ светот. Македонија не е класична диктатура од елитистички или народно-популистички тип, но спаѓа во строго ограничените демократија со белези на авторитарност и медиумска контрола. Би ја дефинирале како „режим на една нарцисоидна и манипулативна власт, вид кадифена диктатура“, потпомогната од строго контролираното електронско новинарство. Стапката на манипулацијата на власта се цени според односот кон медиумите и стравот на населението. Новинарството предизвикува многу фантазми, стравови како малку други професии. Новинарството се нарекува четврта власт. Новинарите ги сметаат за бранители на демократијата, на слободата, но некогаш и за манипулатори на вистината и бранители на власта на диктаторот. Новинарството е материја како сите останати материи. Постојат добри и лоши новинари, исто како што постојат добри и лоши пејачи, месари, водоводџии, професори. Постојат достоинствени, критички настроени и отворени новинари, но и такви кои работат под достоинството на фелата, платени, идолатриски настроени и секогаш во одбрана на оној што е на власт. Како да го разбереме кодот на овој вид новинарки и новинари?

Можеби би било полезно да се почне од одговорот на прашањето: за што служи новинарот? Ако секој знае што се очекува од фурнаџијата, електричарот или ѕидарот, суспенсот расте кога ќе се постави прашањето: што се очекува од новинарот? Да создава написи, репортажи и дебати? Секако, но со која цел? Новинарот спаѓа во онаа група луѓе кои се задолжени да ја извлечат информацијата на виделина и да ја прикажат пред јавноста. Негова обврска е да ги снабдува сопствените клиенти, читатели, слушатели, гледачи со информација. Тоа значи дека новинарот треба да открива факти, идеи, ставови, нив да ги анализира и синтетизира пред да ги презентира. Неговата функција е блиска на еден професор, аналитичар, па дури и педагог. Тој е должен своите клиенти да ги запознава со нешта што би им помогнале во секојдневниот живот, да ги задоволи нивните прагматични потреби, но и да ја задоволи нивната граѓанска љубопитност. Оваа лекција ја знае секој авторитарен политичар и токму одовде произлегува правилото бр.1 во контролираните општества: „Зборувајте ми само за мене и тоа во суперлативи, бидејки само тоа ме интересира“. Не случајно едни го нарекуваа пастир, други се отепаа јадејќи буреци „а ла премиер“, трети го промовираа во светец кој се раѓа еднаш на 1000 години, третирајќи го со севернокорејска идолатрија. Разбирливо, индивидуата ќе биде повеќе заинтересирана за тоа што ја допира неговата страст и амбиција отколку за нешто друго и токму тука почнува манипулацијата.

Новинарите имаат соодветна улога и во демократијата и во автократијата. Диктаторите од сите видови сакаат да ги стават новинарите во скут. Контролирајќи ја информацијата го контролираат јавното мислење и акциите на политичките субјекти. Зад секое внимателно истражување и презентирање на информацијата, постои еден идеал кој ги анимира и инспирира сите новинари. Тој идеал може да е строго пропишан или од страна на моќната власт или од страна на неговиот слободоумен дух. Стандардите зависат од степенот на демократијата.

Тогаш каде е таа четврта власт? Овој израз е претеран, бидејќи споредена со останатите три власти, новинарството претставува многу поинфериорна моќ. Во Македонија неговата позиција во споредба со останатите три власти е уште покарикатурална. Новинарството, на пример, симболизирано преку личноста на претседателот на ЗНМ, Н.Селмани, не ја поседува моќта на законодавецот Вељаноски, на обвинителот Шврговски или на владетелот Груевски. Но, информирајќи, тој им овозможува на граѓаните да ја извршуваат нивната моќ и влијаат врз политиката преку гласањето на изборите, референдумите или преку граѓанската непослушност. Без новинарите веројатно немаше да испливаат на површина многубројни аферите за Вотергејт, Викиликс или Мардок. А каде во целиот овој новинарски галијаматијас е местото на етиката? Новинарот испорачува високи услуга од информативна природа, но процените за неговиот професионален квалитет и етика ќе бидат ништавни доколку е потплатен и е под туторство на политичарот. Дури и папараците можат да се подобри новинари од платениците со оглед дека даваат информации кои не се лажни и создаваат љубопитство кај читателот.

Улогата на новинарот е да фабрикува една синтеза на вистината. Од него се очекува таа синтеза да е колку што е можно поблиску до реалноста. Убав демократски сон, но далеку од македонската реалност. Во Македонија постојат голем број примери за кршење на моралниот кодекс на новинарството. Ќе споменеме само два примера. За време на црниот македонски понеделник од 24 декември МРТ, Сител и Канал 5 се однесуваа индиферентно кон интервенцијата на специјалните полициски сили кон пратениците и новинарите, истакнувајќи дека вината била на страна на пратениците, а исфрлените новинари фингирале употреба улога на жртви. Наводно, полицијата спречила државен удар. Вториот пример е оној од маршот на опозицијата против медиумската темница од 12 јануари. Според ТВ Сител, на маршот учествувале едвај 3.000 насилно донесени опозиционери, а на кадрите што беа емитувани се гледаат само околу 200 луѓе на опашот на колоната, иако реалната бројка беше барем осум пати поголема. Истовремено, беа снимени министри на ДПМНЕ како спокојно пијат кафе и навиваат за ракометната репрезентација како ништо да не се случува во Скопје.

Утредента на една од зачестените промоции на спортски сали пингпонгарот Груевски не само што го нокаутира дебелкиот Кралев туку импресиониран од силината на Груевски, овој и паѓа по еден страшен форхенд на премиерот. Нема сомнение дека на нашиот премиер се' му оди од рака. Дури му поаѓа од рака да биде цитиран од својот верен следбеник и пионер Љ. И. Ѕинго дека за доброто на Македонија тие мечтаеле за создавање силна опозиција, а не ваква млитава, неинвентивна и истрошена. Чудно е што во својата долгогодишна кариера Ѕинго никогаш не доживеа некоја непријатност од страна на актуелната опозиција, туку постојано бележеше профит. Неразбирлива е неговата горчина кон актуелната опозиција. Добро е што мисли на јакнењето на опозицијата, но во сопствениот авторитарен занес заедно со премиерот заборава дека никаде во светот власта не ја крои опозицијата според своите потреби, освен ако не се работи за фантомска демократија. Овој чин е рамен на оној на организирањето спонтани протести против опозицијата или синдромот Бранко Јаневски.

Граѓаните како неми набљудувачи, сепак, очекуваат една поголема чесност од страна на политичарите и особено новинарите. Тие од новинарот очекуваат да ја чујат и видат вистинита. Испраќањето лажни информации е морална кражба. Во демократските системи кога медиумот еднаш ќе го загуби кредибилитетот тој почнува да ги губи и своите гледачи или читатели. Од новинарите се бара само да ја прикажат вистината, целата вистина и само вистината. По Арапската пролет многу новинари апологети ги признаа своите мали нечесни и недостојни новинарски игри. Да видиме еден ден кога ќе се стабилизира демократијата во Македонија дали овој вид новинари независно од нивната политичка ориентација ќе продолжат да им служат понизно на владетелите или достоинствено ќе ја претставуваат сопствената новинарска фела.

Доминацијата се потпира врз стравот. Стравот ги донесува диктаторите на власт. Токму водени од стравот ја вршат сопствената диктатура. А како почнало? Се' почнало со стравот од Господ, потоа од стравот од гревот, потоа од стравот од ѓаволот, потоа од стравот на последниот суд, стравот од пеколот, стравот од инквизицијата, стравот од религиозната институција. Жедта за власта е таква што владетелот никогаш не сака да биде потчинет. Секоја власт настојува да се прошири и зајакне. Таа се повлекува само доколку наиде на соодветен отпор. Доволно е да се анализираат денешните хегемони за да се сфати колку некогаш диктатурата е блиска до реалноста. Нејзиниот главен сојузник е стравот. Доволно е да се каже – „Ти не си лојален на партијата“ за да бидеш исклучен и изложен на партиската машинерија доколку не ја следиш догмата.

(Авторот е универзитетски професор и член на ЛДП)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и и��вртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 4903 пати.


Испрати коментар



Ороспијата стана невина убавица
ММФ некогаш и сега
Вртење во круг
Писма - Монографија како сонце во магла
Треба ли да се пазариме со наследството



jovan, 16.01.2013 01:07:24
Kako sto covestvoto napreduvalo na sekoe pole, nauka, medicina...itn, taka naprednalo i na poleto na diktaturata.Ne e veke diktatura nekoj da te terorizira, zatvara, tepa...Ima i sovremeni *diktatorski*metodi. Denes, mozes da laes kolku sakas i na kogo sakas, i nikoj za toa nema da te zatvori.No, ima drug sistem.Prvo, ke te izoliraat, trgnat vo nekoj kos ili ke te ostavat na ulica(a tamu laj kolku sakas). Poslusnite gi nagraduvaat kapom i sapom(toa dodatno ke te iziritira).Ti preostanuva ili taka ojaden i isprovociran da napravis nekoja glupost za koja potoa ke odgovaras, ili da propadnes skroz(i mentalno i zdrastveno i materjalno),ili ako imas sreka da pobegnes za sekogas od ovde.Pa sega videte dali ova se slucuva kaj nas ili ne, so obzir na toa sto se sto vredi bega, a bogami ima i dosta koj veke se soocuvaat so problemi koj gi vodat vo propaganje. No, ima i doneseni i simnati od kojznae kade, se nagraduvaat kapom i sapom.Toa barem vo Skopje e se poizrazito.
EU, 16.01.2013 01:17:23
Ubavo zvuci, no ne ke da e bas taka. Prvo, ne moze na novinarite da im se kalemi odgovornosta sto ja ima vlasta, pa do nekade i opozicijata, za sostojbite vo drzavite. A kako vtoro, nikade vo svetot ne postojat nezavisni mediumi. Dokolku ne e vlasta ili rezimot sto gi blokira, togas e profitit sto ja usmeruva ureduvackata politika.
cane sokolovski, 16.01.2013 01:32:09
Отпор кон тираните е љубов за Бога - Џеферсон Resistence to tyrants is obedience to God
USA, 16.01.2013 01:47:03
Za vreme na edna od debatite za Pretsedatel na USA, neopredelenite novinari bea vo sosednata sala za press. Posle edna ideoloska replika na Obama, 80% aplaudiraa. Seto ova se slucuva vo najgolemata svetska demokratija. Tolku za NEkontaminiranite novinari. Vo Makedonija uslovite se drugi. Da, postoi strav od edna opcija cii NEZAVISNI novinari i poddrzuvaci, pravea karavani niz Makedonija. Vo koja funkcija bea tie sobiranki? Izvestuvaa za nesto ili sakaa da nametnat agenda sto sekako ne projde kaj narodot. Drzavnite intersei pred SE, Gospodine Ambasadore. Isto kako sto Vie ne pretstavuvavte vo Brisel.............se nadevam.
Marioec od Azija, 16.01.2013 04:45:19
Vidi sega gosp Ruzin.Jas se slozuvam so gore navedenoto,i so sloboden protek na infirmacii za gradjanite.E sega mene ne me insperira opozicijata ili pozicijata i demokratijat ne e ednonasocna ulica i samo da gi barame pravata a obvrskite kon istata da gi ignorirame ko sto pravat poz i opozicija kaj nas.Se pretrgnavte od pisuvanje za narodnite pari od budjetot i zosto se trosele,ama nisto za sekojdnevnite krazbi na Narodo,na benzinskite pumpi,koj namesto plateni 10 l dobivaat 8l,namesto 20l nafta,dobivaat 14l nafta i 4 l voda,i nitu eden novinar ne informira ili prasuva kako seuste gospodata aramii rabotat nepreceno i poseduvaat licenci ili toa kaj nas e kavalirski delikt pa ne se odgovara.A dobra opozicija ovakvi raboti ce gi iskoristi maksimalno,a ne samo trubenje diktatura i sl raboti,rabota se bara za se pa i za da se dobie poverenieto od narodo.Inaku vo Makedonija se se znae i bez novinari posto e malecko selce.
ФЕЛИКС, 16.01.2013 08:44:57
Мал допринос околу ,,медиумското фабрикување и дома и надвор,,Авторот добро знае дека на Запад (кон кој се стремиме)медиумите се поделено по партиски симпатии независно власт опозиција,независни и жолта штампа.Па така на медиумскиот пазар има понуда и останува читателот тоа да го консумира.Таму никој не се потресува од ,,овој медиум е со власта а овој со опозицијата,,Е сега таму представува опасност жолтата штампа. Примерот во Англија кога пишан медиум на медиумскиот могул Мардок во трката по сензационализми се дрзна да прислушкува личности од политиката и од јавниот живот.Па како финале мораше весникот да се затвори. Инаку одамна не врви тезата да оние медиуми кој се за власта треба да се проколнат,а оние кој се за опозицијата се врв на независното новинарство.Сите ние како консуматори треба да реагираме и да бараме медиумска непристрасност.Во која аналитичко-критички ќе се опсервира и власта и опозицијата кога политички грешат.Материјал во изобилие,но и политички симпатии исто така
Коста Стоименовски, 16.01.2013 09:51:10
Веќе пишував дека владејачката партија и нејзиниот лидер толку се извештија во владеењето што можат да го прошират и дадоградат познатото дело „Владетелот“ од Н. Макијавели. Од медиумите се отстрануваат сите оние што се критички расположени спрема власта и лидерот. Посебна улога во градењето на култот на лидерот имаат контактните емисии. Повремено гледам некои од нив и очигледно постои мошне добро разработена шема: некои глеадчи/слушатели се жалат дека залудно вртат телефони со месеци и никако не можат да се вклучат во емисијата, додека други, како оној демагог од ШЧИП, оние од Ростуше, Ресен, Велес, Делчево и многу други, секојдневно без какви било проблеми се вклучуваат и пеат славопојки за мудрата политика на владата и/ли лидерот. Значи за нив постојат посебни бесплатни броеви на кој се јавуваат, а фамозниот Центар за комуникации им доставува текстови кои тие понекогаш имаат проблем дури и да го прочитаат! Совршена шема за перење на мозоци, особено на луѓето со ниска политичка ку
realen, 16.01.2013 09:54:56
Do USA: pokaneti ste tuka da ja sogledate celata situacija i so siot akumuliran razum za demokratijata od USA da komentirate ....potoa, od daleku i svezdite se cinat dofatlivi.
deutschland, 16.01.2013 10:13:31
tekst kako vo bajkite!novinarite treba da pisuvaat neutralno,nezavisno,cesno...politicarite treba da vladeat razumno,da ne kradat,da ne lazat,ucenicite treba da ucat a ne da prepisuvaat,rabotnicite da rabotat....A koj seto toa ke go vrednuva?i pak se vrakame na parite-koj ima pari,golemina i sila toj sekojpat ke vladee i ke kazuva,vrednuva,koj kolku cesno i nezavisno pisuva koj laze a koj ja kazuva vistinata,koj uci a koj prepisuva,.....avtorot na tekstot saka da gi disciplinira novinarite i im kazuva:gresete koga ne pisuvate protiv vlasta,pisuvajte protiv vlasta a za opozicijata!TOA STO GO NAPAGA od edna strana od druga strana go STVARA!dosta ni bese od ednoumie kako pred 10 ili 20 god.sega za eden nastan mozeme da procitame 2 ili poveke viduvanja od novinari i togas nie samite ke si ja najdeme vistinata,a taa e sekogas nekade na sredinata.
Goce USA, 16.01.2013 13:36:36
Mnogu mi e zal sto komentatorite plateni od rezimot ne mu dostigaat ni do kolena na intelektualec kako Nano. Nitu pa znaat da generiraat argumentirana diskusija. Samo verglaat ona sto im e kazano vo kruzokot. Do USA: celo vreme ni raskazuvas nekoi prikazni od USA i od toa kako funkcionira demokratijata i sistemot koi se KOMPLETNO NETOCNI. Izmisluvas situacii i gi pisuvas ovde za da gi potvrdat tvoite muabeti. Bedno.
Podgor, 16.01.2013 18:50:15
Sekade vo svetot postojat provladini i proopoziciski mediumi,da se bide neutralen e teshko.No kako kaj nas sekojdnevno da se fabrikuvaat lagi i kleveti ,da se ocrnuvaat lichnosti i grupi samo zaradi toa shto vlasta taka saka i toa go plakja debelo so bidjetski pari preku plasiranje na reklamni kampanji vo soodvetniot medium, go nema vo nitu edna zemja barem mene kolku mi e poznato. Ako nekoj znae vakov sluchaj neka go posochi pa da go analizirame
gogi, 17.01.2013 00:10:29
ispliva na povrsina siot rpimitivizam i prostotilak kaj makedonceto vo site sferi pa tka i vo novinarstvoto

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Облачно

Петок
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -5°C

Сабота
Претежно облачно
Макс: 6°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
96. Jerry Lee Lewis, „Great balls of fire”
Автори: Otis Blackwell, Jack Hammer; продуцент: Sam Phillips; објавена: ноември 1957 година, „Сан“
Интервју Игор Џамбазов - Решив да си фатам дечко на 50 години!
„Некои ќе го мразат, некои ќе го обожаваат, ама никој нема да биде рамнодушен“, вели за новиот ТВ-проект „Џиш“, што ќе стартува во недела на Прва програма на МТВ

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |